Црна хроника
Автомобил удри во жена – итно пренесена во штипската болница

Шеесет и двегодишна жена од Штип е тешко повреден кога во неа вчера доцна попладне удрило возило на крстосницата од улиците Пиринска и Сутјеска во Штип.
Во незгодата тешки телесни повреди добила Р. В., на која ѝ била укажана лекарска помош во Клиничка болница во Штип. За незгодата е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Физичка пресметка помеѓу две жени и малолетничка во Кичево

На улица Прилепска во Кичево вчера била нарушена јавната безбедност со физичка пресметка во која биле вмешани три лица, информираат од ОВР Кичево.
Според пријавата, инцидентот се случил на 17 мај 2025 година, околу 11:38 часот, кога дошло до физичка пресметка помеѓу Е.М. (41) од една страна и С.Б. (42) и нејзината малолетна ќерка од друга страна.
„Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од полицијата.
Мотивите и причините за инцидентот засега не се познати.
Црна хроника
Уапсен скопјанец кој влетал во казино и ја нападнал вработената

Триесет и тригодишен скопјанец е уапсен откако физички нападнал вработена и одзел предмет во казино лоцирано на подрачјето на општина Центар, информираа од Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил вчера околу 17:20 часот, кога лицето со иницијали А.Ќ. влегло во казиното, ја нападнало вработената и одзело предмет, по што било приведено од страна на полицијата.
„Кај лицето е пронајдена и марихуана. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.
Црна хроника
Скопјанка нападната од партнерот со стаклен предмет во Охрид

32-годишна жена од Скопје била физички нападната од нејзиниот партнер во Охрид, притоа напаѓачот употребил и стаклен предмет, соопшти денеска СВР Охрид.
Инцидентот се случил утрово околу 7 часот на пешачката патека кај каналот Студенчишта, како и во станот во Охрид каде што двојката привремено престојувала. Според пријавата, осомничениот А.Д. од Прилеп ја нападнал својата партнерка, нанесувајќи ѝ телесни повреди.
„Случајот е пријавен во СВР Охрид, и по целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираа од охридската полиција.