Европа
Москва ги смета ’нереални’ условите на Киев за примирјето, најавено повлекување на оружјето

Москва ги смета за нереални условите коишто ги наметнува Украина за целосно почитување на примирјето, додека од Киев во четвртокот сепак објавија дека ќе започнат со повлекувањето на тешкото вооружување од боиштето, што неколку дена беше одложувано со оправдување за наводни премини на руско оружје и војници преку границата.
„Се поставуваат смешни, во најголемиот број од случаите, барања коишто целосно го одразуваат ставот на киевските власти, а тие изјавија дека ќе го започнат повлекувањето на тешкото оружје само доколку ден или два минат бе ниеден истрел. Но сите сме свесни дека идеално примирје, идеален прекин на огнот не се случува“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Според него на неодамнешниот состанок на ткн „нормандска четворка“ (Украина, Русија, Франција и Германија) во Париз, на нивно на министри за надворешни работи, „германскиот колега целосно се согласи дека доколку не започне повлекувањето на тешкото оружје, ризикот од инциденти ќе биде несразмерно повисок“, отколку во услови на повлекување на оружјето.
Малку подоцна во четвртокот во Киев беше објавено дека се подготвува повлекување на тешкото вооружување од боиштето во источниот дел од Украина во рамките на мировниот договор потпишан на 12-ти февруари во Минск. „Украина започнува со повлекувањето на топовите со калибар од 100 мм од линијата на разграничувањето. Ова е прв чекор кон повлекувањето на тешкото вооружување“, соопшти Генералштабот на украинската армија.
Првите точки од Минскиот договор подразбираат преки на огнот кој стапи на сила од полноќ 15-ти февруари, па потоа размена на сите заробеници од двете страни започнување на повлекувањето на тешкото вооружување.
Претходно во вторникот украинската армија објави дека нема да започне со повлекување на оружјето со голем калибар додека не престанат веќе ретките пукања, изјавувајќи дека наводно руски колони со тенкови, ракетни системи, борни возила и автобуси со војници ја минале руско-украинската граница.
Рускојазичните бунтовници соопштија дека од неделата започнале со повлекувањето на тешкото вооружување од боиштето и оти до четвртокот повлекле речиси 80 отсто од овој вид вооружување , коешто според договорот од Минск треба да биде повлечено, во зависност од калибарот, меѓу 50 и 140 километри со што ќе се создаде тампон зона меѓу двете завојувани страни./крај/фм/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин