Црна хроника
Прегазен уште еден пешак во Скопје, таксист загина во Штип

Уште еден пешак бил прегазен на улица во Скопје, а таксист од Штип загинал во судар што се случил во неделата вечерта.
Пешакот бил прегазен во неделата попладне околу 17.40 часот на улицата „Бутелска“ во Скопје. Автомобил „шкода фаворит“ управуван од седумдесет ичетиригодишен возач од Скопје го прегазил две години постариот Милутин К. Повредениот пешак со тешки телесни повреди бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде што им подлегнал на повредите.Сообраќајката во Штип се случила во неделата вечерта, дваесет ипет минути по полноќ. Возилото„БМВ“ којшто го управувал дваесет иедногодишен возач од Турција се судрил со такси возило „фолксфаген венто“ во коешто биле возачот и уште четворица сопатници. Четириесет ишестгодишниот возач Ванчо А. од Штип починал на лице место, додека четворицата сопатници со тешки повреди биле пренесени во штипската болница. Двајца од нив се пуштени на домашно лекување, додека другите двајца се задржани во штипската болница.Во петокот вечерта во Скопје загина дваесетгодишна студентка од Крива Паланка на булеварот „Партизански одреди“, кај Универзална сала. Беше прегазена додека ја минувала улицата на пешачки премин. Дваесет ишестгодишниот возач на „хондата“ кој ја прегази избегал од местото на несреќата, а потоа сам се пријавил во полициска станица во Ѓорче Петров./крај/мф/
Извор: Фото: Архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Втор претрес денеска во демирхисарско, пронајдена дрога и оружје

Полицијата го приведе М.Ш.(33) од Битола, со привремено живеалиште во селото Ракитница, Демирхисарско .
Врз основа на наредба од Основен суд Битола, извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.Ш. во с.Ракитница, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага, воздушна пушка и дијаболи.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Претхоно денес беше приведен и М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско, по претрес во којшто беа најдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар.
Црна хроника
Пушки, пиштол и муниција пронајдени во Демирхисарско: уапсено едно лице

Денеска, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско.
Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.С. во с.Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Едно лице тешко повредено во Аеродром, го нападнале поради недоразбирање во сообраќајот

Едно лице е тешко повредено во Аеродром, го нападнале неколку лица поради недоразбирање во сообраќајот.
Според информациите во МВР, синоќа околу 00.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно недоразбирање во сообраќајот, Р.Ж.(56) од Скопје бил физички нападнат од неколку лица. Тој со тешки телесни повреди е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.