Контакт

Daily news

Американски ракетен напад врз Сирија – пораки, реакции и последици

Објавено пред

Се случи. По директна наредба на претседателот Доналд Трамп американски воени бродови во Средоземното море стапија во акција и со крстосувачки ракети Томахавк ги нападнаа позициите на Сириската армија.

dobivaj vesti na viber

Ударот започнал во 03.40 минути, а 59 ракети истрелани од воените бродови „Рос“ и „Портер“ ја погодиле сириската воена база „Шајрат“, уништувајќи складишта за муниција, системи за одбрана, авиони, радари и хангари.

Сирија официјално ја призна смртта на пет лица, а непознат број други се повредени. Оваа база е избрана како цел на нападот затоа што, според Пентагон, директно е поврзана со програмата за хемиско оружје кое беше употребено во нападот врз Хан Шеикун во провинцијата Идлиб во кој загинаа стотина луѓе, меѓу кои и голем број жени и деца.

Треба да се напомене дека ова е унилатерална акција на САД бидејќи претходно во Советот за безбедност на ОН не беше постигнат каков било договор кој би вклучувал воени реперкусии на хемискиот напад во Идлиб.

Она што се знае со сигурност е дека пред почетокот на истрелувањето на Томахавките, САД ги известиле Велика Британија, Франција, Израел и Русија дека тоа извесно ќе се случи. Првите три се стратешки сојузници на Вашингтон и тие веднаш побрзаа да ја поздрават оваа акција, а истото го направија и Германија, Турција, Саудиска Арабија и низа други земји.

Русија се разбира била известена од сосема поинакви причини. На сириско тло се наоѓаат руски воени авиони, системи за против ракетна и против авионска одбрана, специјални сили и инструктори, како и одреден број цивилни лица.

Дури и во нападнатата база имало дел во кој била сместена руска опрема и војници, а Американците, разбирливо, како што впрочем и јавно соопштија, не сакале и направиле сè што е можно за да не дојде до евентуални руски жртви.

Интересен момент, пренесен од сириски извори на теренот е дека Русите не само што навремено се повлекле од базата „Шајрат“ туку наводно за нападот ги предупредиле и своите сириски сојузници, па и тие организирано и навремено ја напуштиле базата што го покажува и релативно малиот број на жртви на ударот, иако инфраструктурата внатре во „Шајрат“ практично е целосно уништена.

Сепак официјално Русија негира дека добила предупредување за нападот, кој според Москва е јасно кршење на меѓународното право. Кремљ побара итна седница на Советот за безбедност на ОН каде ќе се расправа за новонастанатата ситуација.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нападот претставува агресија врз суверена држава, а Русија соопшти дека го суспендира договорот за безбедност на летовите над Сирија што претходно беше потпишан со САД.

Истовремено Иран, вториот најважен сојузник на сирискиот претседател Асад, остро го осуди инцидентот со образложение дека ваквите акции само им помагаат на терористите и дополнително ја комплицираат ситуацијата во Сирија.

Државната телевизија во Дамаск објави дека нападот е чин на агресија но повеќе од јасно е дека владата на Башар ал Асад нема ниту можности ниту сила на било каков начин да возврати на американскиот напад. Интересно е да се напомене дека во моментот кога томахавк ракетите ја уништувале базата „Шајрат“, претседателот Трамп бил на вечера со кинескиот претседател Кси Џинпинг што никако не може да биде случајност. Наредбата ја издал без да побара одобрение од Конгресот што, пак, наиде на извесни критики од демократите. Кинеската реакција е млака, Пекинг смета дека е потребно воздржување од унилатерални акции без одобрение од Светската организација но исто така остро се противи на користењето на хемиско оружје од која било страна во кој и да е конфликт на планетата.

Тоа се информациите на површината. Каква е позадината малкумина на дуњата знаат иако многумина се обидуваат да одгатнат. Сосем извесно е дека првата воена акција на Трамп откако влезе во Белата куќа ги менува правилата на игра и јасно покажува дека САД немаат намера да се воздржуваат од она што го сметаат за неопходност на моментот, иако тоа нема да им се допадне на другите важни играчи на светската сцена.

Анализите говорат дека акцијата е испланирана однапред и со неа Трамп ги демантира надежите во некои кругови дека со неговиот мандат започнала ера на американско самонаметнато ембарго на воени интервенции надвор сè додека трае обидот за консолидирање на состојбите внатре на територијата на Соединетите држави.

Правилно и логично е постапено со одлуката да се минимизираат до крајни граници можностите за руски жртви на теренот, а преку неименувани официјални лица е испратена и порака дека акцијата од утрината нема да биде продолжена, односно дека претставува само американски чин на одмазда „за варварскиот хемиски напад во Идлиб“. И толку. Тешко е да се поверува и дека Русија исто така ќе се обиде да ги заостри до неподносливост односите со „западните партнери“ како што упорно ги нарекува администрацијата во Кремљ, а впрочем и самиот факт дека за време на нападот воопшто не се активирале руските системи за одбрана говори многу.

