Контакт

Daily news

(ВИДЕО) „Макфакс“ во Сеул: Од работ на војна до надеж за обединување со Северна Кореја

Објавено пред

„Надеж за помирување, љубов и прошка“ – гласи една од речениците во описот на Статуата на браќата пред влезот во Воениот музеј во јужнокорејската престолнина Сеул.

dobivaj vesti na viber

Статуата со која е прикажана првата средба на бојното поле и прегратката помеѓу двајца браќа, јужнокорејски офицер и севернокорејски војник, на најдобар начин ја опишува трагедијата на корејскиот народ, кој од 1953 година живее поделен во Јужна и Северна Кореја.

Двете земји колку што се блиску една до друга толку се и длабоко поделени во секој сегмент од општествата во кои живеат. На статуата пред Воениот музеј поделбата на двете Кореи е претставена преку пукнатина во куполата на која стојат двајцата браќа – истовремено симболизирајќи ја и надежта на корејскиот народ за повторното обединување.

Соговорниците со кои „Макфакс“ дискутираше во поглед на обединувањето на двете Кореи беа исто така поделени – земајќи ги предвид моменталните односи помеѓу Сеул и Пјонгјанг, како и историскиот аспект на поделбата на Корејскиот Полустров.

По завршувањето на Втората светска војна и зачетокот на Студената војна помеѓу САД и Советскиот сојуз преговорите помеѓу тогашните сојузници и победници од војната не успеаја да доведат до формирање независна и обединета Кореја, дотогаш окупирана од страна на Јапонија.

Во 1948 година на југот на Корејскиот Полуостров, контролиран од страна на САД, беше воспоставена Република Кореја. На северот, пак, под контрола на тогашниот Советски сојуз, беше формирана Демократската Народна Република Кореја.

На 26 јуни 1950 година, поминувајќи ја прочуената 38. паралела, севернокорејската армија ја започна тригодишната братоубиствена војна на полуостровот, во која животите ги загубија повеќе од четири милиони луѓе. Речиси секој Кореец денес овој тригодишен период го доживува како трагедија на корејскиот народ и причина за настанувањето на „единствената поделена земја на светот“, велат нашите соговорници.

Двете страни во моментов технички се во војна, со речиси постојани тензии и меѓусебни провокации, предизвикани најчесто од страна на Пјонгјанг и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, кој поради зачестените тестови на нуклеарни проектили и балистички ракети во последниот период е трн во окото на меѓународната заедница, особено на американскиот претседател Доналд Трамп.

Но, колку е реална заканата од нова војна помеѓу двете Кореи, а со тоа и сеопфатна нуклеарна војна која би ги вклучила и големите светски сили? Според нашите соговорници во Јужна Кореја, шансите за ваков развој на настаните се доста мали, пред сè поради тоа што Северна Кореја провокациите најчесто ги користи како одбранбен механизам и начин да го привлече вниманието на светската јавност.

„Како што поминува времето чувствувам дека состојбата станува сè поопасна. Но, и покрај тоа, сметам дека не постои директна опасност од војна. Дел сум од армијата, постојано имаме вежби и сме подготвени. Сепак, не мислам дека тоа ќе се случи во наредниот период“, вели за „Макфакс“ еден јужнокорејски војник, кој посака да остане анонимен.

Во поглед на обединувањето на двете Кореи, пак, тој вели дека според него, тоа треба да биде процес кој ќе настане по мирен пат и без никакви жртви на двете страни. Сепак, потенцира дека познава и многумина кои не сакаат да дојде до обединување на Корејскиот Полуостров.

„Особено младите луѓе, на возраст од 20, 30 години, сметаат дека обединувањето не е толку важно бидејќи имаат сопствени проблеми во поглед на егзистенцијата и наоѓањето работа, така што тие и не сакаат да се жртвуваат премногу за Северна Кореја“, објаснува јужнокорејскиот војник за „Макфакс“.

Условите во кои денес поделениот корејски народ живее на двете страни од Корејскиот Полуостров се дијаметрално спротивни. Додека 50-милионска Јужна Кореја, која од почетокот на 60-тите години од минатиот век па до денес успеа од земјоделско да се трансформира во високоразвиено и индустриско општество, 23-милионска Северна Кореја доби статус на една од најизолираните и најзатворени земји во светот, позната единствено по нуклеарната програма и воените провокации кон Западот.

