Топ
Во Тетово приведен наркодилер баран од германската полиција
Полицијата во Тетово приведе 30-годишен наркодилер по кого Интерпол Германија има распишано потерница.
Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка- постапија по меѓународна потерница од Интерпол Германија и вo Тетово го уапсија К.И. (30) кој се барал за сторени кривични дела поврзани со трговија на голема количина на кокаин и марихуана на територијата на Германија.
За ова кривично дело според германскиот кривичен закон се предвидува максимална казна затвор од 15 години.
Лицето, според законската процедура, ќе биде испорачано на германската полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
ДИК: Излезноста до 9 часот е намалена во однос на претходните избори за претседател и пратеници
Излезноста до 9 часот на претседателските избори изнесува 4,17 отсто,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„Споредено со вториот круг од претседателските избори во 2019 година, сега има намалување на излезноста до 9:00 часот за 1,9 проценти“, рече Даштевски.
Во однос на излезноста на парламентарните избори, до 9:00 часот, по обработени податоци од 1033 изборни места, гласале 4,45%.
Како што вели Даштевски, минимална е разликата на излезноста на денешните Претседателски избори во однос на вториот круг од изворите во 2019 година. Тој процент е помал за 1,99 отсто,
-Од тоа што го гледам, а тоа е највердостојно, апсолутно нема бојкот. Иста е излезноста, процентот е тој, одговори Даштевски.
Тој додаде дека најголема излезност моментално за претседателски избориима во Пробиштип, 8, 85 отсто а најмал во Боговиње.
Македонија
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, уверува Даштевски
Нема бојкот на претседателските избори, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател, вели претседателот на ДИК, Александар Даштевски.
„На неколку места се појавени технички проблеми, кои во меѓувреме се решаваат, таму гласањето ќе продолжи на стар начин со УВ ламба и спреј, а доколку се исправат техничките недостатоци, ќе се продолжи со техничката опрема. Такви места има во Кочани, Охрид, во Куманово, во Тетово и во Гази Баба.
Како што дополнува, има доставено и 15 приговори за избирачко право, и само три од нив се одбиени.
Во однос на излезноста на парламентарните избори, до 9:00 часот, по обработени податоци од 1033 изборни места, гласале 4,45%. Според податоците на ДИК, најголема излезност има во Пробиштип, а најмала излезност за парламентарните избори има во Боговиње (1,43%).
Во Македонија утрово започна вториот круг од претседателските и парламентарните избори.
Избирачките места, од кои вкупно 3.480, беа отворени во седум часот, а ќе бидат затворени во 19 часот.
Топ
Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк
Министерството за внатрешни работи информира дека за време на предизборниот молк регистрира настани за повреда на слободата на определување на избирачите, делење на бонови. Во сите наведени случаи се преземени и соодветни мерки од страна на полициски службеници.
На 07.05.2024 Е.Д. од Крњево пријавил дека во домот дошле три лица од ДИК, со цел неговиот дедо да оствари право на глас од избирачко место бр. 2828. Е.Д. се сомневал дека не биле лицата од ДИК, бидејќи не биле претходно известени и требало да присуствуваат пет лица. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на настанот.
На 07.05.2024 во координација со ОЈО Куманово преземени се активности во врска со настан дека лице од Крива Паланка на повеќе граѓани од Крива Паланка делело бонови за точење на гориво на бензинска пумпа. Извршен е претрес на простории на бензинската пумпа, каде во присуство на Ј.Ј. и М.Ѓ. биле пронајдени пет бонови за гориво во вредност од по 1.000 денари со втиснат датум од 08.05.2024 и еден бон за гориво во вредност од 2.000 денари, шест фискални сметки, а во торбата која ја носел вработениот пронајдени се два бона за гориво во вредност од по 1.000 денари и фискална сметка. Во просториите на ПС ОН Крива Паланка повикани се Б.С., С.М., М.Ѓ. и М.Д., сите од Крива Паланка поради извршување на службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.05.2024 во 18,25 часот, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, А.К. (24) од село Стримница пријавил дека се оштетени два банера со рекламен материјал од политичка партија кои биле поставени на кружен тек од улица „В.С.Бато“ со ул. „Маршал Тито“ во Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 07.05.2024 во 22,10 часот, Ц.Т. од Неготино пријaвила кривично дело „повреда на слободата на определување на избирачите“, извршено од Л.Р. од Неготино. Имено, според пријавеното, околу 20,17 часот, Ц.Т. добила телефонски повик од Л.Р. за поддршка за гласање, на што Ц.Т. одговорила негативно. Потоа Л.Р. и нагласила на Ц.Т. дека имала земено ИПАРД поддршка, по што го прекинала повикот. За настанот известен е надлежен јавен обвинител и ќе се преземат дополнителни проверки.
Во непосредна близина на избирачко место 1180 во ОУ „Христијан Т.Карпош“ во с.Драгоманце општина Старо Нагоричане забележани биле расфрлани летоци од политичка партија. Летоците се отстранети.
Од МВР информираат дека во текот на изборниот молк пријавени се и неколку случаи за наводно агитирање и нудење поткуп, но по преземени мерки од страна на полициските службеници тие наводи до сега не се потврдени.