Црна хроника
Истражна постапка за осомничените за убиството на печалбарот во Ротино
Основното јавно донесе наредба за спроведување истражна постапка за две лица осомничени за разбојништвото и убиството на печалбарот во битолското село Ротино.
Разбојништвото и убиството се случи на 2 јули во 3.45 часот, кога едниот од осомничените, триесет и седум годишен битолчанец, маскиран со фантомка и хируршки ракавици, провалил во куќата на печалбарот. Го нападнал седумдесет и осумгодишниот печалбар уддирајќи го со дрвен стап по телото, а во другата рака носел нож. Старецот му кажал каде стојат парите, украл 22.000 денари и избегал.Другиот осомничен, се товари дека со умисла му помогнал на убиецот, со тоа што го примил во неговиот дом и во битолската полиција дал исказ дека во периодот кога се случило разбојништвото бил кај него дома.Двајцата осомничени се во притвор./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена жена во Охрид, разбојник ја турнал и ја ограбил
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишниот Д.М. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба на дрзок начин“, извести СВР Охрид.
„Тој, на 28.03.2024 на улицата „Марко Нестороски“ во Охрид турнал 84-годишна жена од Охрид и ѝ одзел чанта со пари и лични документи. Притоа, таа паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Исто така, пријавениот на улица „Богомолска“ на сличен начин од 65 – годишна жена одзел чанта со пари и лични документи“, соопшти СВР Охрид.
Црна хроника
Физичка пресметка меѓу охриѓанки: по кавга меѓу две деца, се истепаа мајките
Вчера во 14.50 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Ванчо Питошески“ во Охрид, поради меѓусебно недоразбирање помеѓу две малолетни лица, нивните родители 36-годишната П.В. и 35-годишната М.Т., двете од Охрид, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, извести СВР Охрид.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повреден тетовчанец во судир на два автомобили
Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.
Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.