Црна хроника
Верушевски: МВР никогаш не побара да го вратам пиштолот
Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Зоран Верушевски, кој е обвинет за неовластено поседување оружје, во својата одбрана пред судот рече дека Министерството за внатрешни работи никогаш не му го побарало пиштолот марка „Црвена застава“ кој го поседувал од 1982 година по вработувањето во МВР.
„Моделот на оружјето од денешна перспектива нема ниту материјална вредност, ниту има огнена моќ, ниту институцијата во чија сопственст е оружјето покажала интенција за враќање на сопственото оружје. Тоа за мене претставуваше голема придобивка затоа што за мене тој пиштол претставува идентификација, симболика и посветеност на безбедносните структури на Македонија“, рече Верушевски.
Според него, до сега МВР со ниту еден правен акт нема адресирано барање до него за да го врати оружјето. Тој бил единствениот функционер во МВР кој имал задолжено само еден пиштол.
На почетокот, Верушевски рече дека тој не е во зоната на противправноста и дека ниту бил во Гошинце, ниту во Шипковица. Според него, сета оваа ситуација настанала како последица на административно-правни недоследности во спроведувањето на надлежностите на МВР.
Верушевски е во притвор за случајот „Пуч“ во кој се товари за шпионажа и насилство врз државните органи. Во овој случај се товари за неовластено поседување оружје марка „Црвена застава“.
Судењето во овој случај е одложено на барање на одбраната, која во образложението вели дека и е потребно дополнително време за консултација со обвинетиот Верушевски, за неговото изјаснување по однос на вината./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.