Контакт

Бегството на Груевски

(ИНТЕРВЈУ) Унгарски новинар: Се кладам дека Орбан е замешан во бегството, Груевски ќе заврши во Москва

Објавено пред

Питер Ерделај е уредник и новинар во еден од ретките унгарски медиуми кои се независни и надвор од контрола од Владата на Виктор Орбан. Тој работи во веб порталот 444.hu, кој има над 350 илјади посети дневно, а Ерделај се занимава со истражувачки теми, национална безбедност и корупција.

dobivaj vesti na viber

Како и за секој друг новинар, случајот со бегството на премиерот Никола Груевски во Будимпешта и барањето политички азил во државата која остро се противеше на влезот на мигрантите, е предизвик за пишување и истражување, но толкувањата за тоа како и зошто се случило бегството се различни, во зависност од тоа во чии раце се медиумите. За Унгарија е познато дека Виктор Орбан под своја контрола ги држи најголемите телевизиски куќи, слично како и за време на владеењето на Груевски, кога со владини реклами буквално се купуваа и правеа вестите. Тоа е само една од сличностите во владеењето на Орбан и на Груевски. Втората сличност, е анти-Сорос пропагандата.

Со познатиот унгарски истражувачки новинар разговаравме за начинот на кој медумите во Унгарија го третираат барањето за азил на поранешниот премиер Груевски, за инволвираноста на Орбан во целиот случај и за можните понатамошни сценарија.

„Најкратко кажано, унгарските медиуми се поделени на провладини и на независни, иако ситуацијата е малку покомплицирана од тоа. Медиумите контролирани од власта, кои се мнозинство, спинуваат многу наративи за барањето на политички азил на вашиот поранешен премиер, особено дека Груевски бил таргетиран од Сорос, кој е третиран како ‘вештерка’ во Унгарија, исто како и во Македонија. Независните медиуми се изненадени или шокирани од веста. Никогаш досега сме немале сличен случај и како што тој се развива, така станува сè поинтересно, посмешно и позабавно“, вели Ердалај за „Макфакс“.

Тој вели дека „би се кладел“ дека унгарскиот премиер Виктор Орбан до некој степен е вмешан во организирањето на бегството на Груевски, особено по обелоденувањето на информациите дека тој се движел со дипломатско возило од унгарската амбасада во Тирана, од каде што го продолжил патот во Црна Гора. На нашето прашање дали смета дека Груевски ќе добие политички азил во Унгарија, тој одговара:

„Не знам дали ќе добие азил, но чудно би било власта да потроши толку пари и политички капитал за да го донесе тука, а потоа да му го одбие барањето. Мое мислење е дека процесот ќе се развлекува, а потоа ќе „исчезне“ од видикот на унгарските власти, за тие да не ја направат тешката одлука. Можеби Груевски ќе заврши во Москва, но сето ова се нагаѓања, тешко е да се предвиди конечниот епилог“, смета тој.

Сепак, со оглед на политичката ситуација во Унгарија, каде што ретко се преземаат одлуки без зелено светло од кабинетот на премиерот, Ерделај смета дека Груевски не би можел ниту да побара азил без тоа да го знае лично тамошниот премиер Орбан.

„Чисто се сомневам дека било кој од Канцеларијата за имиграција би направил било каква одлука за Груевски без да побара насоки од кабинетот на премиерот. Ова е чувствителна тема, зошто некој би ризикувал да направи „погрешна“ одлука? Оттаму би се кладел дека Орбан е замешан до некој степен“, вели унгарскиот новинар.

На прашањето дали ваквите одлуки на Унгарија би ја нарушиле позицијата на земјата во Европската унија, Ерделај без многу размислување вели дека ова нема да биде првпат Унгарија да носи одлуки кои можеби не се дочекуваат со раширени раце од страна на ЕУ.

„Дури и ЕУ да се противи на одлуката, а не се сомневам дека не им се допаѓа, што можат да сторат? Ваквите случаи не можат да се решаваат на ниво на ЕУ, па дури и да можеа, Орбан знае да ги прекршува стандардите на ЕУ и на НАТО и повторно се извлекува“, смета тој.

