Контакт

Политика

Седници на повеќе собраниски Комисии

Објавено пред

Шест собраниски комисии во вторник предвидено е да одржат седници во Собранието на Република Македонија.
 

Шест собраниски комисии во вторник предвидено е да одржат седници во Собранието на Република Македонија.

 

Комисијата за економски прашања ќе го разгледува Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за  едношалтерскиот  систем и водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица – II читање.

 

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправаат по Предлог-закон за дополнување на Законот за високото образование – II читање.

 

Пред комисија за финансирање и буџет предвидено е во вторник на дневен ред да бидат ставени Предлог-закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, двата во второ читање, како и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, во прво читање.

 

Комисија за труд и социјална политика ќе расправа по Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за семејството, во второ читање, а ќе го разгледа и годишен извештај за работењето на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување во 2013 година.

 

Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, во второ читање, ќе се најде на дневен ред пред Комисијата за Земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Пред членовите на комисија за прашања на изборите и именувањата на дневен ред е утврдување предлог-одлука за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Македонија./крај/мф/ап 

Македонија

Трета фаза од авионското прскање против комарци во Скопје

Објавено пред

Градот Скопје информира дека третата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши на 11.07.2020 година (сабота), во раните утрински часови.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Силјановска Давкова: Нам не ни требаат туѓи глетки, туѓи фотографии, зошто нашите го одземаат здивот

Објавено пред

Нам не ни требаат туѓи глетки, туѓи фотографии, зошто нашите го одземаат здивот. Знам зошто Константин Миладинов тагувал за југот, ваквите глетки ги носел во срцето и душата, спремен бил и да умре ама среде ваква убавина, изјави Гордана Силјановска Давкова.

„ Тука човек помислува на победата на 15 јули. За да започне нова македонска ера, и се што ќе правиме ќе биде во хармонија со убавината. На 15ти ќе зачекориме во ера од која нема да се срамиме, ера која ќе ја споменуваат по добро, ера која ќе биде пресвртница кон нови демократски чекори што никој не ќе може да ги запре“ порача Силјановска Давкова.

Прикажи повеќе...

Македонија

Спасовски: За 5-6 години, ќе го завршиме преговарачкиот процес со ЕУ

Објавено пред

Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Најавувам дека во следните 4 години ќе отвориме 80 % од поглавјата за интеграција во ЕУ, а за 5-6 години, ќе го затвориме преговарачкиот процес, порача во Чаир, Оливер Спасовски, носителот на листа во ИЕ 2 од коалицијата „Можеме“.

„Од европските фондови обезбедуваме 2,5 милијарди евра за државата. Тоа се повеќе пари за справување со здравствената ситуација, за новата развојна економија, капитални инвестиции, земјоделство, канализации, патишта, водоводи“, појасни Спасовски.

Рече и дека под водството на СДСМ ќе продолжи концептот за повеќе пари кај граѓаните, за поголем економски стандард на сите.

„Минималната плата ја зголемивме на 14.500, а до крајот на мандатот ќе достине до 20.000 денари, што е дури 120 % повеќе од 9 илјади денари во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Ќе расте и просечната плата – до крајот на мандатот да биде до 34.000 денари. Предвидуваме раст од најмалку 21 отсто на најниските пензии и минимална пензија од најмалку 10.700 денари до крајот на мандатот. ВМРО-ДПМНЕ беше против секое зголемување на платите и пензиите досега“, истакна носителот на СДСМ.

Тој ги повика граѓаните да излезат да гласаат истакнувајќи ги разликите меѓу демократското и просперитетно владеење на СДСМ со режимот кој, како што посочи, го креирал ВМРО-ДПМНЕ.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Регион21 минута

(Видео) Полицијата нападнала две новинарки на протестот во Белград

Две новинарки на порталот „Нова.рс“ вчера биле нападнати од страна на полицијата на протестот во Белград. Порталот објави дека новинарката...

Топ33 минути

Комбе со 50 мигранти се превртело на патот Валандово-Струмица, возачот побегнал

Во вечерните часови на 8 јули на регионалниот пат Валандово-Струмица, пред крстосницата за село Раборци, се превртело комбе „мерцедес спринтер“,...

