Контакт

Регион

Грчките фармери ги блокираат автобусите со бегалци, тие скандираат Македонија

Објавено пред

Стотици имигранти и бегалци во вторникот тргнаа пешки по главниот автопат кој го поврзува југот на Грција со северниот дел и се упатија кон Македонија, откако со денови се блокирани со протестите на грчките земјоделци поради реформите на грчкиот пензиски систем поради што по неколку часови секој ден со своите трактори ги блокираат патиштата низ земјата. 

dobivaj vesti na viber

Поради блокадата на земјоделците, неколку десетици автобуси со бегалци не можат да стигнат до границата со Македонија. Најмалку 80 автобуси полни со имигранти, меѓи кои и голем број деца и жени, се запрени од грчката полиција на десетина километри од македонската граница, пренесуваат грчките медиуми.

Агенцијата Reuters емитуваше снимка на којашто нестрпливите бегалци пешки тргнуваат по автопатот извикувајќи „Македонија, Македонија…“. Хуманитарните здруженија и властите подигнаа шатори по должина на магистралата која води до границата, но тие се веќе пренатрупани, па мажите спијат надвор од нив палејќи огнови да се загреат.

На транспортниот јазол кај Кукуш блокадата ја прават повеќе од 800 трактори. Стотици трактори го блокираа и патот кон грчко-бугарската граница. Земјоделците не ги пропуштаат низ граничниот премин товарните возила, а во меѓувреме дозволија кон Бугарија да минуваат само приватни автомобили и автобуси. Секој ден се блокираат и граничните премини кон Турција.

Грчките земјоделци изјавуваат дека нема да се согласат на никакви отстапки, и оти ќе протестираат сé додека владата не го повлече контроверзниот предлог закон, кој произлегува од договорот со меѓународните доверители.

Протестот против владата што ја предводи коалицијата на радикалната левица Сириза на премиерот Алексис Ципрас последните седмици зачестија, поради предлогот за намалување на новите пензии за 15 отсто, што се однесува на пензионираните по 15-ти јуни 2015 година. Доверителите, исто така, бараат возраста за пензионирање да се подигне од 62 на 67 години.

Поради контроверзните планови за реформа на пензискиот систем, во понеделникот во Грција започна седмицата на штрајковите ширум земјата, во периодот кога меѓународните доверители за земјата која е преоптоварена со долгови започнаа со оцената на напредокот во сферата на спроведување на реформите коишто левата влада во Атина ги договори во замена за третиот пакет странска финансиска помош од 87 милијарди евра.

Штрајкот прво го започнаа адвокатите и нотарите, како и земјоделците коишто веќе блокираа неколку сообраќајни јазли, предизвикувајќи целосен прекин на сообраќајот, вклучително и кон Македонија. Во среда со 24-часовен штрајк ќе се приклучат и новинарите, а во четвртокот на работните места нема да се појават вработените во јавниот сектор, поморците и таксистите, со што Грција ќе биде парализирана со еден од најголемите штрајкови.

Портпаролката на грчката влада, Олга Геровасили, изјави дека владата е подготвена за дијалог со земјоделците, но без ултиматуми. „Целта на нашата влада е дијалог, дијалог и само дијалог. Тоа го немаше кај претходните влади. Истовремено, постојат групи луѓе кои сакаат да го попречат дијалогот со провокации“, истакна портпаролката.

Геровасили уверува дека владата нема да презема репресивни мерки за да ги отстрани блокадите на патиштата.

Исто така, истакна дека протестите нема да предизвикаат предвремени избори. „Целта на владата е да се стабилизира ситуацијата, евентуални избори би ја поткопал (ситуацијата). Во овој поглед нема никаква дискусија за промена на власта“, рече Геровасили и ги исклучи сценаријата за формирање влада со широко учество на парламентарните партии//крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Регион

Маж ја избол до смрт партнерката на улица во Србија

Објавено пред

Страшно злосторство го потресе вчера Лесковац во Србија, каде што 64-годишен маж, Р.Д., е осомничен дека ја избол до смрт својата 53-годишна партнерка. Убиството, како што соопшти Полициската управа во Лесковац, се случило околу 16:30 часот, пишува Н1 Србија.

dobivaj vesti na viber

Според полицијата, жената починала на местото на настанот од повеќекратни убодни рани. Припадници на Министерството за внатрешни работи брзо интервенирале и го уапсиле осомничениот кратко време по злосторството.

Истрагата е во тек
Р. Д. е обвинет за кривично дело убиство. Со наредба на Вишиот јавен обвинител, му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде донесен на распит во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Вучевиќ: Загрижувачка опсесија во регионот со Србија и Вучиќ

Објавено пред

Милош Вучевиќ, претседател на СНС и советник на претседателот на Србија за регионални прашања, денес изјави дека Србија не гледа толку многу на регионот колку што земјите од регионот гледаат на Србија и истакна дека оваа опсесија со Србија и Александар Вучиќ е загрижувачка.

dobivaj vesti na viber

„Ние не гледаме толку многу на регионот колку што регионот гледа на нас. Нашите медиуми не се грижат ни половина од нас, нема наслови против Пленковиќ или Спаиќ. Да не беше тажно, ќе беше смешно. Пред тоа имаше бран вести од Црна Гора дека Вучиќ е виновен за она што Турците го направија таму“, рече Вучевиќ во гостувањето на „ТС медија“.

Тој додаде дека се плаши оти црногорското раководство е малку избрзано со ветувањата кон својот народ и изјави дека Србија ѝ посакува на Црна Гора сè најдобро бидејќи многу луѓе таму се изразуваат како Срби.

