Европа
Тони Блер смета дека излегувањето на Британија од ЕУ ќе предизвика хаос

Поранешниот британски премиер Тони Блер смета дека планот на актуелниот премиер Дејвид Камерон за одржување референдум за членството на Велика Британија во ЕУ ќе го предизвика „најинтензивниот период на нестабилност“ во Обединетото Кралство од Втората светска војна, пренесуваат британските медиуми.
Блер го обвинува Камерон дека ветувањето за референдум го искористил како начин за да придобие што повеќе гласови, во пресрет на растечкиот притисок од британската Партија на независноста (UKIP), како и од членовите на неговата сопствена партија.
Во својата прва изјава од стартот на предизборната кампања на Британија, Блер го поддржа лидерот на Лабуристичката партија, Ед Милибанд, опишувајќи го како „некој што покажува вистински лидерство за ЕУ“ и „човек со сопствени убедувања, подготвен да ги следи дури и кога шансите се против него“.
„Дали навистина мислиме дека сега е време да го загрозиме нашето членство во Европската унија, најголемиот економски пазар и најразвиената политичка унија во светот? Наемсто да играме важна улога во решавањето на нормалните предизвици, ние одлучуваме да се впуштиме во преговори кои ќе предизикаат слабеење на овие алијанси и што ќе не отфрли надвор од лидерството. Цврсто верувам во тоа дека доколку Британија ја напушти Европа, тогаш тоа ќе ја намали позицијата на Британија во светот, ќе ѝ направи значајна штета на нашата економија, и ќе одиме против квалитетите и амбициите кои не прават да сме голема глобална нација“, порача Блер.
„Најчудното нешто за позицијата на Дејвид Камерон, пак? Тој всушност не верува дека ние треба да ја напуштиме Европа, не онаква каква што е денес. Ова е отстапка кон партијата, маневар за да се добијат дел од гласовите на UKIP, да се добие на антиевропското чувство кое е присутно во медиумите. И целосна заслуга на Ед Милибанд е тоа што тој одби да ја направи таа трампа“, додава поранешниот британски премиер./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Украинска пратеничка предупреди: „Ѓаволот е во деталите“

Украинската пратеничка Јулија Сирко во интервју за „Скај њуз“ предупреди дека ѓаволот е во деталите кога станува збор за можен мировен план меѓу Украина и Русија, објави „Скај њуз“.
„Кога разговарате со Русите и работите со Русите, мора да размислувате три чекори напред“, рече Сирко.
Клучни неодговорени прашања
Таа нагласи дека Украинците очекуваат одговори на клучните прашања, а безбедносните гаранции се на прво место. „Кој ќе ја финансира огромната количина оружје и војници што ни се потребни за да одржиме 2.000 км фронтова линија?“, праша таа.
Сирко објасни дека прашањето за безбедносните гаранции е сложено, а позиционирањето на сојузничките трупи игра клучна улога во тоа. Таа објасни дека ако европските сили се позиционираат на западната граница на Украина, „тоа ќе биде само логистика“ и претставува сосема поинаква ситуација.
„Мора да бидете на фронтовската линија во сивата зона меѓу Русија и Украина, тоа е едно прашање“, истакна таа. „Ако војниците останат на западната граница, таму нема да имате никакви проблеми или закани, па тоа е друго прашање“.
Таа заклучи дека верува оти Русите нема да го прекршат договорот доколку европските армии се подготвени да останат на фронтовската линија. „Ако европските армии ќе може да издржат на бојното поле и ќе бидат подготвени да останат… не мислам дека Русите ќе го прекршат тоа“.
Европа
(Видео) Додека се одржуваа состаноци во Вашингтон, нападите продолжија

Руските сили извршија напади со беспилотни летала и ракети врз централна и јужна Украина, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски беше на средба со американскиот претседател Доналд Трамп и европските лидери во Вашингтон, објави германската новинска агенција дпа.
Според украинските воздухопловни сили и воените набљудувачи, нападите биле насочени кон централниот украински регион Полтава, особено кон индустрискиот град Кременчук.
Десетици беспилотни летала и најмалку две балистички ракети биле испукани кон регионот.
Балистичката ракета наводно погодила цел во јужниот украински регион Одеса.
Деталите за штетата или жртвите остануваат нејасни.
Руските медиуми, повикувајќи се на гувернерот на Волгоград, Андреј Бочаров, објавија дека остатоците од беспилотните летала предизвикале пожари во рафинерија за нафта и оштетиле болница, но нема пријавени повредени.
Летовите на аеродромот во Волгоград се привремено прекинати.
Украина се брани од руска инвазија речиси три и пол години.
фото: принтскрин
Европа
Лидерите на ЕУ денес ќе одржат видеоконференција за разговорите во Вашингтон

Лидерите на Европската унија денес ќе одржат видео-конференција за да ги разгледаат резултатите од разговорите во Вашингтон. Средбата е закажана за 13 часот, потврди претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста.
На видео-конференцијата ќе учествуваат сите членови на Европскиот совет, највисокото политичко тело на ЕУ, и ќе се фокусира на координирање на следните чекори по разговорите во Вашингтон.
I have convened a video conference of the members of the European Council for tomorrow at 13.00 CEST, for a debriefing of today’s meetings in Washington DC about Ukraine.
Together with the US, the EU will continue working towards a lasting peace that safeguards Ukraine’s and…— António Costa (@eucopresident) August 18, 2025
Пред состанокот, Коста ја нагласи важноста на соработката со Соединетите Американски Држави на социјалната мрежа Икс.
„Заедно со Соединетите Американски Држави, ЕУ ќе продолжи да работи кон траен мир што ги штити виталните безбедносни интереси на Украина и Европа“, напиша Коста.
фото: принтскрин