Македонија1 час

Казна за угостителски објект, на иста маса седеле четири лица кои не биле од исто семејство

Обвинителството предложи казни за угостителски објект во Скопје и за управителот на правното лице поради непочитување на мерките за заштита...

Регион2 часа

Брнабиќ: Ова се најнасилни протести досега

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, рече дека протестите од изминатите два дена во Белград се најнасилните протести досега, но рече...

Македонија3 часа

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ може да влезат во земјата само со негативен тест

Државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и БиХ од денеска може да влезат во земјата само со негативен тест за...

Регион3 часа

Повредени 19 полицајци и 17 демонстранти на протестот во Белград

За време на синоќешните протести и немири пред Собранието на Србија во Белград  повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти....

Македонија3 часа

(Аудио) Објавен разговорот меѓу Заев и лажната Грета Тунберг

Руските пранкери Владимир Кузнетсков и Алексеј Столиров го објавија разговорот со поранешниот премиер Зоран Заев, кој мислел дека разговара со...

Регион13 часа

Вулин: Ова е обид за државен удар, се радуваат сите непријатели на Србија

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вечерва во изјава за ТВ „Пинк“ рече дека она што се случува втора вечер...

Регион14 часа

(Видео) Српската полиција со жестока реакција ги растера демонстрантите од пред Собранието

Група луѓе предводени од Сојузот за Србија се собра попладнево пред српското собраните. Полицијата направи кордони пред влезот во зградата....

Регион15 часа

(Видео) Белград под опсада: Полицијата фрли солзавец, демонстрантите гаѓаат со факли

На протестите во Белград избија и првите инциденти пред Собранието. Се слушнаа неколку детонации, а полицијата фрла солзавец. Демонстрантите извикуваат...

Свет18 часа

Бројот на заболени од коронавирус низ целиот свет надмина 12 милиони

Низ целиот свет oд новиот коронавирус досега се заразиле над 12 милиони луѓе, односно 12.002.132, според најновите податоци објавени на...

Регион20 часа

Вучиќ: Имаме сознанија за вмешаност на странски служби во вчерашниот протест

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги осуди синоќешните протести организирани пред националното собрание, оценувајќи ги како акт на политичко насилство....

Македонија20 часа

За гласање на изборите се пријавиле 137 заболени од коронавирус

Вкупно 137 лица позитивни на коронавирус се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, а Државната изборна комисија добила пријави...

Македонија21 час

163 новозаболени од Ковид-19 во земјата, починаа осум лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на...

Македонија23 часа

Владата итно ќе одлучува за ПЦР-тестот за патници од регионот

Премиерот Оливер Спасовски информира дека Комисијата за заразни болести ѝ препорачала на Владата од утре при влез во нашата земја...

Регион23 часа

Белград по синоќешниот хаос – запалени автомобили, смет, скршени стакла

Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, објави на „Фејсбук“ фотографии од хаосот што остана на улиците на Белград по синоќешните немири....

Регион24 часа

(Видео) Демонстрант во Белград: Тато, ова е за тебе затоа што почина бидејќи немаше респиратор

Новинарка на телевизијата „Н1“ пред српскиот парламент ја сними шокантната исповед на Петар Ѓуриќ, син на познатиот уметник Љубиша Ѓуриќ,...

Регион1 ден

(Видео) Полицијата со палка тепа момчиња што мирно седат на клупа во Белград

Полицијата во Белград, по неколкучасовни масовни протести, почна да ги тепа луѓето, дури и оние што седат мирно. Како што...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намалување на бројот на новозаболени и починати, зголемување на бројот на оздравени

Неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 29 јуни до 5 јули 2020 година бележи намалување на...

Свет1 ден

Мистериозен синдром поврзан со коронавирусот предизвикува оштетување на мозокот кај децата

Коронавирусот може да предизвика големи невролошки проблеми кај некои деца, откриле научниците. Иако на младите им е полесно да се...

Досие