Европа
Варуфакис: Грција е погрешно сфатена за санкциите против Русија

Новиот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, ги отфрли во четвртокот тврдењата дека пораките кои доаѓаат од Атина во врска со соопштението на Европската унија во кое се содржат закани за можно воведување нови санкции против Русија пореди нејзината наводна улога во украинската криза.
Во изјавата на својот блог, грчкиот министер Варифакис тврди дека медиумите го искривиле ставот на новата влада предводена од коалицијата на радикалната левица Сириза. Критиката на надворешната политика на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, настанала како последица на изостанувањето на консултациите, а не поради прашањето на самите санкции (против Русија), напиша Варуфакис.
Министрите за надворешни работи на 28-те земји членки на ЕУ во четврток од Европската комисија треба да побараат подготовка на нов круг санкции против Русија, чија цел е да се казни Москва поради нејзиното наводно поддржување на рускојазичните бунтовници во југоисточна Украина, што руската страна одлучно го негира и постојано бара тие обвинувања да бидат аргументирани со докази.
Варуфакис изјави дека министерот за надворешни работи Никос Коциас во вторникот со своите колеги во владата рекол дека слушнал оти членките на ЕУ едногласно одобриле донесување санкции против Русија.
„Проблемот настана бидејќи ниту него и новата грчка влада за тоа ништо не ги прашале. Јасно е, значи, дека не е во проблемот во тоа дали се согласува новата влада или не со новите санкции против Русија… Проблемот е во тоа дали се зема нашиот став здраво за готово, а од притоа ниту да бидеме известени за што станува збор“, напиша Варуфакис на својот блог.
Впечатокот дека владата на новиот грчки премиер Алексис Ципрас не се согласува со остатокот од ЕУ во врска со наведените прашања го засили изјавата на министерот за енергетика Панајотис Лафазанис, кои изјави дека Атина се противи на санкциите за Русија. Покрај тоа, премиерот Ципрас во понеделникот, откако победи на неделните предвремени парламентарни избори, веднаш по полагањето на свечената обврска како прв странски функционер го прими рускиот амбасадор во Грција.
Изјавите на грчките министри ги испровоцира европските челници, поттикнувајќи ги притоа шпекулациите дека новата грчка влада е наклонета кон Русија, а истовремено со нетрпение се очекуваат продолжување на преговорите за мерките со помош. Лафазанис, инаку, во средата изјави дека не е во интерес на Грција да и’ наметнува санкции на Русија./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин