Европа
Европа го осуди убиството на Борис Немцов како загуба за руската демократија
Челниците на Европската унија, на Германија и на Франција, во саботата го осудија убиството на рускиот политичар, сега во опозиција, Борис Немцов во петокот навечер во Москва, и истакнаа дека тоа претставува загуба за руската демократија а од руските власти побараа сторителите да бидат изведени пред правдата.
Претставничката на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, изрази „згрозување од свирепото убиство“ на 55-годишниот руски опозициски политичар, поранешен вицепремиер Борис Немцов, повикувајќи ги руските власти на „сеопфатна, брза и транспарентна“ истрага.
„Немцов е убиен непосредно пред протестот кој го организираше за 1-ви март против ефектот од економската криза“ предизвикана од санкциите на Западот против Русија поради наводната нејзина улога во украинската криза, се вели во изјавата на Могерини.
Германската канцеларка Ангела Меркел изрази „констернација од кукавичкото убиство“ на Немцов и го повика рускиот претседател Владимир Путин „да се погрижи случајот да биде расветлен а сторителите казнети“.
Меркел ја „цени храброста на поранешниот прв вицепремиер кој постојано ја критикуваше, и јавно, политиката на владата. Канцеларката изрази сочувство со семејството на убиениот и го повика претседателот Путин да осигури истрага за злосторството и да ги изведе сторителите пред правдата“, изјави портпаролот на германската влада Штефен Зајберт.
Францускиот претседател Франсоа Оланд го осуди „гнасното убиство“ на Немцов „храбриот и неуморен бранител на демократијата и борец против корупцијата“.
Немцов, кој беше најгласниот критичар на руската влада за економските политики и корупција, а во последно време стана особено ценет на Запад поради неговата критика на претседателот Путин поради политиките кон Украина, беше убиен додека се шетал со девојката пред полноќ под локално време на мостот преку реката Москва недалеку од Кремљ. Врз него било стрелано од автомобил, биле испукани осум куршуми од кои четири го погодиле Немцов во грбот.
Официјална Москва го осуди убиството на опозицискиот политичар не ја исклучи можноста дека станува збор за политички мотивиран атентат. Во руската престолнина е воведена состојба на зголемена активноста на полицијата и безбедносните служби, како во период кога има сигнали за можен терористички напад. Кремљ од своја страна најави дека во темелната истрага ќе бидат вклучени и разузнавачките служби.
На местото каде што беше убиен Немцов, во саботата московјани оставаат цвеќиња, а постојано е присутна група од околу двесте луѓе.
Градските власти повикаа да ова злосторство да не се злоупотребува на собирот по повод убиството на Борис Немцов кој ќе се одржи во недела за што властите на Москва им издале одобрение за одржување на организаторите кои најавиле присуство на 50.000 луѓе./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

