Европа
Зедер: Најдобрата опција за сите е ‘Грекзит“
Една од водечките личности во конзервативната сестринска партија на германската канцеларка Ангела Меркел, Маркус Зедер од Христијанско-социјалната унија (CSU), изјави во вторникот дека најдобрата опција за сите е Грција да излезе од еврозоната.
Изјавата на Маркус Зедер, министер за финансии на богатата германска федерална покраина Баварија, ја истакнува сé подлабоката фрустрација поради Грција во коалицијата CDU/CCU на канцеларката Ангела Меркел. Покажува, исто така, дека канцеларката сега тешко би можела да ја промени политиката кон Атина и да ѝ понуди нови отстапки за да остане во еврозоната.
Зедер за радиото Deutschlandfunk изјави дека „прописен, разумен и промислен план за излез би бил најдобриот пат за двете страни“ и притоа остро го критикуваше грчкиот премиер Алексис Ципрас наведувајќи дека се поигрува со Европа и со грчкиот народ.
Цирпас ненадејно, по напуштањето на грчката делегација на преговорите со доверителите во Брисел, ноќта кон саботата објави дека распишува референдум на кој на 5-ти јули избирачите ќе решаваат дали Грција да го прифати пакетот економски реформи кој го предложија доверителите во замена за новите заеми за земјата да го избегне банкротот. Премиерот оваа одлука ја објави откако неговата влада предводена од радикалната левица Сириза го отфрли предлогот на меѓународните доверители за пет месеци да се продолжи актуелната програма за финансиска помош во кој Атина би добила дополнителна финансиска инјекција од 15,5 милијарди евра, а во меѓувреме ќе изврши структурни реформи, во прв ред во пензискиот и во даночниот систем.
Грција до крајот на денот (вторник, 30-ти јуни), треба да ги исплати четирите јунски рати обединети во една од долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 1,6 милијарди евра. Според сé судејќи, Атина ниту има пари, ниту има намера да го плати долгот, што ќе ја доведе во банкрот.
„Доколку Ципрас остане на должноста (премиер), тогаш ‘Грекзитот’ (излегувањето на Грција од еврозоната –з.м.) изгледа неизбежен“, рече Зедер, Дури и доколку Грците на референдумот гласаат за прифаќање на предлогот на доверителите, Зедер смета дека повеќе не би требало да ѝ се прават отстапка на Атина.
Други европски функционери, пак, претходно го поставија прашањето, како доколку Грците го прифатат планот на доверителите, ќе го спроведува владата на Ципрас којашто е против него и го отфрли.
Иако CSU и досега имаше построг став за Грција, отколку Христијанско-демократската унија (CDU) на Меркел, ставовите на баварските конзервативци кон Атина уште повеќе се заострија по најавата за референдумот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Околу 500 патници заглавени во авиони поради снег во Минхен
Околу 500 патници останале заглавени во авиони на аеродромот во Минхен, откако нивните летови биле откажани поради обилни снежни врнежи. Иако дел од авионите биле подготвени за полетување, патниците не можеле да се вратат во терминалот поради недостиг на автобуси и зафатени паркинг-позиции за авионите.
Повеќе од 100 летови планирани за четврток навечер биле откажани поради снегот, а дел од патниците ја поминале целата ноќ во леталата.
Лоша логистика и ограничен капацитет
Според портпарол на авиокомпанијата Луфтханза, дури и летовите што добиле специјални дозволи за ноќно полетување не можеле да тргнат. Како причина се наведува тоа што сите паркинг-места за авиони во близина на терминалот биле веќе зафатени, а капацитетот на автобусите за превоз на патници бил ограничен.
„Во тој момент сите паркинг-места кај терминалот беа исполнети, а бројот на автобуси е ограничен“, изјавил портпаролот, додавајќи дека организацијата на автобускиот превоз е во надлежност на аеродромот.
Летови кон повеќе европски и светски дестинации
Според информациите на Луфтханза, погодени биле летови кон Сингапур, Копенхаген, Гдањск, Грац и Венеција. Дури во раните утрински часови автобуси пристигнале и ги превезле патниците до терминалот.
Од аеродромот во Минхен кратко соопштиле: „Жалиме за непријатностите што настанаа“.
Студен бран во регионот
Ледениот бран изминатите денови го зафати и Виена, додека хаос беше пријавен и во Марибор, каде што голем број жители останаа без струја, а дел и без вода.
Поради состојбата, во поширокото подрачје на вториот по големина град во Словенија беше прогласена вонредна состојба.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

