Топ
Бегајќи од полиција скокнал во Вардар, а по него во реката влегол и полицаецот кој се повредил

Бркотница се случувала вчера во Скопје, кога 33-годишен скопјанец (Е.А.) бегал од полициски службеник.
Полицаецот вршел обезбедување врз Е.А. кому му била одредена мерка притвор поради „криумчарење мигранти“.
Во еден момент криумчарот го нападнал полицаецот и се дал во бегство.
„Полицискиот службеник испукал неколку куршуми во знак на предупредување, а Е.А. скокнал во реката Вардар, ја препливал и на другиот крај и продолжил кон ул.„Вардарска“. Полицискиот службеник скокнал по него во реката, по што се здобил со повреди“, велат од МВР.
По два часа, во близина на Транспортен центар, Е.А. бил пронајден и приведен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Иран најави одговор по нападот на САД: „Ќе има трајни последици“

Иран го задржува правото на сите опции за самоодбрана по американското бомбардирање на иранските нуклеарни постројки, објави иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи на платформата „Икс“, нагласувајќи дека американските напади се невидени и ќе имаат трајни последици.
Иранскиот министер изјави дека САД, како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, извршиле сериозно прекршување на Повелбата на Обединетите нации со нападот на иранските нуклеарни постројки.
„Настаните утринава се срамота и ќе имаат трајни последици. Секоја членка на ОН мора да биде вознемирена од ова крајно опасно и криминално беззаконие“, рече Аракчи.
Иран го задржува правото на сите можности да го брани својот суверенитет, своите интереси и својот народ, во согласност со Повелбата на Обединетите нации и одредбите кои дозволуваат легитимен одговор во самоодбрана, заклучи иранскиот министер.
Американските сили рано утринава бомбардираа три ирански нуклеарни постројки, објави мериканскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи дека операцијата била исклучително успешна и дека објектите се „целосно уништени“.
Трамп му се закани на Иран со нови напади доколку Техеран не се согласи на мир, нагласувајќи дека САД ќе одговорат со „уште посилна сила“ на секоја можна одмазда.
Свет
(Видео) Трамп: Целосно ги уништивме иранските комплекси, или ќе има мир, или нови напади

Американскиот претседател Доналд Трамп, во директното обраќање до нацијата, потврди дека американските сили извршиле напади врз три ирански нуклеарни постројки.
„Сите ги слушаа тие имиња со години додека ја градеа таа страшна и разорна нуклеарна програма. Нашата цел беше да го уништиме иранскиот објект за збогатување ураниум“, рече Трамп.
Тој додаде дека нападите биле спектакуларен воен успех и дека клучните капацитети за збогатување ураниум биле целосно уништени.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран мора да се согласи на мир сега, што претходно го кажа во објава на неговата социјална мрежа „Тру соушал“.
„Иран, насилникот на Блискиот Исток, мора да се согласи на мир сега. Ако не го стори тоа, идните напади ќе бидат многу помоќни и многу полесни за извршување“, рече Трамп во обраќањето до јавноста.
Тој додаде: „Или ќе има мир, или Иран ќе доживее трагедија многу поголема од онаа на која бевме сведоци во последните осум дена. Запомнете, остануваат уште многу голови“.
Трамп и се заблагодари на израелската армија и ги пофали американските пилоти: „Светот со децении нема видено ваква операција“
Американскиот претседател рече дека САД и Израел работеле како тим. Тој ѝ се заблагодари на израелската армија за, како што рече, „одлична работа“, а посебно ги пофали американските пилоти и војници кои учествуваа во нападот на иранските нуклеарни постројки.
„Сакам да и’ се заблагодарам на израелската војска за прекрасната работа што ја направија, и уште поважно, сакам да им честитам на големите американски патриоти кои ги пилотираа тие прекрасни машини вечерва, како и на целата американска војска за операцијата каква што светот не видел многу, многу децении“, рече Трамп во обраќањето до нацијата.
Тој додаде дека ниту една армија во светот не можела да го направи тоа што го направија САД таа вечер и го пофали врвот на американската команда.
„Исто така, сакам да му честитам на претседателот на Здружениот Генералштаб, генерал Ден „Разин“ Кејн, спектакуларен командант и на сите брилијантни воени умови вклучени во овој напад“.
Свет
САД го нападнаа Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ги завршиле нападите врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц и Есфахан.
„Го завршивме нашиот многу успешен напад на три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанц и Есфахан. Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор“, напиша тој на својата социјална мрежа доцна синоќа.
Тој, исто така напиша и дека ова е историски момент за Соединетите Американски Држави, Израел и целиот свет. Иран сега мора да се согласи да стави крај на оваа војна, додаде Трамп.
Дополнително се закани со дополнителни напади врз Иран доколку Техеран не се согласи на итен мир со Израел.
Во кус телефонски разговор за агенцијата Ројтерс, Трамп ги нарече американските напади врз иранските нуклеарни постројки „неверојатен успех“.
„Тие треба веднаш да се согласат на мир. Веднаш да престанат. Во спротивно, повторно ќе бидат погодени“, рече Трамп.