Црна хроника
Поранешен декан на Стоматолошки `простил` 55.000 евра стипендии

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за поранешен декан на Стоматолошкиот факултет од Скопје, поради сторени финансиски малверзации.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за поранешен декан на Стоматолошкиот факултет од Скопје, поради сторени финансиски малверзации.
Имено, деканот од 2010 до 2012 година, на некои специјализанти, од само нему познати причини, им го простил надоместокот за специјализацијата кој биле должни да го платат.
На шестмина специјализанти од Стоматолошкиот факултет кои добиле соодветно Уверение за специјалист, им било дозволено за тоа да не го намират соодветниот предвиден паричен надомест.
„Иако пријавениот бил свесен дека сите останати специјализанти си ги подмириле своите обврски кон факултетот или склучиле договор на нотар за уредување на динамиката на плаќање на заостанатиот долг, сепак дозволил шесте привилегирани да специјализираат гратис“, се вели во соопштението од Финансова.
Со ваквото однесување, поранешниот декан причинил директна штета на буџетот на Стоматолошкиот факултет во Скопје во износ од 55.000 евра. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Обид за убиство во Виница: маж избоден четири пати пред угостителски објект

Вечерта на 7 август, пред угостителски објект во Виница, мирното место се претвори во сцена на насилство кога Н.В. (32) од овој град, по вербална расправија, со нож нападна друг маж, Д.С., нанесувајќи му четири убодни рани.
По нападот, напаѓачот веднаш побегнал од местото на настанот.
Сепак, полициските службеници по обезбедувањето на оперативни сознанија синоќа во Кочани го приведоа, Н.В.
Надлежното јавно обвинителство е известено и се работи на целосно документирање на случајот.
Црна хроника
Возило на 26-годишник оштетено од неколку проектили од огнено оружје: полицијата го расчистува случајот

Вчера околу 21:20 часот во СВР Скопје, 26-годишниот Ш.Ј. од село Крушопек, општина Сарај, пријави дека на паркинг простор пред угостителски објект во село Лака, скопско, неговото паркирано патничко возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки било оштетено од неколку проектили од огнено оружје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредена 29-годишна жена од Битолско по пад од трактор

Вчера во 19:20 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Р-2333 Битола-Драгош, на крстосница за село Барешани, додека 30-годишниот Р.М. од село Острец, битолско, управувал трактор „тафе“ со приколка, неговата сопатничка У.М.(29) од истото село, паднала од тракторот, при што се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.