Тој вели дека унгарските медиуми, исто како и Хелсиншкиот комитет за човекови права пишуваат и реагираат на начинот на кој Груевски побарал азил, на сосема нетипичен начин и надвор од стандардните протоколи.

„За азил се аплицира во транзитните зони, во Србија, каде што барателите на азил се задржуваат додека нивниот случај не се расчисти. Најголем дел од барањата за азил се одбиваат бидејќи Србија се смета за безбедна земја. Оттаму, случајот со македонскиот поранешен премиер е надвор од сите стандардни протоколи“, вели Ерделај.

За крај, го прашуваме унгарскиот новинар зошто смета дека Груевски ја одбрал токму Унгарија како свое место за прибежиште, а тој без двоумење одговара дека е поради политички и бизнис интереси, а како резултат на сличностите што ги делат двајцата лидери, едниот поранешен а едниот актуелен.

„Анти-Сорос пропагандата ги зближи, Груевски беше првиот кој застана зад Орбан за ова прашање. Нивната про-руска тенденција е повеќе од очигледна, па затоа тука се шпекулира дека неговата крајна дестинација ќе биде Москва. Нашите сознанија се дека и двајцата имале ист американски советник, имаат слични карактерни особини, а разликата е само што Орбан има повеќе пари и со тоа и повеќе можности и што Унгарија е поголема земја и членка на ЕУ и на НАТО“.

Сепак, интересот на Унгарија во случајов сè уште останува нерасчистено прашање, и во македонската, а очигледно и во унгарската јавност.

Бегството на Груевски

Груевски: Барањето на криминалната и рекетарска Влада за моја екстрадиција е одбиено

Објавено пред

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој доби азил во Унгарија, се огласи на социјалните мрежи по судското рочиште пред тамошниот суд, кој одби негова екстрадиција во земјата.

dobivaj vesti na viber

„Спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска Влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција“, напиша Груевски.

Тој го повтори ставот на судот, кој одби да го екстрадира во Македонија, каде што треба да ја издржи двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ на СЈО.

Министерството за правда побара и негова екстрадиција бидејќи е еден од осомничените организатори за упадот во Собранието на 27 април.

„Денеска, спроведена е стандардна процедура на институциите во Унгарија откако криминалната и рекетарска влада во Македонија поднесе барање за екстрадиција. Судот го разгледа барањето за екстрадиција и одлучи да не го прифати“, гласи објавата на експремиерот.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Унгарија нема да го испорача Груевски, условите за екстрадиција не се валидни

Објавено пред

Експремиерот и азилант Никола Груевски нема да биде екстрадиран од Унгарија, одлучи тамошниот суд на денешното рочиште. Груевски ќе биде пуштен на слобода. Рочиштето е во тек и се образложува одлуката која е донесена.

dobivaj vesti na viber

„Условите за екстрадиција не се валидни“, рече судијката.

Утрово, судот издаде наредба за приведување на Груевски, кој беше спроведен до судницата со две лица, кои, најверојатно, се дел од безбедносните служби на Унгарија. Груевски бил приведен во т.н. 11. област во Будимпешта.

Рочиштето е затворено за медиумите, но одлуката е јавно соопштена.

Минситерството за правда бара екстрадиција за Груевски за тој да ја издржи двегодишната затворска казна за предметот „Тенк“ на СЈО, но и за организација на крвавите инциденти во Собранието на 27 април.

Прикажи повеќе...

Бегството на Груевски

Груевски приведен во Будимпешта, судот одлучува за екстрадицијата

Објавено пред

Судот во Унгарија одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој избега во Будимпешта во ноември минатата година.

dobivaj vesti na viber

Рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето.

Македонија бараше екстрадиција за издржување на двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“ во случајот на СЈО, „Тенк“, и за настаните што се случија во Собранието на 27 април 2017 година за што е осомничен дека бил организатор.

Груевски е приведен изутринава во Будимпешта по барање на судот.