За 28-годишниот студент Даел Јанг токму околностите под кои двете земји се развиваа во изминатите 64 години се и најголема пречка за обединувањето на Корејскиот Полуостров, заедно со однесувањето на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун.

„Јужна Кореја е развиена и напредна земја во споредба со Северна Кореја, која, пак, е сиромашна и нејзиниот народ страда поради политичките проблеми. Поради овие проблеми, тие сметаат дека обединувањето нема да донесе нови инвестиции и подобрувања во Северна Кореја. Поради тоа таму доминира негативното и агресивно размислување“, објаснува Даел за „Макфакс“.

Постојаните закани за војна, пак, се дел од одбранбениот механизам на Пјонгјанг, додава тој. „Тие само сакаат да наметнат опасна состојба и тоа е еден одбранбен механизам, како на пример преку агресивното однесување. Доколку состојбата се погледне реално, мислам дека таа сепак не е толку опасна“, вели Даел.

Според 34-годишната Џинџу Мишел Парк, нуклеарното вооружување на Северна Кореја не ги плаши луѓето во Јужна Кореја поради тоа што знаат дека сè што сака нивниот северен сосед да направи – е само да привлече внимание.

„Тие сепак се изолирани и се обидуваат преку заплашувањето со нуклеарното вооружување да привлечат некакво внимание. Но, луѓето во Јужна Кореја не се загрижени. На пример, сите странци што ги познавам ме исконтактираа за да ме прашаат дали тука сè е во ред поради нуклеарните тестови, но тука никој воопшто не е загрижен поради тоа“, вели Парк.

Решението за обединувањето на двете Кореи, пак, според неа е преку помирувањето и директните разговори помеѓу двете страни, без мешање на надворешните фактори.

„Она што е исто тажно е тоа што другата страна, бидејќи ние, сепак, сме еден народ, се обидува најсилно што може да го изрази својот гнев на разни негативни начини. Но, никој тука не се грижи поради тоа. Сметам дека треба да најдеме решение за двете земји да се обединат, но тоа да не биде направено со помош од надвор туку само помеѓу овие две страни. Главната причина за поделбата на нашите земји беше токму влијанието на надворешните сили“, објаснува Парк.

И додека светската јавност постојано е во исчекување на секој нов потег од страна на севернокорејскиот „ракетен човек“ Ким Џонг-ун, Јужнокорејците сето тоа го доживуваат сосема спокојно. Сепак, како што велат нашите соговорници, колку што се мали шансите за нова војна помеѓу двете Кореи, за жал, толкави се во моментов и шансите за нивното обединување.

Текст: Бојан Стојковски
Монтажа: Бојан Ефремов



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

dobivaj vesti na viber

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

dobivaj vesti na viber

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Daily news

Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас

Објавено пред

Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.

dobivaj vesti na viber

Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.

„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.

Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.

Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија47 минути

Завршува санацијата на главниот водовод, за неколку часа сите во Скопје ќе имаат нормално водоснабдување

Во завршна фаза се активностите за санација и децениски задоцнета модернизација на главниот градски водовод, информираа од ЈП „Водовод и...

Македонија1 час

(Видео) Младеновска: Страшно, починале 20 бебиња за 6 месеци – СДСМ бара оставка од Таравари

Сериозно загрижувачки се статистиките за смртноста на деца во изминатите шест месеци, кажа денеска на прес конференција Рената Младеновска, членка...

Македонија2 часа

Институтот за јавно здравје издаде важни препораки за безбедна употреба на вода по прекинот на водоснабдувањето

Институт за јавно здравје издаде препораки во насока за тоа кои чекори треба да се преземат одкако водата ќе биде...

Топ3 часа

Се испитуваат причините за смрт на машко лице пронајдено во водите на Црна Река

Основното јавно обвинителство Кавадарци презема повеќе дејствија за испитување на причините за смртта на 64-годишен скопјанец кој на 16 декември...

Македонија18 часа

МНР му врачи протестна нота на рускиот амабасадор во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека попладнево во министерството бил повикан вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската...

Македонија23 часа

Вода за пиење за Клинички е обезбедена со донација, Таравари ќе се обиде да ги редуцира операциите закажани за утре

Министерот за здравство Арбен Таравари уверува дека Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е подготвен за утрешниот прекин во водоснабдувањето во Скопје,...

Економија23 часа

Големите синџир-маркети не ја поскапеле пакуваната вода, граѓаните да пријават поскапувања во маалските маркети, повика Пазарната инспекција

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Влатко Стојкоски, ги повика граѓаните да пријават доколку забележат поскапување на водата во Скопје во...

Македонија23 часа

За Дурмиши, најголеми инспектори се граѓаните: Секое изигрување на цените пријавете го на бесплатниот број 191

Во првите шест дена откога стапи во сила новогодишната кошничка со 10 отсто поевтини цени на над 1.000 производи, нема...

Македонија24 часа

На Вања ѝ било пукано во главата додека клечела на колена, на лентата на нејзината уста најдена ДНК – Обвинителството изведе докази во судот

Во главата на Вања било пукано од непосредна близина. Пред да биде застрелана, таа била жива, а трагите од кал...

Македонија1 ден

Погодена зграда во Киев, каде што се наоѓа Амбасадата на Македонија, МНР го осуди рускиот напад

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија најостро ги осудува денешните ракетни напади на руската армија врз Киев. „Воедно, информираме...

Регион1 ден

(Видео) Едно дете почина по масакрот во училиште во Загреб, тешко повредена наставничка, објавија хрватските медиуми

Хеликоптер на брзата помош ги пренесе повредените од основното училиште во Загреб, кои со нож ги ранил 19-годишник. Повредени се...

Регион1 ден

(Видео) Снимено како децата бегаат од училиштето во Загреб, каде што напаѓач со нож повреди неколку лица

Непознат напаѓач, наводно ученик, утрово со нож нападнал наставник и неколку ученици во основното училиште „Пречко“, а според пишувањата на...

Македонија1 ден

Два термоблока во РЕК „Битола“ утрово исклучени од мрежа, во тек се операции за вклучување на ТЕ „Битола 1“

Термоелектраната „Битола 2“, утрово, во 8.22 часот, поради активирана заштита, е исклучена од функција. Шест минути подоцна, од електроенергетската мрежа...

Македонија1 ден

(Видео) Од 1.1.2025 година задолжително регистарски таблички со ознака НМК

Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека краен рок да ги заменат регистарските таблички со нови, кои имаат ознака...

Македонија1 ден

Дрин Ахмети нема да одговара кривично оти за петардите количината била мала, ќе плати глоба

Дрин Ахмети нема да одговара кривично за превезувањето на пиротехничките средства. Тој со себе носел седум петарди и 15 кутии...

Македонија1 ден

Ако не се врати бесплатниот превоз веднаш, студентите ќе излезат на улиците, најавуваат од Студентскиот отпор

Министерството за образование и наука и ЈСП „Скопје“ нека бидат свесни – студентите нема да молчат додека нивното право на...

Скопје1 ден

ЈП „Улици и патишта“ – Скопје: Вработените имаат земено плата, нејасно е зошто синдикатот протестира

„Поврзано со политички мотивираниот протест денес пред јавното претпријатие Улици и патишта Скопје и Град Скопје, како што и беше...

Регион1 ден

(Видео) Лидерот на српската опозиција брутално истепан на улица, заврши во болница: „Крвнички го клоцаа“

Лидерот на српската Партија за слобода и правда, Драган Ѓилас е повреден во тепачка што избила синоќа во Белград откако...

Македонија1 ден

Арапска земја го има најмоќниот пасош во светот, а како е рангирана Македонија

Како и секоја година, објавено е рангирањето на најмоќните пасоши за 2024 година, а Обединетите Арапски Емирати четврти пат по...

Скопје1 ден

Гответе оброци што не бараат многу вода, споделувајте вода со соседите: препораки од ИЈЗ за скопјани

Институтот за јавно здравје во пресрет на најавениот прекин во снабдувањето со вода на голем дел од Скопје и околината...