Надворешна политика
Соботка: Македонија е подготвена за интеграција во евроатланските структури
Македонија е подготвена за интеграција во евроатланските структури, порача во средата чешкиот премиер Бохуслав Соботка, кој заедно со претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД), Методија Колоски во Вашингтон присуствуваше на состанокот „Дваесет ипетата годишнина на демократијата во Република Чешка”, организиран од Советот за надворешни работи.
Презентацијата на Соботка опфати теми поврзани со напредокот на Чешка во текот на годините, нејзината улога во НАТО и ЕУ, визија за следните дваесет ипет години, односите меѓу Русија и Украина, како и Сирија и Исламската дражва
Запрашан од страна на Колоски за тоа што може Чешка да направи за да помогне во решавањето на некои од прашањата во балканскиот регион, Соботка одговори дека „состојбата на Балканот сега е многу повеќе стабилна отколку што беше пред 15 години, бидејќи голем број земји од Балканот се интегрирани во ЕУ и некои станаа членки на ЕУ и НАТО”.
Според Соботка, земјите кои досега не се интегрирани во Европската унија се на нивниот пат и се стекнуваат, чекор по чекор, до својот кандидатски статус, а постојат одредени земји кои имаат повеќе комплексна интеграција од другите и „тука можеби може да се спомне и Македонија“.
„Тоа е земја, која според мое мислење, е подготвена, во голем дел, да биде интегрирана во северноатлантските структури и Европската унија. Сепак, постои конфликтот што го има со Грција, бидејќи таа е членка на НАТО и членка на ЕУ. Мислам дека ова е важна задача за Европската комисија да спроведе дијалог меѓу Македонија и Грција и мислам дека Европа може да игра клучна улога во решавањето на овој конфликт и да и’ помогне на Македонија да се интегрира. Исто така, јас го ценам тоа што Македонија успеа да ја стабилизира нејзината врска со албанското малцинство, и мислам дека моделот на Македонија и договорите на Македонците и народите на Македонија и Албанија може да послужи како многу добар пример на неколку етнички групи кои живеат заедно“, потенцирал Соботка.
Во март 2013 година Чешка стана 135. земја и 16-та земја членка на ЕУ која го призна правичното и уставното име на Македонија. Во октомври 2014 година, премиерот Соботка му беше домаќин на македонскиот премиер Никола Груевски за време на тридневна посета на Чешката Република./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.