Според Вучевиќ, оваа опсесија со Србија и Вучиќ е загрижувачка.

„Вучиќ ги вознемирува затоа што очигледно го убедува Макрон да направи нешто, но не им пречи кога хрватските навивачи извикуваат. И замислете дека е спротивното. Мислевме дека ќе осудат некој што им кажува дека ќе убијат една третина од луѓето“, рече Вучевиќ и додаде дека Милан Кнежевиќ е политичар од Црна Гора кој секогаш го кревал гласот.

Кога станува збор за европската интеграција на регионот, Вучевиќ изјави дека не е фер да се прескокнува кој било ред.

„Кога некои од нашите соседи беа прифатени, немаше инсистирање на одредени критериуми. Треба да ја погледнеме нашата работа, да останеме на европскиот пат“, рече Вучевиќ.

Тој додаде дека, за него, најголемата победа е што Србија се враќа на нормален курс на крајот од оваа исклучително тешка година. Зборувајќи за неодамнешната посета на претседателот на Републиката, Александар Вучиќ, на Ниш, тој рече дека посетата била значајна, фокусирана на економијата, инвестициите, работните места и безбедноста на државата.

„Некој си дал право да му забрани на некого да доаѓа во град. Добро е што се отвораат фабрики, не успеаја да ја клекнат Србија. Стануваше збор за опстанок на државата, а не на некоја партија. Вчера видов дека некој имал добар коментар дека овие патриотски блокатори се особено наивни“, рече Вучевиќ во гостувањето на „ТС медија“.

Тој изјави дека тие ја идеализираат политиката не сфаќајќи дека има и други актери во оваа област.

Вучевиќ потсети дека од 8 октомври, ниту капка нафта не протекла низ „Јанаф“ и истакна дека никој од граѓаните, топланите или енергетскиот сектор не ги почувствувал последиците од овие санкции. „Очигледно е дека државното раководство знаело оти управува со кризна ситуација. Многу се гордеам со тоа“, истакна Вучевиќ.

Зборувајќи за изборите, Вучевиќ изјави дека му се чини оти блокаторите се подготвуваат за нив. „Гледате дека сега има прегрупирање, а за мене сите се исти во оваа сцена на блокада. Што и да кажат еден за друг, верувам, бидејќи се познаваат најдобро. Гледате дека блокаторите од колеџот повикуваат други“, рече Вучевиќ.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Планинар загина во БиХ: спасувачите со часови го извлекуваа неговото тело

Објавено пред

На планината Височица во Босна и Херцеговина, вчера вечерта беше во тек исклучително тешка и напорна операција за извлекување на телото на починат планинар. Во операцијата учествуваа 20 спасувачи од Службата за спасување Прењ, ГСС Јабланица и ГСС Кантон Сараево.

dobivaj vesti na viber

Спасувачката операција траеше од недела попладне, а беше отежната поради непристапниот терен и исклучително тешките физички услови. Постоеше надеж дека хеликоптер на ЕУРОФОР ќе може да го транспортира телото, бидејќи локацијата беше погодна за таков пристап, но поради темнината, тоа на крајот не беше можно, објави Индекс.хр.

„Се надеваме дека хеликоптерот ќе може да пристапи, во спротивно евакуацијата ќе продолжи цела ноќ. Теренот е исклучително тежок“, објавија претходно спасувачите на својот Фејсбук профил.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет3 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет3 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет3 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет3 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа4 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави Ројтерс

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија14 часа

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет14 часа

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет17 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет17 часа

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија20 часа

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...

Македонија21 час

(Видео) Мицевски: Поднесовме Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со пратеници од коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ, ја поднесовме „Резолуцијата за осуда на манипулациите на...

Македонија23 часа

(Видео) Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише резолуцијата на СДСМ, рече Кузеска

„Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот....

Свет24 часа

(Фото) 10-годишно девојче, двајца рабини и маж што го преживеал холокаустот: познати жртвите од Сиднеј

Во терористичкиот напад на плажата Бонди вчера беа убиени најмалку 15 цивили, од кои многумина го славеа првиот ден од...

Свет1 ден

(Видео) Татко и син убија 15 луѓе во Сиднеј: „Се заколнале на верност на ИСИС“

Таткото и синот кои убија 15 лица на еврејски фестивал на плажата Бонди во Сиднеј во неделата можеби имале врски...

Европа1 ден

(Видео) Снимено уривањето на огромен руски воен транспортен авион, се преполови во воздухот

Рускиот канал на Телеграм „Маш“ објави снимка од падот на рускиот воен транспортен авион Ан-22 во регионот Иваново. Снимката го...

Македонија1 ден

Земјотрес почувствуван во Македонија

Утрово во 7.20 часот беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од...

Свет1 ден

(Видео) Нападот врз Бонди е чин на чисто зло, вели австралискиот премиер

Австралискиот премиер Ентони Албанез и началниците на полицијата одржаа прес-конференција во Сиднеј. „Она што го видовме вчера беше чин на...

Свет1 ден

(Видео) Преживеан од холокаустот загина штитејќи ја сопругата на плажата Бонди

Една од жртвите на терористичкиот напад во неделата за време на прославата на Ханука во Австралија беше Алекс Клајтман, преживеан...

Свет1 ден

(Видео) Американски режисер и неговата сопруга пронајдени мртви: полицијата се сомнева дека е убиство

Полицијата на Лос Анџелес истражува нешто што го опишува како очигледно убиство откога две тела беа пронајдени во домот на...