Контакт

Европа

Русија воведува сé повеќе мерки против Турција, се размислува и за Турскиот тек

Објавено пред

Русија речиси секојдневно ги заострува мерките со кои на Турција ` возвраќа за уривањето на нејзиниот бомбардер минатиот вторник, а објави дека се размислува и за повеќегодишно замрзнување на гасниот проект Турски тек, од 1-ви јануари стапува на сила и забраната за увоз на низа прехранбени артикли од турски производители, а во тек е враќањето на турските работници од Русија, поништување на лиценците на турските компании и институции кои работат на руска територија.

dobivaj vesti na viber

Во средината на јуни годинава, претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, на разговорот зад затворени врати во азербејџанската престолнина Баку, тогаш ја потврдија стратешката определба на двете земји за зголемување на трговската размена меѓу нив до 100 милијарди американски долари.Во вторникот беше објавен указот на руската влада која се однесува на забрана на 17 категории прехранбени производи, меѓу кои се живина, сол, овошје и зеленчук, како и агрумите како портокали и мандарини, коишто Русија во огромни количества ги увезуваше од Турција, но не се однесува на некои други стоки кои наголемо се увезуваат од оваа земја, како на пример лимоните.Во указот кој стапи на сила од вторникот забранети се сите чартер летови меѓу двете земји, која е продолжена со препораките на милионите руски туристи да не патуваат во Турција, со што драстично се намали продажбата на аранжмани за одмор во таа земја, во којашто Русите се втората најбројна група туристи, веднаш зад Германците, а се очекуваше драстично зголемување на нивниот број во Турција, по терористичкиот акт од 30-ти септември кога во Египет беше соборен рускиот патнички авион во кој загинаа 224 луѓе. За Турција посебно се важни руските туристи чии посети изнесуваат 10 отсто од сите посети во таа земја. За првите девет месеци од оваа година Турција ја посетиле 3,3 милиони руски туристиСпоред анализите на Федерацијата на сопственици на хотели во Турција, оваа земја би можела да изгуби 4,5 милијарди долари оваа година само од посетата на руските туристи, додека вкупната загуба би можел да биде околу 20 милијарди долари.Уредбата документ за реализација на начелниот список мерки од санкциите со кои Москва за одмаздува за уривањето на нејзиниот борен авион, како што тврди над Сирија, кои со указот од саботата ги најави рускиот претседател Владимир Путин, а станува збор за низата мерки коишто уште минатиот четврток од владата ги побара премиерот Дмитриј Медведев како одговор на „актот на агресија“ од страна на Турција.Мерките ги опфаќаат и ограничувањата во врска со вработувањата на турските државјани во руските компании на територијата на Русија, а пропишуваат дека секој договор во областите на градежништвото, секторот во кој Турците се многу присутни во Русија, прво мора да биде потврден од владата. Во меѓувреме од земјата се протеруваат турските работници поради истекувања на лиценците или визите, иако досега во духот на одличната соработка меѓу двете земји беа толерирани.Русија ја разгледува и можноста за повеќегодишно запирање на работата на изградбата на нафтоводот Турски тек, кој беше замена за прекинатиот проект Јужен тек со кој требаше да се заобиколи Украина, според два извора во рускиот енергетски гигант „Газпром“ кои зборувале за агенцијата Reuters, како и на атомската централа Акују. Извозот на руска енергија во Турција беше основата на економските односи меѓу двете земји и досега не беше опфатен со рестриктивните мерки на Москва кој Русија.Во вторникот руското министерство за образование во соопштение објави дека „повеќето од 44 руски универзитети ги прекинаа сите договори за соработка со турските партнери“, а Руско-турскиот научноистражувачки центар објави како привремено е затворен и ги откажува сите закажани активности. /крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Европа

Калас: Руските обвинувања за нападот се намерно одвлекување на вниманието

Објавено пред

Високата дипломатка на Европската Унија, Каја Калас, ги нарече тврдењата на Москва дека Украина нападнала објекти на руската влада „намерно одвлекување на вниманието“ и обид за саботација на мировниот процес. Нејзините коментари, објавени на социјалните медиуми, беа одговор на обвинувањата на Кремљ дека Украина се обидела да изврши напад со беспилотни летала врз една од резиденциите на Владимир Путин, објави Би-Би-Си.

dobivaj vesti na viber

„Никој не треба да ги прифаќа неоснованите тврдења на агресор кој неселективно ја таргетирал украинската инфраструктура и цивилите“, напиша Калас. Порано оваа недела, Москва ја обвини Украина дека го таргетирала приватниот дом на Путин на езерото Валдај во северозападна Русија. Кремљ соопшти дека Русија ќе ја преиспита својата позиција во тековните мировни преговори како резултат на тоа.

