Контакт

Црна хроника

Во комбе пронајдени 43 мигранти на патот Штип-Радовиш

Објавено пред

На магистралниот пат Штип – Радовиш, во с.Лакавица, вчера полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „форд транзит“, но возилото не застанало.

Набргу потоа возилото сопрело и при негова проверка биле пронајдени 43 мигранти, на возраст од 16 до 25 години, од Бангладеш, Пакистан и Авганистан. Лицата се предадени на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Црна хроника

Пет лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу камион и автобус

Објавено пред

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот Скопје – Велес меѓу камион и автобус.

Според информациите на МВР, вчера, во 12.20 часот, кај населбата Дрма се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А. Р. (27) од Струмица, и автобус „јутонг“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И. Ц. (28) од Скопје.

Во незгодата телесни повреди добиле двајцата возачи, како и патниците во автобусот Ф. Ц. (29), К. Т. (36) и П. А. (18), сите од Скопје, по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Топ

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Објавено пред

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби.

Според информациите на охридската полиција, вчера, во 20 часот, полициски службеници на улицата Св. Климент Охридски во Охрид го привеле Х. С. (23) од Скопје.

Тој, според претходно добиена пријава, со пиштол на дијаболи влегол во три златарници на истата улица.

По целосно документирање на настанот и во консултација со јавен обвинител, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Прикажи повеќе...

Топ

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Објавено пред

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го пробол татка си во градите по што тој починал.

Настанот се случи на 30 септември околу 5 часот во куќа на улицата Климент Охридски во Кочани. Според информациите на МВР, Д. С. (30) со нож му нанел убодни рани во градите на таткото В. С. (55), кој набргу починал од повредите. Претходно, Д. С. пријавил дека татко му физички ја нападнал неговата мајка Н. С. (46).

Д. С. е приведен во полициска станица, а од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Против него е поднесена кривична пријава за убиство.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет38 минути

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на бројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет58 минути

Eксплозии и пукање во Сирија, еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел Ајн во североисточна Сирија, на само еден ден по...

Европа2 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет13 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион15 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија16 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет17 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион18 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија18 часа

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија20 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија20 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ22 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија22 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ22 часа

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија22 часа

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа23 часа

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија23 часа

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Европа1 ден

Лаура Ковеси стана главен обвинител на ЕУ – ќе се бори против измами

Поранешната шефица на романската Дирекција за борбата против корупцијата, Лаура Кодрута Ковеси, ќе биде главен обвинител на Европската унија за...

Регион1 ден

Во Сараево малолетничка го убила новороденчето со помош на мајка си

Припадници на сараевската полиција уапсија малолетничка под сомнение дека го убила своето новороденче, а ја уапсиле и мајка ѝ под...

Досие