Контакт

Региони

Доделени четвртоноемврските награди на Битола

Објавено пред

– (Зоран Пејковски (д.) еден од добитниците на 4-то ноемвриската награда на Битола)

dobivaj vesti na viber

И годинава традиционално по повод ослободувањето на Битола, на свечена манифестација во Народниот театар, беа доделени четвртоноемвриски награди. Општинската награда „4 Ноември“, за животно дело ја доби проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, а принанието им е доделено и на драмскиот писател Зоран Пејковски, на ДОО Битолски весник, ПЗУ Доктор Вангел, фабриката Цермат и актерот Огнен Дранговски..
 

И годинава традиционално по повод ослободувањето на Битола, на свечена манифестација во Народниот театар, беа доделени четвртоноемвриски награди. Општинската награда „4 Ноември“, за животно дело ја доби проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, а принанието им е доделено и на драмскиот писател Зоран Пејковски, на ДОО Битолски весник, ПЗУ Доктор Вангел, фабриката Цермат и актерот Огнен Дранговски..

 

Од првата лична творба на д-р Вера Стојчевска Антиќ, појавена и отпечатена во Битола, во 1950 година. До денес нејзиниот опус брои над 800 објавени трудови. Во својот работен век остварила и реализирала бројни дела и дејности во врска со професионалната дејност како историчар на книжевноста, теоретичар и пошироко – компаративни истражувања, балканските книжевности и народни творештва. Нејзината научна дејност е позната во бројни македонски и странски славистички центри која главно се одвивала околу средновековната македонска книжевност, теорија, фолклор со компаративни согледби. За нејзината дејност говорат бројните признанија и награди: „13. Ноември“, „Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „11 Октомври“ и тн.

Оваа година Битолски Весник го прослави својот златен јубилеј 50 години од излегувањето на првиот број отпечатен на 29 април 1964 година.

Зоран Пејковски е награден заради неговиот придонес за збогатување на книжевниот фонд на македонската литература. Тој е поет, драмски писател и публицист забележан во македонската литература со 14 книжевни дела. Во 2014  ги објавува книжевните дела збирката песни „Сега знам“ и драмскиот ракопис „Сите наши кодоши“ со кој го потврди својот висок квалитет на писател, беше посочено на свеченото прогласување на наградите.

Во периодот од 01.08.2013 до 31.07.2014 во ПЗУ Д-р Вангел се запишани 288 новороденчиња, што изнесува 30 отсто од вкупниот број новородени во Општина Битола.

Фабриката „Цермат“ веќе десетина години наназад е единствениот домашен индустриски капацитет за производство на сладоледи.

Огнен Дранговски , актер во Битолскиот народен театар, е награден како еден од најдобрите и најуспешните актери, не само на битолската сцена, туку воопшто и во Република Македонија. Во својата артистичка кариера има одиграно ликови во над 50 театарски остварувања како „Црвено“, „Калеш Анѓа дефинитивно“, „Хенри Шести“и.т.н. Добитник е на наградата Златната маска.

Четвртоноемвриските награди ги додели градоначалникот на општина Битола, Владимир Талески, кој на наградените им посака уште многу натамошни успеси на наградените.

Инаку, наградите беа доделени според одлуката донесена на управниот одбор на Фондот за наградата „4 Ноември“ во состав од: претседателот на Управниот одбор Силвана Ангелевска и членовите Игор Хаџиевски, Соња Карапашовска, Габриела Илиевска, Соња Трпезановска, Снежана Стоилова, Горан Михајловски, Методија Илиевски и Александар Касапов./крај/мф/аш

Извор: opstina, bitola, nagradi,



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Региони

Поради магла и загаден воздух, откажани летовите на аеродромот во Сараево

Објавено пред

Поради лошите временски услови предизвикани од магла синоќа и утринава откажани се некои летови на меѓународниот аеродром во Сараево.

dobivaj vesti na viber

Од меѓународниот аеродром во Сараево откажани се летовите кои пристигнуваат од Виена, Истанбул и Загреб, а со тоа и појдовните летови од Сараево.

„Останатите летови засега се на распоред и очекуваме наскоро да се подобрат временските услови на меѓународниот аеродром во Сараево“, велат од аеродромот за сараевската телевизија N1.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Торказ се сретна со Џафери и повика на почитување на меѓународните договори од сите страни

Објавено пред

На маргините на лидерскиот состанок за планот за раст, кој се одржува во Котор, Црна Гора, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, имаше билатерална средба со специјалниот пратеник за Западен Балкан на Франција, Рене Троказ.

„На средбата се разговараше за важноста од продолжување на европскиот пат на Република Северна Македонија во пресрет на формирањето на новата влада. Троказ ја истакна натамошната француска поддршка на европската интеграција на Северна Македонија во ЕУ и повика на почитување на меѓународно преземените договори од сите политички фактори. Премиерот Џафери изрази надеж дека земјата ќе ги заокружи неопходните чекори за продолжување на европската агенда. Во таа насока ја сподели загриженоста од непочитувањето на уставното име од страна на новоизбраната претседателка на државата и повика на почитување на меморандумот потпишан пред изборите од страна на политичките партии во поглед на предусловите за нашето интегрирање во Европската Унија“, соопштија од кабинетот на Џафери.

dobivaj vesti na viber

Џафери и во Котор нагласи дека за него не е приоритет кој ќе ја сочинува новата влада, туку исполнувањето на европската агенда како пат кон иднината, на кој ќе продолжи да работи во кое било својство и функција.