Откако министерот за надворешни работи Сергеј Лавров првпат ги изнесе тврдењата, руските државни медиуми и политичари дискутираат за наводниот напад во сè попровокативни тонови. „Нападот е удар во срцето на Русија“, рече Андреј Картаполов, шеф на одборот за одбрана на рускиот парламент. „По она што го направи Украина, нема прошка“.

Иако Кремљ првично тврдеше дека не гледа смисла во споделувањето докази за наводниот напад, руската војска објави материјали што ги нарече докази за обидот за напад.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Путин во новогодишната порака: Уверен сум во победата на Голема Русија

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин изрази уверување во победата врз Украина, во својата новогодишна порака, речиси четири години по почетокот на руската инвазија.

dobivaj vesti na viber

„Им честитам на нашите борци и команданти за почетокот на новата година! Веруваме во нив и во нашата победа“, рече Путин, според снименото видео обраќање објавено од државните медиуми.

Пораката првпат беше емитувана во Камчатка, каде што започна 2026 година во 13 часот по македонско време.

Путин уште еднаш ги прогласи руските војници во Украина за херои. „Ве уверувам дека милиони луѓе низ Русија се со нив на оваа новогодишна ноќ. Тие мислат на нив, сочувствуваат со нив и се надеваат на нив. Ние сме обединети во нашата искрена, несебична и лојална љубов кон Русија“, рече Путин.

Путин не ги спомена преговорите со Соединетите Американски Држави за прекин на војната во Украина, ниту изрази надеж за мир. Тој нагласи дека „Голема Русија“ ќе ги постигне своите цели.

Новогодишната порака на Путин се емитува на полноќ во секој руски регион што опфаќа неколку временски зони. Последни што влегуваат во 2026 година се жителите на Калининград на Балтичкото Море, во 23 часот по македонско време. Москва ќе ја дочека Новата година во 22 часот по македонско време.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Нов руски напад врз Одеса: погодени станбени згради, повредени шест лица

Објавено пред

Во ноќниот напад со руски беспилотни летала врз Одеса беа погодени станбени згради и електрична мрежа, при што беа повредени шест лица, меѓу кои и три деца, соопштија украинските власти во среда. Нападот е последен во низата руски напади врз украинските градови пред Нова Година, објави АП њуз.

dobivaj vesti na viber

Олех Кипер, началник на регионалната воена администрација, потврди дека четири станбени згради се оштетени во бомбардирањето на Одеса. Енергетската компанија ДТЕК пријави значителна штета на два од нејзините објекти, велејќи дека само во декември во регионот биле оштетени 10 трафостаници.

Русија ги засили нападите со долг дострел врз урбаните средини оваа година, а во последните месеци, како што војната се приближува кон својата четврта годишнина, го интензивираше таргетирањето на енергетската инфраструктура. Според Обединетите нации, повеќе од 2.300 украински цивили беа убиени, а повеќе од 11.000 повредени помеѓу јануари и ноември, што е зголемување од 26 проценти во однос на истиот период во 2024 година.

Нападите доаѓаат во време на обновени дипломатски напори за ставање крај на конфликтот, откако американскиот претседател Доналд Трамп го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски во недела, кој треба да се сретне со европските лидери следната недела.

Путин е уверен во победата
И покрај мировните преговори, кои не ги спомена, рускиот претседател Владимир Путин го повтори своето верување во конечниот успех на инвазијата врз Украина во своето традиционално новогодишно обраќање.

