Свет
Германската влада ја намали процената за раст на БДП-то на 1,2 отсто

По низата послаби макроекономски показатели отколку што се очекуваше, германската влада ја намали прогнозата за растот на економијата во 2014 година од 1,8 на 1,2 отсто од бруто домашниот производ (БДП), како причина наведувајќи ги геополитичките кризи и умерениот рас на светската економија.
По низата послаби макроекономски показатели отколку што се очекуваше, германската влада ја намали прогнозата за растот на економијата во 2014 година од 1,8 на 1,2 отсто од бруто домашниот производ (БДП), како причина наведувајќи ги геополитичките кризи и умерениот рас на светската економија.
Берлин истовремено ја намали и процената за растот во следната 2015 година на 1,3 отсто, додека во априлските прогнози очекуваше раст од 2 процента.Намалувањето на процените следеше една седмица откако беше објавено дека германското индустриско производство и нарачките, како и извозот во август на месечно ниво паднале по најголемите стапки од 2009 година.Исто така, и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) минатата седмица ја намали прогнозата за растот на германската економија во годинава од 1,9 на 1,4 отсто.„Германската економија минува низ разбранувани води. Геополитичките кризи во Украина и на Блискиот исток ја зголемија несигурноста во Германија, а економијата е и под притисокот на умерениот раст во светот“, изјави Зигмар Габриел, германскиот министер за економија, додавајќи дека домашните поттикнувања останел неизменети. Сепак, владата ги намали процените за растот во домашната побарувачка во годинава од 1,9 на 1,4 отсто.И покрај тоа, министерот Габриел не очекува рецесија. „Не гледам ниту еден аргумент за тврдењето дека Германија е во рецесија или дека владата би требало да ги отфрли плановите за буџетот“, изјави објаснувајќи ја целта на владата следната година да постигне урамнотежен буџет, без дополнително задолжување.Во вторникот, меѓутоа, реномираниот германски економски институт ZEW објави дека индексот на довербата на инвеститорите во водечката европска економија во октомври се лизнал во негативната област првпат по реиси две години, на минус 3,6 поени.Геополитичките тензии и слабиот економски развој во некои делови на еврозоната се извор на постојана несигурност и раст на песимизмот меѓу инвеститорите, порачаа од ZEW.Финансиските експерти на Институтот очекуваат дека економската ситуација во Германија среднорочно дополнително ќе се влошува, смета Клеменс Фуест, главниот економист на ZEW, во интервјуто за германските медиуми. Бидејќи германската економија во вториот годинешен квартал падна за 0,2 отсто на квартално ниво, натамошниот пад на БДП-то во третиот квартал би значело дека најголемата економија во Европа технички потонала во рецесија.„Не може да се исклучи дека во третото тримесечје ќе дојде до пад на активностите, ни не очекувам подолга рецесија, во прв ред затоа што домашните фундаменти во Германија се силни“, вели Фуест./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пресврт во трговската војна – САД побараа разговори со Кина

Соединетите Американски Држави се обратија до Кина за да побараат разговори за царините од 145 проценти што ги воведе претседателот Доналд Трамп, а вратата на Пекинг е отворена за разговори, соопшти утрово кинеското Министерство за трговија сигнализирајќи потенцијално ублажување на трговската војна.
„САД треба да бидат подготвени да преземат мерки за да ги исправат погрешните практики и да ги откажат едностраните царини“, соопшти Министерството за трговија додавајќи дека Вашингтон мора да покаже искреност во преговорите.
„Обидот да се искористи разговорот како изговор за принуда и изнуда нема да функционира“, соопшти Министерството за трговија.
Пекинг отворено го изрази својот гнев поради царините за кои вели дека не може да го запрат подемот на втората по големина економија во светот. Тој го фокусира својот гнев на поттикнување на јавната и глобалната осуда на американските ограничувања за увоз.
„Кина сака да се сретне и да разговара за трговија, а разговорите ќе следуваат набргу“, изјави синоќа американскиот државен секретар Марко Рубио за „Фокс њуз“.
„Нашиот министер за финансии Скот Бесент е вклучен во овие напори и нивните дискусии ќе следуваат набргу“, рече тој додавајќи дека прашањето е колку САД треба да купуваат од Кина во иднина.
Трамп завчера изјави дека верува оти постои многу голема шанса неговата администрација да постигне договор со Кина.
Тој го изјави ова неколку часа откога кинескиот претседател Шји Џјинпинг ги повика официјалните лица да преземат мерки за приспособување кон промените во меѓународната средина, без конкретно да ги спомене САД.
Економија
Скок на берзите по објавата на Трамп за стопирање на царините

Берзите силно растат по објавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, за стопирање на царините.
Брз поглед на тоа како некои клучни индекси на Волстрит пораснале:
Dow Jones порасна за 5,76 отсто
S&P 500 порасна за 6,46 отсто
Nasdaq порасна за 8,04 отсто
Од вчерашното затворање на пазарот, омпаниите од S&P 500 изгубија пазарна вредност од 5,8 трилиони долари од објавувањето на тарифите на Трамп минатата среда. Тоа е најдлабоката загуба од четири дена од основањето на индексот во 1950-тите, според податоците на „ЛСЕГ“.
Економија
Германија тврди дека трговската војна би била штетна и за САД

Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, предупреди на опасностите од трговската војна со Соединетите Американски Држави, а сега слично предупредување доаѓа и од Германија.
Германија, најголемата европска економија и трета по големина во светот според податоците на Светската банка, предупредува дека реципрочните тарифи ќе бидат штетни за сите инволвирани страни пред објавувањето на новите царини подоцна денеска од страна на Трамп.
„Трошоците за трговска војна не паѓаат само на едната страна, туку може да станат скапи за двете страни“, рече владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.
Тој додаде дека Берлин е „подготвен да преговара на европско ниво со Соединетите Американски Држави“ за да не биде вовлечен во трговска војна.
Германската економија е многу зависна од извозот, особено од возилата и автоделовите. Според податоците на германската влада, минатата година биле извезени приближно 3,4 милиони нови автомобили, од кои околу 13 проценти биле увезени во САД.