Контакт

Политика

Собранието ќе ги достави нацрт – амандманите на Уставот до пратениците

Објавено пред

Владата на Република Македонија во петокот до Собранието ги доставила седумте нацрт – амандмани на Уставот со кој се предвидува регулирање на бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена, промена на името на Народна банка на Република Македонија, утврдување на изборот на членови на Судскиот совет без право на реизбор, Државниот завод за ревизија да стане независен државен орган, формирање финансиска зона, регулирање на финансиската политика од страна на Владата и можност Уставниот суд да одлучува по уставна жалба за човекови права, како и за одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

dobivaj vesti na viber

Седумте нацрт – амандмани на Уставот, во вторник ќе им бидат доставени на пратениците.

 

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, во вторникот најави седница на Комисијата за уставни прашања за 25 август, а два дена подоцна и седница на која со 62 гласа треба да бидат изгласани.

 

Нацрт – амандманите што ќе бидат изгласани потоа ќе одат на триесетдневна јавна дискусија, по што Владата повторно до Собранието треба да достави предлог-амандмани во кои би биле вградени забелешки од дискусијата.

 

Се очекува целата постапка за носење на уставните амандмани да заврши до крајот на октомври.     

 

Со сега понудените нацрт – амандман се регулира бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена, но и вонбрачната заедница. Во однос на Судскиот совет, се предлага десет од неговите членови да се избираат од редот на судиите, тројца на предлог на Собранието, а двајца на предлог на претседателот на државата. Во нацрт-амандманот се предлага членовите на Судскиот совет да немаат право на реизбор.

 

Со овие нацрт – амандмани се предвидува името на Народната банка на Република Македонија да се промени во Банка на Република Македонија. Со амандманот за Државниот завод за ревизија се предлага тој да биде независен државен орган, а неговиот прв човек да го избира Собранието.

 

Еден од нацрт-амандманите се однесува на формирање на финансиска зона, а се предвидува и можноста Владата да ја регулира финансиската политика и одредува дека дефицитот не може да изнесува над три отсто од БДП и јавниот долг да изнесува до 60 отсто од БДП.

 

Последниот амандман се однесува на надлежноста на Уставниот суд, односно дека Судот ќе може да одлучува по уставната жалба за човекови права, како и за одлуките на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

 

На средбата со новинарите Вељановски истакна дека очекува да бидат организирани најмалку пет дискусии за нацрт-амандманите, за што зборувал и со министерот за правда Аднан Јашари.

Вељановски нагласи дека очекува опозицијата до септември да се врати во Собранието и да учествува во носењето на уставните амандмани, но и на ребалансот на Буџетот и на други закони и одлуки.

Тој додаде и дека доколку опозицијата не се врати во собраниските клупи Седницата за оставките на пратениците од опозицијата би ја закажал по доставувањето на Извештајот за напредокот на земјата./крај/мф/ап

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мојсоска: Усеини уништува антифашистичко наследство додека СДС и ДПМНЕ молчат

Објавено пред

Од локацијата кај познатата Бела куќа на ул. ,,Димитар Влахов” бр. 9 во Охрид, од каде бескруполозно беше тргната плочата од НОБ, Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска истакна:

dobivaj vesti na viber

,,Овој културен објект беше уништен од страна на локалниот шериф, Нефи Усеини. Плочата на АСНОМ каде пишува за осудените антифашисти од страна на бугарскиот окупатор, беше тргната пред месец дена. Од градоначалникот Пецаков нема никаква реакција додека се уништува антифашистичкото наследство од страна на поранешниот функционер на ДУИ”.

Мојсоска се наврати кон 2019 година кога беа силни обвинувањата на ВМРО – ДПМНЕ кон Усеини. Според Мојсоска, наспроти тоа, се испоставува дека коалицијата ДПМНЕ – ДУИ сега е уште посилна, благодарение на заедничките бизнис – интереси.

,,Ќе потсетам дека во 2019 година, токму ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека Усеини го тероризира Охрид. За жал, Охрид го губи својот автентичен изглед, иако за овој објект има Решение за уривање. Институциите молчат, молчи и Министерството за култура кое е раководено од социјал-демократите”, додава Мојсоска за криминалот на поединците и молкот на институциите.

Јована Мојсоска како Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, порачува:

,,Затоа на 8 мај, да заокружиме број 5, за да ставиме ред во безредието и закон во беззаконието!”

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција

Објавено пред

ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција, велат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

– Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи. Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат. ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират. Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот. Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја, – додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Глас ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава

Објавено пред

Гласот ЗА СДСМ на 8 мај е глас за слобода, демократија и европска држава, за чување на темелите на државноста, демократските вредности, внатрешната кохезија, стабилни етнички односи, безбедна и европска иднина на Македонија, велат од СДСМ преку соопштение.

dobivaj vesti na viber

–  СДСМ ја врати слободата, ја врати државата на вистинскиот пат. Директна потврда дека со СДСМ се почитуваат демократските и европските вредности е последниот извештај на „Репортери без граници“, според кој Македонија е на 36-тото место и најдобро позиционирана во регионот, по слободата на медиумите. Во 2016 година бевме на дното, рангирани на 118-то место. Тогаш слободно кажаниот збор се казнуваше, медиумите беа цензурирани, граѓаните беа манипулирани. Враќање на режимот на ДПМНЕ во најава, би значела сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии, што би и нанело огромна штета на иднината на државата. Преголема моќ за десничарска партија како ДПМНЕ која воопшто не е променета, ќе претставува сериозна закана од враќање на заробена држава, поделби, уцени и закани. Затоа е важно граѓаните да излезат на 8 ми мај масовно и да гласаат, заедно со СДСМ да не дозволат враќање назад, – додаваат од партијата.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 121 година од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ13 часа

Две жртви во сообраќајката на патот Радовиш-Штип, уште едно лице повредено

Две лица загинаа на лице место во сообраќајната несреќа што се случи попладнево на магистралниот пат Радовиш-Штип. Во несреќата е...

Македонија14 часа

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

ЦУК информира за невообичаена и како што велат, специфична ситуација за решавање на итен случај на 112, кога куче паднало...

Регион16 часа

„Никогаш нема да ја заборавам бабата која стои, чека и го повторува името на внуката“: Мајорката која меѓу првите влезе во „Рибникар“

„Траума што се уште ја минувам и денес“, „Сигурна сум дека добро ќе се сеќаваме на тој кобен 3-ти мај,...

Македонија19 часа

„Поединци на Европскиот фронт избегаа од Али и се во секојдневна комуникација со Мицкоски“, рече Изет Меџити

Лидерот на Демократското движење и носител на Листата за пратеници во првата единица на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити изјави дека...

Македонија21 час

„Дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд“, кажа Мицкоски и повика на будност

Не се само информации тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите, имаме и потврден случај тоа е во...

Македонија22 часа

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Репортери без граници денеска го објавија својот годишен извештај за слободата на медиумите во светот, според кој Македонија се наоѓа...

Македонија24 часа

„За избор на Владата нема двојно гласање (Бадентер), тоа не е предвидено ниту со Уставот, ниту со било каков договор или закон“, вели Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз ги потсетува партиите, посебно ДУИ, но и сите граѓани, дека соглано член 99 од Уставот на Република Македонија,...

Македонија1 ден

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет1 ден

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа1 ден

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет1 ден

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија2 дена

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија2 дена

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија2 дена

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија2 дена

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија2 дена

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија2 дена

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија2 дена

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет2 дена

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...