Црна хроника
Битолчанец и Британец жртви во сообраќајка на патот Битола – Прилеп, повреден е Индиец

На магистралниот пат Битола – Прилеп, денеска во 11.55 часот се случи сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „дачиа” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.И.(37) од Битола, и товарно возило „ивеко” со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(29) од селото Обршани, Општина Кривогаштани.
Од СВР-Битола соопштија дека во несреќата, на местото на настанот почина возачот на патничкото возило Е.И. и сопатникот К.С.(42) од Велика Британија, а смртта ја констатираше доктор од Итна медицинска помош Битола.
Сопатникот во патничкото возило М.К.Д.Ј. од Индија е пренесен во Клиничка болница Битола за укажување на помош.
Увид во присуство на јавен обвинител врши увидната екипа на СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
31-годишен скопјанец почина по пукање на Бит Пазар

31-годишен маж од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево на Бит Пазар.
„Во врска со пукањето на Бит Пазар, ве известуваме дека повредениот А.С. (31) им подлегнал на повредите“, велат од МВР.
Претходно МВР извести дека околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата „Војдан Чернодрински“ на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје.
Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи за вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот најдени се повеќе чаури.
Црна хроника
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и побегна

Дваесет и четиригодишник од Охрид управувал со возилото со кое беше прегазен пешак синоќа на улицата Гоце Делчев во градот.
Тој со својот автомобил удрил во 59-годишниот Е.С. од Охрид кој се здобил со тешки повреди, па го напуштил местото.
„По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид“, велат од МВР.
По извршено алкотестирање, кај возачот и пешакот не било утврдено присуство на алкохол во организмот.
По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец со мотор удри во 10-годишно девојче на Џон Кенеди

Приведен е 34-годишен скопјанец (Ј.О.) кој околу 11.30 часот, управувајќи мотор на улицата Џон Кенеди во Скопје удри во десетгодишно девојче.
Детето е примено на комплексот клиники со тешки повреди.
Од МВР за случајот информираа дека известен е јавен обвинител, а против 34-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.