Регион
Десетици илјади на комеморацијата во Сребреница

До 70 илјади луѓе се очекува да земат учество во саботата на церемонијата на сеќавање на жртвите на масовното злосторство над босанските муслимани во градот Сребреница сторено од страна на војската на босанските Срби во јули 1995 година, кога биле убиени повеќе од осум илјади Бошњаци.
Церемонијата се одржува секој 11-ти јули и започнува во 10.30 часот во меморијалниот центар Поточари. Годинава, покрај македонскиот претседател Ѓорге Иванов, на комеморацијата присуствуваат поранешниот американски претседател Бил Клинтон, заменикот генерален секретар на ОН Жан-Мари Гено, претседателите на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, и на Словенија, Борут Пахор, на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Хашкиот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, Теодор Мерон, и српскиот премиер Александар Вучиќ. Во последен момент своето присуство го откажа шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, поради продолжувањето на нуклеарните преговори со Иран во Виена.
Рано утрото во саботата повеќе од 140 автобуси и стотици приватни автомобили пристигнаа во Сребреница, а организаторите најавија дека очекуваат присуство на 50 до 70 илјади луѓе. На обезбедувањето се ангажирани повеќе од две илјади полицајци.
По комеморацијата во Меморијалниот комплекс во Поточари која започна во 10.30 часот, годинава се погребани 136 жртва чии тела изминатите години се пронајдени во некои од масовните гробници и се идентификувани. Досега се погребани 6.241 жртва.
Меѓународните експерти проценуваат дека во Сребреница во јули 1995 годна во операциите на војската на босанските Срби, предводени од генералот Ратко Младиќ, биле убиени околу осум илјади муслимани, Опсадата на градот и потоа стрелањето на машката популација беа една од најкрвавите епизоди на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Хашкиот трибунал за воени злосторства сторени во поранешна СФРЈ и Меѓународниот суд на ОН го квалификуваа ова злосторство како геноцид.
Трибуналот и босанските судови во повоените години подигнаа голем број обвиненија во врска со злосторствата во Сребреница. Судот смета дека главната одговорност за масакрот врз муслиманите лежи на тогашните челници на босанските Срби, Радован Караџиќ и Ратко Младиќ чии просеци се уште траат во Хаг./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.