Европа
Ципрас: Нема веќе наредби, ниту штедење од Европа

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, челник на радикалната левица Сириза, кој во предизборната кампања ветуваше нов договор за грчкиот странски долг и прекинување на непопуларните мерки за штедење, остро ги нападна партнерите од Европската унија, ветувајќи дека „еднаш засекогаш ќе ја прекине“ политиката на штедење што ја протежира Унијата за надминување на финансиската криза.
Во говорот, што агенциите го оценуваат како пркосен, пред својата пратеничка група откако со својот министер за финансии Јанис Варуфакис се вратија со празни раце, премиерот Алексис Ципрас, порача дека на Грција веќе никој не може да и’ зборува што треба да прави.
„Грција повеќе нема да прифаќа наредби, особено не оние испратени по имејл. Грција повеќе не е бедниот партнер кому му се даваат лекции како да ја напише задачата. Грција има свое јас“, порача Ципрас.
„Не може да се уценува Грција, бидејќи не може да се уценува демократијата во Европа“, нагласи Ципрас, како што забележуваат грчките медиуми, очигледно одговарајќи на тврдиот став на кој Атина наиде во европските престолнини. А особено по ненадејната одлука на Европската централна банка (ЕСВ) да го прекине прифаќањето на грчките државни обврзници во замена за помошта на тамошните банки, и тоа да го префрли врз централната банка што ја отежни и онака сложената финансиска ситуација на земјата којашто се справува со неможноста редовно да го сервисира својот огромен странски долг.
Ципрас и Варуфакис од крајот на минатиот викенд крстосуваа низ Европската унија настојувајќи да ја придобијат поддршката на партнерите за својот план за замена на обврзниците, отпишување на дел од грчкиот долг и олабавување на политиката на штедење, но досега само наидоа на предупредувања да не се обидуваат да не ги почитуваат обврските од сегашната програма за помош на Грција договорени со ткн „тројка“ меѓународните кредитори, Европската комисија, Европската централна банка (ЕСВ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
„Дури не успеавме да се согласиме ниту околу тоа дека не се согласуваме“, изјави во четвртокот по средбата со германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, која беше многу поконтрадикторна отколку на неговиот домаќин.
Меѓутоа, Ципрас тврди дека, сепак, европската турнеја дала и некои резултат. „Во само една седмица добивме повеќе сојузници, отколку во изминатите пет кризни години“, тврди новиот премиер на Грција/крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин