Контакт

Скопје

Започнаа градежните aктивности на атмосферскиот колектор на булеварот Киро Глигоров

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и в.д. директорот на јавното претпријатие “Водовод и канализација”, Бојан Василевски во неделата присуствуваа на почетокот на градежните работи на подвозникот на булеварот “Киро Глигоров”, каде изминатиот период повеќе пати се создаде поплава по големите врнежи на дожд.

dobivaj vesti na viber

 

 

Градот Скопје, во соработка со јавното претпријатие “Водовод и канализација” изработи акционен план за сите градежни зафати коишто треба да се изведат на десетте точки каде се создаваат поплави и најголемиот број од нив ќе бидат завршени во период од 2 до 3 месеци.

Со овие градежни зафати почнуваме со решавање на проблемите коишто ги имаме со поплавите кои ни се случија по поројните дождови годинава. Имено, при поплавите лоцирани се десетина места кои се критични и се создаваат поплави, а ова е едно од тие места. Денеска започнаа градежните работи на булевар “Киро Глигоров”, каде на потег од околу 100 метри се прави нов атмосферски колектор со профил ф-800 милиметри, со што сметаме дека проточноста на атмосферските води ќе се зголеми за двојно. Дополнително со овие градежни зафати се исправува атмосферскиот колектор, кој досега имаше две прекршувања под агол од 90 степени, со што сметаме дека ќе се надминат досегашните проблеми. Исто така, на овој атмосферски колектор пред влезот во реката Вардар, исто така има прекршување под агол од 90 степени кои треба да биде корегиран во наредните 15 дена. Покрај овие зафати, на оваа локација ќе се стават попречни решетки кои ќе бидат поставени на повисокото ниво пред падот на косината, со што атмосферските води ќе бидат прифатени во повисокиот дел и ќе бидат однесени директно во атмосферскиот колектор, пред овие води да дојдат во нискиот дел каде што се црпат со пумпи и се создаваат поплави, кажа Трајановски.

 

Покрај зафатот на булевар “Киро Глигоров”, Трајановски говореше и за планираните зафати на сите десет критични точки во Скопје.

 

На сите десет точки ќе бидат извршени активности за намалување на можноста за појавување на поплави во иднина, како што е поставување на попречни решетки, зголемување на сливниците и нивно продлабочување, а веќе се работи на терен за надминување на проблемот на улица “Финска”. На оваа улица веќе е направен колектор од 150 метри и решен е проблемот којшто се јавува на едниот крак, но крајното решение ќе се добие со зафатите кои ќе се прават на улица “Маџари”, каде покрај реконструкција на оваа улица, ќе се направи и нов  атмосферски колектор на  потег од улицата “Антон Попов” до булеварот “Александар Македонски”. Атмосферскиот колектор ќе биде со профил од 800 до 1000 милиметри и сметаме дека со овој зафат ќе се решат проблемите на улица Финска и целата населба Ченто. Тендерот за изведбата на овој зафат ќе биде распишан од 10 до 15 октомври и  неговата проектирана вредност е околу 60 милиони денари. Како локација којашто е попроблематична и бара поголем зафат е подвозникот кај кружниот тек на улица “Боца Иванова” во Бутел, каде што во тек е изработка на проект и до крајот на декември ќе биде објавен тендер за изведба, чијашто проектантската вредност е околу 30 милиони денари, кажа Трајановски.

 

На подвозникот на булевар Гоце Делчев кај стоковната куќа МОСТ, планирано е поставување на нови попречни сливници на улицата “Лазар Личеновски” и на делот до објектот на новиот театар, кој нема да дозволат атмосферските води да се враќаат во најнискиот дел на подвозникот. Дополнително, предвидена е и изградба на нов атмосферски колектор со поголем капацитет, кој би се движел од најниската точка на подвозникот до атмосферскиот колектор кај споменикот на Филип Втори Македонски.

 

Вкупна инвестиција за градежните зафати на сите овие десет точки е околу 2 милиони евра.

 

Градоначалникот Трајановски упати апел до општините во Скопје, да започнат активности за лоцирање на критични точки на локалните улици и изградба на атмосферски канализации на истите, коишто потоа би се поврзале со главните атмосферски колектори и со ова би се надминале поплави. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Без струја денеска дел од Кисела Вода

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Центар денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;

– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;

– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа34 минути

Итен состанок во Белгија за беспилотните летала: „Тие се видени над воени бази“

Советот за национална безбедност на Белгија денес ќе одржи итен состанок откако мистериозни дронови предизвикаа хаос во воздушниот сообраќај и...

Свет40 минути

САД во ОН ја претстави нацрт-резолуцијата за планот на Трамп за Газа

САД им претставија на своите партнери во Советот за безбедност на ОН нацрт-резолуција со која се обидуваат да го поддржат...

Свет44 минути

Хамас предаде уште едно тело на Црвениот крст во Појасот Газа

Хамас ги предаде останките на уште еден заложник на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Појасот Газа. Според Хамас, останките...

Европа46 минути

Летовите привремено запрени во Хановер по забележување дрон

Летовите на аеродромот во Хановер беа привремено прекинати синоќа откако беше забележан дрон во близина на аеродромот, потврди полицијата. Аеродромот...

Свет52 минути

Путин: Она што Трамп го објави е сериозно, принудени сме да реагираме

Русија ја има најсовремената нуклеарна тријада во светот, изјави во среда портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Тој нагласи дека е...

Македонија16 часа

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ успеа за една и пол година да нѐ стави во групата со Косово, БиХ, Молдавија и со Украина

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција порача дека Извештајот на Европската комисија за напредокот на...

Македонија17 часа

Со 205 милиони евра од Британците изградбата на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почне најдоцна на почетокот на следната година

Градежните активности за изградба на болниците во Штип, Тетово и во Кичево ќе почнат до крајот на оваа или најдоцна...

Топ17 часа

Загинатите во тешката сообраќајна незгода кај Плетвар се од Кавадарци, објавен идентитетот на учесниците во несреќата

МВР објави информации за лицата кои загинаа и повредените во сообраќајната несреќа на патот Градско-Прилеп, во близина на Плетвар. При судир...

Македонија18 часа

До ДИК поднесени приговори за резултатите во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

До претпладнево, во Државната изборна комисија (ДИК) се поднесени вкупно 16 приговори во врска со постапката за сумирање и утврдување...

Регион19 часа

Еден кат подолу од пеколот: фотографот зборуваше за човекот покрај прозорецот во домот во Тузла

Eдинаесет лица загинаа во пожарот што го зафати пензионерскиот дом во Тузла, а дополнително 35 побарале медицинска помош во Универзитетскиот...

Регион22 часа

Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Бугарија: „На 5. кат сме, се тресевме 10-ина секунди“

Земјотрес со магнитуда од 4,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција во 8.16 часот наутро, а беше почувствуван и...

Македонија22 часа

Две жени намамиле човек во мотел во Скопје, каде што го пречекале двајца мажи: го удирале со боксови додека не паднал, па го ограбиле

Истрага против четири лица – двајца мажи и две жени поведе Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело – Разбојништво...

Европа22 часа

Вучиќ сака да продава муниција на Европа, реагира Кремљ: Не сакаме оружјето од братска Србија да биде употребено против нас

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција...

Регион22 часа

(Видео) Бројот на загинати во Тузла се зголемува, 35 повредени, со месеци имало предупредувања за домот

Според најновите официјални информации, вкупно 11 лица загинаа во пожарот што синоќа зафати дел од зградата на Домот за стари...

Свет23 часа

(Видео) Мамдани: Трамп, знам дека ме гледаш, имам четири збора за тебе

Новиот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, одржа победнички говор во Бруклин, во кој на остар начин рече дека „градот што...

Европа23 часа

(Видео) Украинците нападнаа база на една од најнапредните руски единици, убиени офицери

Припадници на Главната разузнавачка управа (ХУР) на Украина извршија прецизен напад во окупираниот град Авдиивка во регионот Донецк, уништувајќи го...

Македонија1 ден

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско затворена

Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско...

Свет1 ден

(Видео) Зохран Мамдани е избран за градоначалник на Њујорк

Демократот Зохран Мамдани, кој се опиша себеси како „најлошиот кошмар на Трамп“, е избран за нов градоначалник на Њујорк. Мамдани...

Регион1 ден

(Видео) Ужасни детали од трагедијата во Тузла: Пожарот го зафати катот со лицата со попреченост, се задушија

Десет лица загинаа во трагичен пожар што избувна во дом за стари лица во Тузла. Пожарот се прошири на седмиот...

Регион1 ден

(Видео) Трагедија во Тузла: 10 луѓе загинаа во дом за стари лица

Најмалку десет лица загинаа во катастрофален пожар што избувна вчера вечер во дом за стари лица во Тузла. Најмалку пет...