Европа
Могерини не очекува трансатлантски спор поради украинската криза
Високата претставничка на Европската унија за надворешни работи Федерика Могерини изјави во неделата дека не очекува никаква трансатлантска кавга со Вашингтон доколку САД останат истрајни на предлогот на Украина да ѝ испорачуваат смртоносно оружје.
Европските министри кои изминатиот викенд беа собрани во Минхен на традиционалната конференција за безбедност, изразија јасни ставови против вооружувањето со ткн смртоносно оружје на украинската армија, бидејќи сметаат дека тоа само значи долевање на масло на разгорениот оган во источна Украина, како и дека таквата одлука би можела да предизвика реакција од Русија.
Шефицата на европската дипломатија, којашто во Минхен имаше разговор со украинскиот претседател Петро Порошенко, соопшти во неделата кабинетот на украинскиот претседател во врска со средбата во понеделник на Советот на министрите за надворешни работи на ЕУ во врска со ескалацијата на судирот во источна Украина.
„Порошенко и Могерини ја координираа позицијата пред одржување на Советот на ЕУ за надворешни работи, кој ќе се одржи на 9-ти февруари во Брисел. Беше изразена надеж за прекин на огнот во скоро време и напредување во спроведувањето на договорите од Минск како резултат на средбата во ткн Нормандски формат (Украина, Русија, Германија и Франција – з.р), која ќе се одржи во сред на 11-ти февруари во Минск“, се наведува во соопштението објавено на интернет станицата на украинскиот претседател за телефонскиот разговор меѓу двајцата политичари во кој ги разгледувале меѓународните напори за мирно решавање на ситуацијата во Донбас.
Могерини, која покрај со Порошенко, во Минхен разговараше и рускиот колега Сергеј Лавров, изјави дека ја почитува дискусијата што се води во Вашингтон околу вооружувањето на Украина.
„На нива (Американците) останува да разговараат и да одлучат. Обединети сме во поддршката за Украина… обединети сме во економскиот притисок (врз Русија) и исто така сме обединети во потребата да го одржиме политичкиот дијалог“, изјави Могерини за Reuters. Запрашана дали стравува од транатлантска кавга доколку САД одлучат да го вооружат Киев, та изјави кусо со „не“.
Могерини во понеделник ќе претседава со состанокот на европските шефови на дипломатиите, на кој се очекува додавање нови имиња на руски функционери и претставници на рускојазичните бунтовници. Но одлуката за построги санкции ќе зависи од постигнување на траен прекин на огнот во Украина/
„Доколку успееме да постигнеме прекин на огнот, да го направиме одржлив и да почнеме да го спроведуваме договорот од Минск, очигледно е дека тоа ќе води до некои одлуки. Доколку не биде тала, одлуките ќе бидат поинакви“, изјави Могерини./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Русите уништија четири украински поморски дронови во Црното Море
Руските сили денес уништија четири украински поморски дронови, беспилотни површински пловила (УСВ), во близина на пристаништето Туапсе на Црното Море, едно од клучните пристаништа за извоз на нафта.
Детонацијата на еден од дроновите се случила во близина на брегот на Туапсе, во регионот Краснодар, оштетувајќи ги крајбрежните објекти, објави „Интерфакс“ повикувајќи се на регионалниот центар за вонредни ситуации. Нема извештаи за жртви.
Krasnodar Krai, Russia ❗
💥Tuapse is being attacked by sea drones, a probable hit near pier 167 has been recorded. – OSINT DniproOfficialpov: 44.10040125871804, 39.05830293365155https://t.co/K3TrwvhOz2 pic.twitter.com/NjVczfmjME
— LX (@LXSummer1) November 9, 2025
Според извори од индустријата и податоците за следење бродови, пристаништето го прекина извозот на гориво, а локалната рафинерија за нафта престана со преработка на сурова нафта откога украинските дронови ја нападнаа нејзината инфраструктура на 2 ноември.
Руските железници соопштија дека ги продолжиле ограничувањата за испорака на товар до Туапсе до 13 ноември.
фото: принтскрин
Европа
Истакната докторка исчезна во Унгарија пред една недела: пронајдено нејзиното тело
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано.
Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат до трагедијата, пишува унгарскиот портал szeretlekmagyarorszag.hu.
Клиничкиот центар Szent-Györgyi Albert во Сегед почна внатрешна истрага за да утврди како пациентка, која штотуку била оперирана, можела да го напушти објектот незабележано. Д-р Антонија Кет, истакнат раководител на одделот за оториноларингологија, била оперирана на 3 ноември поради проблем со ‘рбетот, но исчезнала од болницата само неколку часа по процедурата. Нејзиното тело било пронајдено една недела подоцна во блиска запуштена грмушка.
Снимките од безбедносните камери ја покажале д-р Кет, веројатно збунета од болката, како облекува тренирка преку болничката мантија и го напушта одделот за неврохирургија во влечки. Кога персоналот го забележал нејзиното исчезнување, почнала масовна потрага, во која учествувале полиција, кучиња трагачи и волонтерски спасувачки единици.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено утрово, едвај 500 метри воздушна линија од клиниката. Полицијата ја исклучила можноста за насилна смрт, а точната причина ќе се утврди во административна постапка.
фото: принтскрин
Европа
Дронови забележани над нуклеарната централа „Доел“ во Белгија
По серија инциденти на белгиските аеродроми, синоќа беа забележани и дронови над нуклеарната централа Доел. Компанијата „Енџи“ потврди кратко пред 22 часот дека три дрона биле забележани над централата, пишува белгискиот РТЛ.
Портпаролката на „Енџи“, Хелен Смитс, изјави дека инцидентот немал никакво влијание врз работењето на електраната.
„Надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата“, додаде таа. Локалната полициска зона Шелдевас засега не сакаше да коментира.
Инцидентот се случил истата вечер кога воздушниот сообраќај на аеродромот во Лиеж беше привремено прекинат поради пријави за дронови. Летовите беа прекинати таму околу 19:30 часот и се нормализираа еден час подоцна, околу 20:25 часот.
Пријавите за дронови над аеродромот во Лиеж беа речиси секојдневна појава во текот на изминатата недела, а слични прекини беа пријавени и на аеродромот во Брисел минатиот вторник и четврток. Во последните денови и недели, редовно се пријавуваа и дронови над разни воени бази во земјата.
фото: принтскрин

