Европа
Унгарија бара насока од Германија за движењето на мигрантите во ЕУ
Унгарија бара од Германија да и разјасни правната ситуација со движењет на илегалните мигранти внатре во Европската унија (ЕУ), соопштила унгарската влада.
Според портпаролот на унгарската влада, Андраш Гиро-Сас, Германија изминатите неколку дена демонстрирала помек став кон илегалните мигранти кои доаѓаат од Сирија, што ги зголемило „надежите“ на мигрантите ,а ситуацијата станала нејасна и нетранспарентна.
Според унгарскиот портпарол, правилата на Шенген зоната предвидуваат мигрантите да ја напуштат Унгарија само со важечки патни исправи и виза за земјата во која што одат.
Постапувајќи во целосна согласност со законите на ЕУ и Унгарија, предзивикано е задржување на мигрантите на железничките станици во Будимпешта.
„За да се заврши оваа нетранспарентна и штетна состојба, бараме од Германија да ја објасни правната ситуација“, рекол Гиро-Сас.
Унгарската агенција МТИ потсетува дека во неделата мигрантите кои биле сместени кај будимпештанската станица „Келети“, одржале протест, извикувајќи „Германија, Германија“, укажувајќи дека тоа е нивната крајна дестинација.
Мигрантите се жалеле дека имаат важечки карти за Германија, но дека унгарската полиција не им дозволува натамошно движење. Тие исто така имале примедби што нивните лични податоци биле запишувани од страна на унгарските власти, и дека еден оброк дневно е недоволен за нив, пишува унгарската агенција.
МТИ ја пренесува и изјавата на државниот секретар Кароли Контрат дека Унгарија сака илегалните мигранти да ја напуштат земјата, но доколку се осудени во Унгарија, тогаш затворите се подготвени да ги дочекаат.
Според Контрат, за владата „да го спречи илегалното влегување преку границата во Унгарија гради привремена ограда која треба да биде довршена до октомври“, а подготвила и 13 амандмани на тој закон.
Според амандманите, властите ќе можат да ги депортираат илегалните мигранти, но дека доколку има зголемен број на уапсен, тогаш полициско-правосудните органи ќе „бидат подготвени“ тоа ефикасно да го решат./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Руска ракета прелета над воздушен простор на членка на НАТО, вели украински министер
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха на социјалните мрежи се огласи за рускиот напад утринава.
Тој ги опиша нападите како божиќен терор и рече дека тоа е одговор на Владимир Путин на оние што зборуваат за илузорен божиќен прекин на огнот мислејќи на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Исто така, се тврди дека руската ракета поминала низ молдавскиот и романскиот воздушен простор.
„Тоа потсетува дека Русија ѝ се заканува не само на Украина“, додаде тој.
Романија, членка на НАТО, вели дека не ја открила ракетата во својот воздушен простор.
Европа
(Фото) Русите лансираа 12 проектили врз милионскиот град Харков
Градоначалникот на Харков, вториот по големина град во Украина со еден милион жители, објави дека Харков утрово се соочил со нов „масовен ракетен напад врз енергетски објекти“.
Игор Терехов вели дека врз градот биле лансирани 12 проектили насочени кон енергетските објекти, како што се котларници и електрани. Поради ова, голем дел од Харков во моментот е без греење.
#Харківщина: російські війська завдали масованих ударів ракетами та дронами, виникли пожежі
Влучання були зафіксовані у кількох районах міста та області. За попередніми даними, постраждали 6 осіб. pic.twitter.com/kxSPx0bCa5
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) December 25, 2024
Тој вели дека во градот досега се повредени најмалку четири лица.
„Сите наши специјализирани комунални услуги ќе работат на поправка и рестартирање на системот за греење. Ќе работиме деноноќно за да го вратиме нормалниот живот во градот што е можно побргу“, вели тој.
Европа
Зеленски: Путин намерно го избра Божиќ за нападот
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи по нападот утринава.
Every massive Russian strike requires time for preparation. It is never a spontaneous decision. It is a deliberate choice – not only of targets but also of timing and date.
Today, Putin deliberately chose Christmas for an attack. What could be more inhumane? Over 70 missiles,… pic.twitter.com/GMD8rTomoX
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 25, 2024
„Секој голем руски напад бара време за подготовка. Тоа никогаш не е спонтана одлука. Тоа е намерен избор – не само на цели туку и на време и датум.
Денеска, Путин намерно го избра Божиќ за напад. Што може да биде понехумано? Над 70 проектили, вклучително и балистички, и повеќе од сто борбени беспилотни летала. Целите се нашата енергетска инфраструктура. Тие сè уште се борат за прекин на струјата во Украина.
Според прелиминарните извештаи, нашите бранители успеале да соборат повеќе од 50 проектили и значителен број беспилотни летала. За жал, имаше и погодоци. Во неколку региони во моментот има прекин на струјата. Инженерите работат на тоа што побргу да ја вратат електричната енергија.
Им благодарам на сите што работат за државата, кои се на борбена должност, кои го штитат нашето небо. Ќе го вратиме максимумот. Руското зло нема да ја скрши Украина и нема да го расипе Божиќ“, рече Зеленски.