Црна хроника
Продолжува судењето за „Дива населба“, адвокатите најавија бојкот ако нема услови во Судот
Судењето за случајот „Дива населба“ продолжува во вторник во 10 часот, а адвокатите на обвинетите најавија дека ќе го бојкотираат рочиштето ако Основниот суд Скопје 1 не обезбеди услови за, како што велат, фер и коректно судење.
Тие бараат во судницата да има присутен најмалку по еден роднина на обвинетите, а во суницата да присуствуваат и новинарите кои судењето го следат во посебна сала во Судот преку видео врска.На минатото рочиште адвокатот на дел од обвинетите, Насер Рауфи и уште двајца негови колеги не се вратија по паузата што ја даде судијката, револтирани бидејќи во судницата нема место за роднините на обвинетите.Судот ги казни тројцата адвокати, Насер Рауфи и Бујар Дардишта и Мефаил Арслани со по 1.200 евра казна заради навреда на Судот и нарушување на редот во судницата. Рауфи и Дардишта ќе треба да ги надоместат и трошоците во постапката, а Арслани не е задолжен да ги плати трошоците, бидејќи имал замена на судењето.Адвокатот на еден од обвинетите, Љупчо Веселиновски најави дека сите адвокати ќе го бојкотираат наредното рочиште доколку судот не ги обезбедите условите коишто ги бараат.Судењето за овој случај во којшто има 29 обвинети, првите две рочишта се одржа во големата сала на Врховниот суд, но потоа беше префрлено во најголемата судница во Основниот суд Скопје 1, со изговор дека салата во Врховниот суд се реновира. Но, во оваа судница, има место само за обвинетите и нивните адвокати. Судијката во овој случај рече дека Судот ја поседува само таа поголема судница и според неа обезбедени се можности за присуство на сите обвинети, а секако според можностите, на судењето присуствуваат и дел од роднините.Судот во соопштение до јавноста вели дека судот ги направил сите напори да ги обезбеди сите неопходни услови за водење на постапката пред сѐ имајќи ги во прв план правата на странките во постапката и нивната безбедност. „Роднините на обвинетите кои немаа можност да влезат на судењето потребно е да се знае дека имаат право во секое време да ги посетат обвинетите во установите каде ја издржуваат мерката притвор, и судот им ги обезбедува сите неопходни дозволи, а што се однесува до присуство на судењето, Законот за кривична постапка не предвидува дека судот мора да им дозволи на роднините да присуствуваат на судењето, а како јавност во постапка се подразбираат сите лица кои транспарентно и непристрасно ќе ги следат и пренесат случувањата во судницата“, соопштија од Судот.
Министерот за правда, Аднан Јашари испратил писмо до Врховниот суд со барање да ја отстапи големата сала, но одговор не добил. Според него, решение за ваквите проблеми ќе биде отврањето на новата зграда на Судот и според него тоа зависело од претседателот на Кривичниот суд./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

