Регион
Чеку: Имаме „план Б“ за војската на Косово
Безбедносните сили на Косово (БСК) нема да останат „маргинализирани“ доколку не дојде до уставните измени, и за оваа ситуација постои „план Б“, изјавил министерот на безбедносните сили на Косово, Агим Чеку, пренесуваат косовските медиуми.
Безбедносните сили на Косово (БСК) нема да останат „маргинализирани“ доколку не дојде до уставните измени, и за оваа ситуација постои „план Б“, изјавил министерот на безбедносните сили на Косово, Агим Чеку, пренесуваат косовските медиуми.
Чеку е уверен дека за време на петиот состав на косовскиот Парламент, уставните измени ќе бидат усвоени и ова ќе овозможи трансформирање на Безбедносните сили во Војска на Косово.
Доколку српската заедница го доведе ова во прашање, БСК нема да останат маргинализирани, бидејќи како што потенцира Чеку, постои „план Б“, преку кој БСК ќе прерасне во модерна војска, само преку усвојувањето на неопходните закон.
„Доколку стане јасно дека не можат да се надминат препреките, ние работиме и на „план Б“, што значи дека нема да го менуваме Уставот поради недоволен број на гласови, туку само ќе ги промениме законите за да не бидат во спротивност со Уставот“, рекол Чеку, нагласувајќи дека БСК ги исполнила сите обврски за трансформирање во Вооружени сили на Косово/крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ ѝ се јавил на Дијана Хрка за да ја замоли да го прекине штрајкот со глад, таа вели дека не се чувствува добро
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово лично им се јавил на Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ, двајцата активисти кои веќе неколку дена штрајкуваат со глад во Собранието.
„Разговарав по телефон со Дијана Хрка и Угљеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад и ја поканив госпоѓата Хрка во претседателството на состанок. Сите добри луѓе во Србија се загрижени за нивното здравје, се молам и се надевам дека ќе донесат одлука за прекин на штрајкот“, изјави Вучиќ.
View this post on Instagram
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој загина при пад на натстрешница на железничката станица во Нови Сад, штрајкува со глад веќе девет дена.
Во изјава за агенцијата ФоНет, Хрка потврди дека не се чувствува добро и дека не е во состојба да коментира за повикот на претседателот. „Не можам да зборувам за тоа сега. Моментално лежам и не сум баш добро“, изјави таа.
Претходно Хрка изјави дека нема да го прекине штрајкот со глад додека институциите не почнат да си ја работат својата работа.
Регион
(Видео) Татко и син предизвикаа несреќа во БиХ, па се степаа: потоа синот тргна да гази луѓе со својот автомобил
Драма се одвиваше вчера во местото Трнови во близина на Велика Кладуша, каде што сообраќајна несреќа прерасна во физичка пресметка, а потоа и во обид за прегазување луѓе со автомобил.
Според очевидци, во инцидентот биле вклучени татко и син, а вознемирувачките снимки од настанот бргу се проширија на социјалните мрежи.
Otac i sin prave haos u Kladuši pic.twitter.com/XSMBk5wTPd
— Doznajemo (@Doznajemo) November 9, 2025
Сè почна кога „голфот“ премина во спротивната лента и предизвика судир. По несреќата, двајцата мажи во „голфот“ застанаа на блиска раскрсница, каде што ситуацијата ескалира.
Набргу избувна вербална, а потоа и физичка пресметка со други учесници во сообраќајот. Двајцата од „голфот“ се судрија со возачот на сив автомобил, кој не беше вклучен во несреќата, и го удрија. Според снимките објавени на интернет, возачот на „голфот“ исто така беше погоден во тепачката по што неговиот сопатник седна зад воланот, го запали моторот и возеше со полн гас кон групата луѓе со кои штотуку се расправаа.
View this post on Instagram
Потоа го сврте автомобилот и повторно се залета во луѓето.
Во хаосот што настанал е повредено најмалку едно лице. Според првичните информации, повредениот пешак е префрлен во болница.
фото: принтскрин
Регион
Воздухот во Загреб во црвена зона: „Не е добра идеја да се трча или игра фудбал надвор“
Густа магла се насобрала над Загреб, а со неа и опасно загадување на воздухот, кое трае со денови. Официјалните мерења покажуваат дека главниот град е во црвена зона, што значи дека квалитетот на воздухот е лош и може да има штетно влијание врз здравјето, а најпроблематични се ПМ-честичките 2,5, кои лесно продираат во белите дробови, пренесуваат медиумите во регионот.
„Катастрофа. Да знаевме, немаше ни да излеземе со нашето бебе. Сега трчаме дома штом слушнавме дека е црвено. Бебето има два месеца“, вели Иван од Загреб во изјава за РТЛ.
Другите граѓани не се изненадени. „Ништо изненадувачки. Магла, нема ветер, зима. Кога нема ветер, воздухот не може да се прочисти“, коментира Драгослав додавајќи дека лошиот воздух во Загреб може да се почувствува речиси секогаш, исто така и поради Јакушевац.
Мерните станици повторно во црвена боја утрово
Што се однесува до ситуацијата утрово, веб-страницата на Министерството за заштита на животната средина покажува дека мерните станици Загреб 1, Загреб 2 и Загреб 3 повторно се во црвена боја утрово.
„Избегнувајте физички активности на отворено“
Бранко Колариќ, директор на Наставниот институт за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“, предупредува на претпазливост.
„Кога квалитетот на воздухот е лош, советуваме да не се прави интензивна физичка активност на отворено. Кога нема ветер или дожд, смогот е видлив со голо око и не е мудро да се трча или игра фудбал надвор“, вели тој за РТЛ.
Тој објаснува дека станува збор за честички од саѓи и пепел. „Хемиските соединенија што би можеле да бидат поопасни не се покачени, туку се во нормални граници. Ова загадување е типично за зимските месеци и грејната сезона“, рече Колариќ.
Критично и во други градови
Иако Загреб моментно е во фокусот, ситуацијата не е многу подобра во другите делови на Хрватска.
„Граѓаните се со право огорчени. Пред десет години ми кажаа дека моите здравствени проблеми се поврзани со загадувањето на воздухот“, вели Мирослав од Славонски Брод.
Здружението „Екоинтеграл“, кое со години предупредува за проблемот во Славонски Брод, вели дека ова е најкритичниот дел од годината.
Фото: принтскрин