Експремиерот доби политички азил во Унгарија кога беше осуден на двегодишна затворска казна за набавката на „мерцедесот“, а е обвинет и во други случаи на СЈО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Војници во влага, на перници стари со децении, со прибор стар 20 години и руинирани тоалети – синдикатот алармира по појавата на шуга во велешката касарна

Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“...

Македонија10 часа

Српската полиција се огласи по киднапирањето на Даниел Кајмакоски: Се трага по двајца осомничени

Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти дека полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел...

Македонија13 часа

(Видео) Договорено покачување на платите за околу 11.000 административци до 2028 година

Околу 11.000 вработени во јавната администрација, судовите и обвинителствата ќе добијат покачување на платите од речиси 40 отсто до 2028...

Македонија14 часа

Кајмакоски е дома; Рашиќ: „Смирено и храбро се соочил со киднаперите, но му треба мир“

Mиланка Рашиќ, која е задолжена за односи со јавноста за Даниел Кајмакоски, соопшти дека разговарала со него по ноќта помината...

Македонија16 часа

ВМРО-ДПМНЕ реагира: Заев се јави во одбрана на својот криминал, тој е таткото на бизнисот со канабис

Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана...

Македонија17 часа

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

Поранешниот премиер Зоран Заев преку статус на Фејсбук порача дека по пет години молк, сега е подготвен да одговори со...

Култура18 часа

Почина Бред Арнолд – пејачот на американскиот бенд 3 Doors Down

Бред Арнолд, пејачот и основач на американскиот рок-бенд 3 Doors Down, најпознат по хитовите „Kryptonite“, „When I’m Gone“ и „Here...

Свет18 часа

Во Дубаи уапсен сторителот на обидот за атентат врз рускиот генерал Алексеев, ФСБ уапси и соучесник во Москва

Сторителот на обидот за атентат врз генерал-полковникот на руската воена разузнавачка служба, Владимир Алексеев, беше приведен во Дубаи и предаден...

Свет1 ден

(Видео) Протести против Зимските олимписки игри во Милано: демонстрантите фрлаа димни бомби и шишиња кон полицијата

Илјадници луѓе се собраа во Милано на протест против Зимските олимписки игри само еден ден по церемонијата на отворање во...

Македонија1 ден

(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат

Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на...

Македонија1 ден

Двегодишно дете со тешки телесни повреди од Битола пренесено во Скопје, го нападнале кучиња скитници додека си играло

Лекарите од Клиничката болница во Битола вчера во полиција приавиле дека примиле двегодишно дете со тешки телесни повреди по напад...

Македонија2 дена

(Видео) Петрушевски: Од 27 тони запленета дрога, повеќе од две третини е на фирма на соработник на Зоран Заев

Над 2/3 од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДС, соработник на Зоран Заев, рече денес...

Македонија2 дена

Левица ќе иницира разрешување на Ристовска, имаат информации за понижување, викање и навреди во ДКСК

Наместо да ја насочи својата енергија кон расчистување на корупцијата, членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета...

Свет2 дена

Низ разузнавачките канали протекоа детали за „Дмитриев пакет“, вреден е 12 трилиони долари, вели Зелениски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека постои ризик САД и Русија да склучат билатерални договори кои се однесуваат на Украина,...

Свет2 дена

Судот нареди на администрацијата на Трамп да врати од Хондурас три депортирани семејства и да ги плати трошоците за враќање

Окружниот суд во Сан Диего пресуди федералната влада на САД да ги врати трите семејства од Хондурас, наведувајќи дека нивното...

Македонија2 дена

Независниот полициски синдикат утре организира протестен марш во Битола: За закани за тепање и убивање полицајци се оди во притвор

Независниот полициски синдикат (НСП) утре во Битола организира марш за еднакво спроведување на законите кон сите сторители на кривични дела,...

Македонија2 дена

Магла ја намали видливоста до 60 метри на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози соопшти Авото-Мото Сојузот на Македонија (АМСМ), Намалена видливост...

Македонија2 дена

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија3 дена

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија3 дена

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...