Европа
УНИЦЕФ: Лошото време, ограничувањата на границите е нов удар за децата во движење
Непредвидливите ограничувања на границите и лошото време ги усложнуваат тешкотиите и предизвиците за децата бегалци и мигранти и жените кои сега изнесуваат над половина од сите мигранти и бегалци кои доаѓаат по морски пат.
Од почетокот на 2015-та до ноември, над 876,000 луѓе пристигнаа преку Медитеранот на европското крајбрежје, според процените на УНЕЦЕФ. Од летниот период, процентот на жени и деца и натаму се зголемува, се забележува во извештајот и се додава оти до ноември,имало 27 отсто деца и жени, а во ноември таа бројка се зголеми на 52 проценти.
За да се сведат на минимум натамошните ризици и страдање, УНИЦЕФ започнува подготовки за зимскиот период и планови за создавање резерви за да се направат прилагодувања на состојбата која забрзано се менува.
„Досега, зимата во Европа беше релативно блага, но тоа се менува. Сега наша најголема загриженост се лошите временски услови и непредвидливите ограничувања на границите заради што многу деца ќе најдат во состојба на несигурност, изложени на ризик од настинки и респираторни заболувања”, рече Мари-Пјер Поарие, специјален координатор на УНИЦЕФ за бегалската и мигрантската криза.
„Топли алишта, шалови и чорапи за бебиња не се доволни. Децата кои се во движење ја преживеале војната, сиромаштијата и тешкотиите; сега на нив им треба стабилност, заштита и поддршка”, додаде.
УНИЦЕФ веќе започна да дистрибуира топли алишта, обувки за деца, ќебиња, хигиенски пакети и водоотпорна опрема и опрема за загревање на сите места по мерка на децата на УНИЦЕФ во земјите каде има најголем број на деца во транзит: Хрватска, Македонија, Србија и наскоро Словенија и Грција.
Во рамките на активностите за зимскиот период, УНИЦЕФ има направено планови за вонредни состојби за да се одговори на зголемените потреби на децата и жените и на ненадејните промени во рутите на мигрантите, во Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора и Романија, како и Косово.
УНИЦЕФ работи со УНХЦР и Црвениот крст за зајакнување на постоечките мрежи на простории по мерка на децата и центри за мајки и бебиња во Места за поддршка на деца и семејства за да им се помогне и да се заштитат децата и нивните згрижувачи со низа на мерки, како што се правна помош и повторно поврзување на семејствата./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Британска компанија ги тужи „Фајзер“ и „Бионтек“: Ја украдоа нашата технологија за вакцина против Ковид
Британската фармацевтска компанија GlaxoSmithKline (GSK) денеска поднесе тужба пред федералниот суд во Делавер против американскиот Pfizer и германскиот BioNTech, тврдејќи дека тие ги прекршиле нејзините патенти за технологијата на гласник РНК (mRNA) во нивните вакцини против Ковид-19.
Вакцините Comirnaty на Pfizer и BioNTech ги прекршуваат иновациите на GSK заштитени со патент во mRNA вакцините, развиени „повеќе од десет години пред“ пандемијата на ковид-19, се вели во тужбата.
Патентите ја покриваат технологијата за пренос на нестабилна гласничка РНК во човечки клетки, која научниците почнаа да ја развиваат во 2008 година, а GSK стана сопственик кога го купи бизнисот со вакцини на Novartis во 2015 година, се додава.
Британската компанија бара парична отштета од Pfizer и BioNTech, вклучително и такси за патент, без да наведе износ.
Портпаролката на Pfizer во соопштението нагласи дека компанијата е „сигурна во својата позиција во однос на интелектуалната сопственост поврзана со Comirnaty“ и дека има намера „енергично да се брани“ од тврдењата на GSK. Портпаролот на BioNTech одби да ја коментира тужбата.
Портпаролот на GSK рече дека компанијата верува дека нејзините патенти „ја обезбедуваат основната технологија што се користи во mRNA вакцините на Pfizer и BioNTech против ковид-19“. GSK е „подготвен да ги лиценцира овие патенти под комерцијално разумни услови за да обезбеди пристап“ до вакцините.
Европа
(Видео) 19-годишна девојка во Украина се обидела да го продаде синот, барала 23.500 евра
Во украинскиот град Днипро, 19-годишна девојка се обидела да го продаде сопствениот двегодишен син, соопшти локалната полиција, пренесоа украинските медиуми.
Девојката наводно побарала еден милион гривни, што е околу 23.500 евра за своето дете. 19-годишната девојка наводно му го понудила детето на својот познаник и договорила средба со него. Во вторникот полицијата приведе маж додека носел пари на договорена локација.
Девојката наводно рекла дека не сака да се грижи за својот син, па решила да го продаде. Со парите што ги добила планирала да отвори сопствен бизнис.
Детето е земено во полиција и предадено на надлежните органи. Против неговата мајка е подигнато обвинение за трговија со луѓе.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.