Тој особено ги пофали руските војници распоредени во Украина, опишувајќи ги како херои кои „се борат за вашата татковина, вистина и правда“. „Веруваме во вас и во нашата победа“, рече Путин, според руската државна новинска агенција Тасс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Јадете 3 до 4 часа пред спиење, умерено со алкохолот и без петарди – совети за безбеден дочек на Новата година

Новогодишните празници носат промени во секојдневниот ритам, но и зголемени здравствени ризици доколку не се внимава на исхраната, консумацијата на...

Македонија5 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Ви давам збор, 2026 ќе биде многу подобра година

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски им посака успешна нова година и среќни празници на жителите на Скопје. Тој даде...

Европа6 часа

(Видео) Путин во новогодишната порака: Уверен сум во победата на Голема Русија

Рускиот претседател Владимир Путин изрази уверување во победата врз Украина, во својата новогодишна порака, речиси четири години по почетокот на...

Македонија7 часа

(Фото) Министерот Алиу во посета на Клиниката за детски болести: им посака на сите деца поскоро оздравување

Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја посетија...

Македонија8 часа

„Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат Заев и Филипче во публика во Гармиш-Партенкирхен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита...

Забава8 часа

Каролина Гочева: Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде

„Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде“, напиша македонската пејачка Каролина Гочева, на социјалните...

Македонија9 часа

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно...

Македонија11 часа

Осум месеци затвор за поранешниот директор на затворот во Шутка, Филип Андов-Сокол, условни казни за обвинетите полицајци

Од Основниот кривичен суд Скопје соопштија дека поранешниот директор на затворот „Скопје“ и актуелен член на Извршниот одбор на опозицискиот...

Македонија11 часа

Сиљановска-Давкова: Трагедијата во Кочани како сенка ќе нè следи цел живот, да не ги заборавиме нивните најблиски, повредените, а најмногу, правдата

Годинава што си оди ќе ја помниме по драматичните промени на меѓународниот поредок, незамисливите војни со огромни човечки жртви, забрзаната...

Македонија12 часа

(Видео) Мицкоски: 2026 година ќе биде година на преобразба, државата има потреба од одговорност

Годината што ја испраќаме не беше лесна, таа беше година на сериозни предизвици. Година во која државата мораше прво да...

Македонија12 часа

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници

Паркирањето во Општина Центар за време на новогодишните и божиќните празници ќе биде без наплата за сите граѓани, информираат од...

Македонија14 часа

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани со 63 загинати и над 200 повредени е настан што ја одбележа 2025 година

2025 година ќе остане запаметена по тешката трагедија што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која...

Македонија14 часа

СДСМ тврди: Има координирана операција за уривање на партијата од внатре

Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон, велат од опозициската партија. „По...

Македонија14 часа

Најстудено на Шапка, утрово измерени -14 степени

Утрово најстудено е на Попова Шапка каде се измерени -14 степени, -12 во Mаврови Анови, -10 Крива Паланка, Берово, Kрушево,...

Свет15 часа

Нова студија: Давањето мобилни телефони на деца пред 13-годишна возраст може да биде особено опасно

Новите научни студии објавени во 2025 година даваат сè појасна слика за ризиците од раниот пристап до паметни телефони и...

Свет15 часа

САД се сомневаат во руската приказна за нападот врз резиденцијата на Путин: „Се чини несоодветно“

Амбасадорот на САД во НАТО, Метју Витакер, денес изрази сомнеж врз руските тврдења дека Украина ја нападнала резиденцијата на претседателот...

Свет15 часа

Франција купува авиони за рано предупредување од Сааб за 1,14 милијарди евра

Франција потпиша договор со шведската одбранбена компанија Сааб за купување на два авиони за рано предупредување во вредност од околу...

Свет15 часа

Германија ја прекина истрагата против тајкуните на Путин во замена за 10 милиони евра

Германските обвинители објавија дека ќе ја прекинат истрагата против рускиот олигарх Алишер Усманов, близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин,...

Економија1 ден

ЕБОР одобри над 20 милиони евра кредит за модернизација на железничкиот товарен возен парк во Македонија

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра кредит на Северна Македонија за набавка на нови електрични локомотиви и современ систем за планирање...

Македонија1 ден

ДПИ со засилени контроли: издадени се 96 прекршочни платни налози во износ од 2,8 милиони денари

Државниот пазарен инспекторат во текот на месец декември спроведе засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти на територија на цела држава...