Да сакале или да сметале дека е неопходно Русите би реагирале сосем поинаку. (по малку делува збунувачки една информација која вели дека речиси половината од 59-те ракети воопшто не ја погодиле базата, но за ова нема верификувана потврда). Сега е најважно сите заинтересирани да останат со студени глави, внимателно да се анализира секој нареден потег и да работат со полна пареа линиите за комуникација, додека на оние што свират на воени труби треба да им се покаже дека треба да намалат малку со дувањето на образите.

Или уште подобро да им се нареди барем извесно време да се одморат. /крај/дм



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

dobivaj vesti na viber

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија1 час

РКЕ најави паметни броила – граѓаните од телефон ќе може да ја следат потрошувачката на струја

Задолжително тестирање на критичната инфраструктура, воведување на сет на меѓународни безбедносни правила, секоја енергетска компанија да подготвува одделен буџет во...

Македонија3 часа

Деспотовски: Доста ни е од лагите на сегашното раководство на СДСМ, барам јавно извинување

Јован Деспотовски побара јавно озвинување од СДСМ за упатените навреди кон него и вели дека единствен одговорен за незадоволство помеѓу...

Македонија3 часа

„Кога Венко на нареден прес ќе ја менува Богданка, добро е да одговори зошто би го рушеле преку Шилегов“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко...

Свет4 часа

Руте: Не разговарав со Трамп дали Гренланд ќе остане под Данска

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, доцна синоќа изјави дека на состанокот со Доналд Трамп не било разговарано дали Гренланд...

Свет5 часа

(Видео) Републиканците бараат да им се суди на Бил и Хилари Клинтон за нивната поврзаност со Епштајн

Републиканскиот комитет на Претставничкиот дом на САД препорача поранешниот претседател Бил Клинтон и поранешната државна секретарка Хилари Клинтон да се...

Регион5 часа

Вучиќ: Отсега па натаму, историјата ќе се пишува поинаку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, изјави дека е сигурно дека...

Свет5 часа

Откриено е што може да добие Трамп на Гренланд

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера објави дека постигнал рамковен договор со НАТО „во врска со Гренланд“, а според „Њујорк тајмс“,...

Свет5 часа

(Видео) Путин пресмета колку ќе чини Гренланд

Рускиот претседател Владимир Путин се обиде да ја дистанцира Москва од дебатата за Гренланд. „Што ќе се случи со Гренланд...

Македонија6 часа

Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот

АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од...

Македонија6 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза

Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите...

Свет15 часа

Трамп објави договор со НАТО за Гренланд и ги одложи царините за Европа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека по состанокот со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, е формирана рамка за...

Македонија21 час

Мицкоски на средба со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи“, ќе се инвестираат 100 милиони евра во развој на третиот мобилен оператор во Македонија

Премиерот, Христијан Мицкоски, во рамки на форумот во Даовс се сретна со сопственикот на компанијата „Фор-ај-џи (4iG)“, која ќе инвестира...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Нема да го поддржиме законот за „Безбеден град“

Ние сме конструктивна опозиција, но не сме контролирана опозиција, посочи претседателот на СДСМ,  Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање,...

Македонија23 часа

Минчев најави реформа во администрацијата: Нема доживотни функции, нема недопирливи

Министерството за јавна администрација денес ја започна јавната дискусија по нацрт-верзијата на Законот за високи раководители во органите на државната...

Македонија23 часа

(Видео) Ѓорѓиевски: Скопје чисто и проодно, фрлени се 300 тони сол

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави видео од чисти улици и кажа дека се фрлени 300 тони сол. „Скопје,...

Македонија23 часа

Со новиот закон ќе биде забрането пушењето цигари пред игротеки и на места каде што се чека во редица за билети

Со новиот предлог-закон за заштита од пушењето е предвидено регулирање на пушењето на отворени јавни простори каде има присуство или...

Македонија1 ден

МВР предупредува: Не наседнувајте на лажни пораки во име на директорот на БЈБ и од Единицата за сајбер безбедност

Во МВР пристигнуваат пријави од граѓани за добиенa електронска порака наводно во име на директорот на Бирото за јавна безбедност...

Македонија1 ден

Објавено колку Македонци живеат во Германија

Повеќе од 14 милиони странци живеат во Германија, а Украинците станаа втора најголема група странски државјани и наскоро би можеле...

Топ1 ден

Понудил за 100 евра да избрише судска казна од 200 евра: уапсен вработен во Основен суд во Гостивар

Вчера во 20:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода А.Ј.(49) од село Присојница, општина Маврово...

Македонија1 ден

(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен

Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно...