Европа
Истрага: Авионот, очигледно, е намерно соборен

Француски истражител за падот на авионот на нискотарифната германска компанија „Germanwings“ изјави во четвртокот во Марсеј, дека судејќи според сé, копилотот намерно го урнал авионот.
Според неименуваниот иследник за причините на трагедијата во вторникот во француските алпи кога загинаа 150 патници и членови на екипажот, најлогичниот заклучок во овој момент е дека копилотот намерно одбил да ја отвори вратата од кокпитот, што значи дека тој бил во кабината за пилотите, а капетанот безуспешно се обидувал да влезе. Заклучокот на истражителите е дека копилотот очигледно намерно го урнал леталото. Според него, не постојат знаци дела копилотот бил терорист.
Францускиот магазин Paris Match на својата интернет страница објави фотографија и дека станува збор за 28-годишниот копилот Андреас Лубитц. Тој потекнувал од германскиот регион Рејнланд-Пфалц. Објавена е и фотографија на млад човек во чија заднина е мостот Голдејн гејт во Сан Франциско
Како што претходно изјави портпаролот на германската воздухопловна компанија „Lufthansa“, копилотот на авионот бил „прв офицер во ‘Germanwings’ од септември 2013 година. Тој ја минал целата обука во центарот за обуки на „Lufthansа“ во градот Бремен во северна Германија.
Капетанот на екипажот му го предал управувањето со „Airbus А320“ на копилотот , потврди во четвртокот обвинителот на Марсеј. Потврди дека капетанот, кој извесно време бил надвор од пилотската кабина, на враќање наишол на заклучена врата. И според обвинителот, копилотот намерно не му ја отворал вратата од кабината на заповедникот на воздухопловот и свесно го започнал понирањето на авионот.
Во неколкуте минути додека леталото постојано ја губело височината, копилотот не одговарал на барањата на капетанот, како и барањето од службите од земјата. „На записите се слуша само неговото дишење, сé до моментот на несреќата“, заклучува обвинителот на Марсеј, Бри Робен за AFP.
Според него, записот од „црната кутија“ ја поткрепува верзијата за вината на копилотот. „Врз основа на податоците со коишто располагаме, сметам, дека станува збор за смислен чин…Ова е верзијата, којашто ни се чини најверојатна во оваа фаза од истрагата“, потврдил обвинителот на Марсеј./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Размислете внимателно за вашите капацитети за воздушна одбрана

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците на Киев да ги преиспитаат своите капацитети за воздушна одбрана откако беспилотните летала, за кои Варшава тврди дека се руски, влегоа во полскиот воздушен простор.
Зборувајќи во Киев заедно со финскиот претседател Александар Стаб, Зеленски рече дека Украина е отворена и подготвена да ги поддржи сојузничките напори. Украина одби многу руски воздушни напади користејќи украинско и странско оружје, од митралези до напредни ракети.
Зеленски рече дека земји како Полска треба да размислат за слични повеќеслојни пристапи бидејќи ракетните системи како што е американскиот систем „Патриот“ се премногу скапи за употреба против поевтини руски беспилотни летала.
„Никој во светот нема доволно ракети за да собори сите различни видови дронови“, рече тој. Полска, со поддршка на сојузниците од НАТО, вчера собори неколку дронови што влегоа во нејзиниот воздушен простор.
Полскиот претседател го опиша инцидентот како руска провокација насочена кон тестирање на одговорите на Полска и НАТО. Зеленски рече дека Украина, која развила софистициран домашен пристап за одбивање на руските напади, е во позиција да им помогне на своите сојузници во тоа.
Тој рече дека полскиот премиер Доналд Туск веќе се согласил да испрати воени претставници во Украина за таа цел. Полските воени претставници ќе бидат обучени да соборуваат дронови, изјави извор запознаен со ова прашање.
фото: принтскрин
Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин