Советот на Синдикатот на културата на денешната прес-конференција ги изнесе барањата до новата Влада за подобрување на состојбата на вработените во културата. Според нив, приоритетните проблеми...
Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, за Макфакс изјави дека итно ќе ги разгледа сите правни аспекти и недоразбирањата меѓу Друштвото на филмски работници и Агенцијата за...
Инаку, најголемиот жив директор на фотографија, Ѓузепе Ротуно, човекот што го стави потписот зад камерата на ремек делата на Федерико Фелини „Амаркорд“, „Казанова“ , „Сатирикон“ и...
Во Уметничката галерија при Музејот во Куманово, вечерва ќе биде одржан голем мултимедијален настан. Осмислен е како музичко-концертен арт перформанс на кој ќе настапи групата „Обохтал“,...
Апсолутниот победник на седмиот Филозофски филмски фестивал, филмот „Сè за луѓето“ на грузискиот режисер Гиорги Абашишвили, вечер ќе биде прикажан во Кинотеката на Македонија. Специјалната проекција на филмот ја...
Книгоиздателството„Македоника“ неодамна ја објави познатата драма „Една неважна жена“ од Оскар Вајлд, во превод од англиски јазик на Дарко Цветаноски. „Една неважна жена“ (1893) е драма...
Уметнички дела изработени во најразлични ликовни техники на педесет македонски автори ќе бидат претставени во рамки на изложбата „Мал формат“ што вечерва ќе биде отворена во...
Друштвото на писателите на Македонија, ќе му оддаде почит на големиот македонски поет Кочо Рацин, основоположник на современата македонска литература, синоним на револуционерното и творечко дејствување...
Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје Синема Сити“, којшто ќе се одржи од 15 до 19 јуни во Кинотека на Македонија, за отворањето ги најавува...
Театарската асоцијација на критичари и театролози “ТАКТ“ ја додели наградата “Театропис“ на актерката Мирел Кнез од Словенија. Наградата е доделена за современ театарски израз, а за претставата “Ирена, но не можам повеќе!“ Оваа представа беше одиграна на годинашниот Меѓународен фестивал на монодрамата во Битола. Инаку, режисер на претставата е Нико Горшич, а станува збор за новинарката и интелектуалка Ирена која сака да стане и писателка и тоа многу славна. Таа својата прва книга ја предава кајиздавачот, но никако да и се јави уредникот и да и ја соопшти веста дека ќе ја објават нејзината книга. Всушност, претставата зборува за љубовта, успехот и славата, а во својот монодрамски настапактерката Мирел Кнез владее со сцената, нејзината игра е суптилна и прецизна, при што со минимална сценографија и костимографија се постигнуваат впечатливи и силни ефекти. Претставата епривлечна и гледлива, одмерена и концизна, јасна и трајна. крај/мф