Контакт

Топ

Австралијка приведена на скопскиот аеродром

Објавено пред

Државјанка на Австралија ноќеска била приведена на скопскиот аеродром, откако при извршена пасошка контрола и проверка во службените евиденции било констатирано дека го има пречекорено дозволениот туристички престој во земјава.

Н.Д.(29) од Австралија е предадена на полициски службеници од Одделението за странци и реадмисија – Скопје за понатамошна постапка.

Топ

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Објавено пред

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот на возилото, кој бил пренесен во болница поради укажување лекарска помош, починал од срцев удар.

Според полицијата, настанот се случил вчера, 3.8.2021, во 21 часот, кога на магистралниот пат Граничен премин Блаце  – Скопје, Н. Б. (55) од Приштина, управувајќи товарно возило „ман“ со полуприколка, со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Н. Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември” за укажување лекарска помош, но починал од срцев удар.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Регион

Почина Мирослав Лазански

Објавено пред

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст.

Лазански починал во својот дом во Белград како последица на срцев удар, како што пренесуваат медиумите во регионот.

Тој беше амбасадор на Србија во Русија, а на позицијата беше именуван во 2019 година. Пред да биде поставен за амбасадор, Лазански беше пратеник од листата на партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, Српска напредна партија.

Лазански пишуваше за загрепските весници „Полет“, „Вјесник“, „Данас“ и „Старт“. Во февруари 1991 година се пресели во Белград и почнал да пишува за дневниот весник „Политика“. Пишуваше и за „Политика експрес“, НИН, „Вечерње новости“, „Катимерини“, „Дајмонд викли“ и „Секјуритаријан“. Напиша десет книги и е автор на десетина телевизиски серијали.

Известуваше од војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, Либан, конфликтот меѓу Ирак и Иран, за време на операцијата „Пустинска бура“, за време на војната во Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Либија итн.

Интервјуира двајца врвни команданти на НАТО, тројца маршали на СССР, шефови на КГБ, на КХАД, педесетина министри за одбрана и началници на генералштабовите на светските армии, вклучувајќи ги и началниците на генералштабовите на Руската Федерација, кинеската и јапонската војска. Единствениот југословенски новинар што пловеше во нуклеарната подморница, американскиот „Таутог“, леташе со авион „Ф-14“, беше на носачот на авиони „Џон Ф. Кенеди“ и леташе со „миг-29“.

Воениот рок го отслужил во 1977 година во Битола во 41. пешадиска дивизија на ЈНА. Тој беше награден со Медал за воени заслуги.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Објавено пред

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во близина на чешкиот град Гомазлица, на западниот дел од земјата, објавија чешките агенции.

Чешкиот министер за транспорт Карел Хавличек на Твитер објави дека еден од возовите што се судриле бил возот Екс 351, кој според Чешките железници е брз воз на релација Минхен-Прага. Тој рекол дека возачот на брзиот воз од Минхен поминал на црвено и на тој начин предизвикал судир со патничкиот воз.

Полицијата започна истрага, пренесуват медиумите.

Чешката полиција на Твитер објави дека може да потврди дека две лица го загубиле животот во несреќата, објави Франс прес во својата прва вест за железничка несреќа во Чешка.

„Дури 11 противпожарни станици добија известување за несреќата. Интервенциите ги поделивме на два дела, ние ги извлекувавме луѓето од возовите“, изјави Петр Понкар, портпарол на противпожарната служба.

Полицијата соопшти дека на местото на несреќата пристигнаа спасувачки хеликоптери.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ3 часа

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот...

Регион5 часа

Почина Мирослав Лазански

Почина српскиот новинар, воен аналитичар, политичар и дипломат Мирослав Лазански на 71-годишна возраст. Лазански починал во својот дом во Белград...

Европа5 часа

(Видео) Две загинати лица и десетици повредени во судир на два воза во Чешка

Две лица загинаа, седум се во критична состојба а 31 лице се повредени во судир на два патнички воза во...

Македонија5 часа

Македонија е во портокалова фаза – да се почитуваат мерките за заштита од топлотниот бран, порачуваат надлежните

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа...

Македонија5 часа

Две дози вакцина во државата примиле 401.336 граѓани

Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 920.442...

Регион5 часа

(Видео) Грчките пожарникари цела ноќ се бореа со пожарите, гори и предградие на Атина

Вкупно 81 пожар избувнаа во Грција во последните 24 часа, а пожарникарите сѐ уште се борат со 40 од нив, кои...

Свет6 часа

Њујорк воведе ковид-пасоши – во ресторан и театар може само вакцинирани

Во Њујорк нема да може да се влезе во ресторан, спортска сала и во театар без потврда за вакцинација, изјави...

Топ17 часа

Скопјанец ја тепал мајка си, но таа не сакала да го пријави – повредена излегла од болница и починала

Полицијата уапсила 36-годишен скопјанец откако започнала истрага по пријава дека во близина на градската општа болница „8 Септември“ почината била...

Македонија20 часа

(Видео) Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме...

Македонија24 часа

Во Македонија нови 37 случаи на Ковид-19, нема починати

Во последните 24 часа се направени 3.658 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 15, Тетово...

Македонија1 ден

(Видео) Ангелов: Ако се утврди дека сум потфрлил, ќе си заминам од државата

Во моментот државата е во пламен и не можам да размислувам за споредни работи, но нека залади, нека се изгаснат...

Економија1 ден

Горивата поскапуваат

Малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек 3,36 %, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Според одлуката на РКЕ,...

Македонија1 ден

Армијата е ангажирана во најкритичните точки во справување со пожарите

Припадниците на Армијата се активни во најкритичните точки во справувањето со пожарите. Хеликоптерите од воздухопловниот ВИНГ, кои во текот на...

Македонија1 ден

Жителите на Кочани што побараа лекарска помош се пуштени дома

Министерството за здравство информира дека деветтемина жители на Кочани, кои синоќа побарале лекарска помош поради вдишување чад како последица од...

Свет1 ден

Коронавирус регистриран во Вухан по една година, се тестира целото население

Властите во кинескиот град Вухан најавија дека ќе го тестираат целото население на коронавирус по појавувањето нови локални случаи на...

Европа1 ден

Речиси 30 проценти од Европејците не може да си дозволат одмор, сиромаштијата во пораст

Речиси 28 проценти од Европејците не може да си дозволат една седмица одмор надвор од своето место на живеење, а...

Македонија1 ден

Пожарите локализирани и ставени под контрола, противпожарните служби остануваат на терен

Пожарот кај Кочани во текот на ноќта е локализиран и ставен под контрола, соопштија надлежните. На одделни места во близина...

Македонија1 ден

Од денес стапува во сила целосната забрана за движење во шумите

Владата доцна синоќа излезе со соопштение во кое апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја. „Во текот...

Македонија2 дена

„Водовод“ и „Комунална хигиена“ испратија цистерни за гаснење на пожарот во Кочани

ЈП Водовод и канализација – Скопје и ЈП Комунална Хигиена – Скопје на барање и во координација со Град Скопје...

Македонија2 дена

Пендаровски: Хеликоптерите не можат да летаат ноќе

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на Фејсбук напиша дека хеликоптерите на армијата немаат технички можности за ноќно летање. „...

Досие