Прикажи повеќе...

Македонија

Опасен отпад детектиран во близина на скопското село Орман

Објавено пред

При редовна обиколка од страна на Државниот инспекторат за животна средина на територијата на Општина Ѓорче Петров, на 10 октомври лоцирано е одлагање на згура од преработка на акумулаторски батерии на во близина на селото Орман. Станува збор за опасен отпад во количина од околу 500 до 600 тони.

dobivaj vesti na viber

„Според затекнатата состојба на теренот, а според Листата на видови на отпад (Сл.Весник на РМ бр.100/2005) се работи за отпад со шифра 10 04 – Отпад од пирометалургија на олово,10 04 01*- троски од примарно и секундарно производство, која според класификацијата спаѓа во класата на опасен отпад“, информираат од Државниот инспекторат.

Сопствениците на катастарската парцела на која се наоѓа отпадот со решение од Државниот инспекторат се задолжени да извршат неговата дислокација во рок од 30 дена од издавање на решението.

Граѓаните на социјалните мрежи бараат одговорност и одговор од каде доаѓа отпадот и кој е виновникот за неговото одложување токму на оваа локација која е во непосредна близина на реката Лепенец и населените места Волково и Орман.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк

Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк,...

Европа2 часа

(Фото) Три деца загинаа во руски напад врз Харков, луѓе останаа без струја во Запорожје

Во напад со руски беспилотни летала врз Боходухив во Харковската област загинаа три мали деца и еден маж, додека нападите...

Свет3 часа

Трамп ѝ дава на Европа контрола врз три клучни бази на НАТО

Доналд Трамп им ја предаде контролата врз три клучни командни центри на НАТО на европските нации во историско реконструкција во...

Свет5 часа

Ученик за пукањето во училиштето во Канада: Ја забарикадиравме вратата со клупи

Дариан Квист, матурант во средното училиште Тамблер Риџ, ги опиша моментите од пукањето во неговото училиште за CBC. Тој рече...

Свет5 часа

(Видео) „Брзата реакција на полицијата спречи поголема трагедија во училиштето“

Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Иби, се обрати до јавноста во врска со нападот. „Ова е ужасна и незамислива трагедија“,...

Свет5 часа

Канадскиот премиер: Шокиран сум од овој ужасен напад

Канадскиот премиер Марк Карни го нарече пукањето во Тамблер Риџ, Британска Колумбија, „ужасно“, велејќи дека е шокиран од нападот и...

Свет5 часа

(Видео) Масакр во Канада:10 лица убиени, најмалку 25 повредени во училишта и домови

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукање во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија,...

Македонија13 часа

Силен земјотрес почувствуван во Македонија

Силен земјотрес беше почувствуван вечерва во 22:05 часот во Македонија. Според информациите на ЕМСЦ, потресот бил регистриран во Косово, на...

Македонија18 часа

Владата најави вонредни контроли на фирмите за медицински канабис

Владата на 149-тата седница одлучи да ги задолжи надлежните институции да спроведат вонредни контроли на сите фирми што имаат одобрение за...

Македонија19 часа

(Видео) Мицкоски и Тошковски ги покажаа 40 тони запленета марихуана: „Никој не е над законот“

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, и премиерот, Христијан Мицкоски, дадоа изјава пред просториите во МВР во кои се сместени...

Македонија21 час

Превентивно повлечени одредени серии „Аптамил“ формули за доенчиња, соопшти АХВ

Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: СДСМ повторно го поднесе законот за 600 евра минимална плата

Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за...

Македонија22 часа

Мицкоски: Не би се изненадил ако дојдеме и до 100 тони запленета марихуана

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки...

Македонија22 часа

Најнов извештај: Во Македонија нема суштински напредок во борбата против корупцијата

Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок...

Македонија23 часа

Левица: Усвоен предлог – законот со кој се укинува дискреционото право на директорите за вработувања во болниците

На денешната седница, Собранието на Република Македонија, во прва фаза, го усвои Предлог-законот поднесен од Левица со кој се укинува...

Македонија24 часа

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

Добро утро на сите, освен на пратениците, поздрави претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, пред почетокот на...

Свет1 ден

Лавров: Долг е патот до мир во Украина

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема причина да се биде ентузијастичен за притисокот на американскиот претседател...

Македонија1 ден

„Инјекција“ од 112 милиони евра од Владата за општините во годината на локалните избори, соопшти Центарот за граѓански комуникации

Денеска, Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од следењето на доделувањето пари од Владата за инфраструктурни проекти во општините...

Македонија1 ден

Засилени контроли во Центар, 50 евра глоба за непрописно паркирање, порача Герасимовски

Комуналните инспектори и редари на општина Центар спроведуваат засилени контроли на возила кои се непрописно паркирани на јавни и зелени...

Македонија1 ден

ЈО да ја испита улогата на Заев и Филипче во случајот со запленетата марихуана, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената...