Контакт

Топ

Големо истекување гас на бензинска пумпа во Скопје, двајца вработени завршиле во болница

Објавено пред

На бензинска пумпа во Скопје синоќа пукнал сигурносен вентил на резервоар за гас по што двајца вработени, кои се обиделе да го затворат вентилот, завршиле во болница бидејќи вдишале гас.

Како што информираат од МВР, околу 23.50 часот минути случаен минувач пријавил дека на бензинска пумпа на улицата Индира Ганди има големо истекување гас.

По пријавата, на терен излегла полициска екипа, која во разговор со вработените дознала дека додека тие полнеле кујнска боца, виделе дека пукнал сигурносниот вентил кај резервоарот и од него почнал да истекува гас.

Двајца вработени на возраст од 27 и 28 години се обиделе да го затворат вентилот од резервоарот, но вдишале гас и со возило на брзата помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош.

По интервенција на Противпожарната единица и одговорното лице од Институтот за одржување бензински пумпи, бил затворен главниот сигурносен вентил. Поради овој настан, сообраќајот на улицата Индира Ганди бил блокиран во двата правца од 00.10 до 4.30 часот наутро.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Објавено пред

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка.

Овој закон предвидува на младите до 23 години, по завршување на средно образование да им се доделуваат на нивните сметки по 3.000 денари за работа во производството.

„Со цел да се стимулира запишување во средни стручни училишта и поттикнување на вработување по завршување на средното образование, се наметна потребата од законско регулирање на мерка за обезбедување на додаток на младите лица до 23 години кои ќе се вработат или се вработени претежно во производните области“, стои во текстот на предлог-законот.

Парите за младински додаток ќе се обезбедат од Агенцијата за вработување, а месечно за оваа мерка се предвидени 13.200.000 денари.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за законот.

Прикажи повеќе...

Свет

Кинескиот град Вухан во изолација поради корона вирусот, сите транспортни мрежи ќе бидат затворени

Објавено пред

Сите кинески сообраќајни и транспортни мрежи ќе бидат затворени во кинескиот град Вухан, во кој се забележани првите случаи на новиот корона вирус, а на граѓаните им е советувано да не го напуштат градот, јавуваат денеска државните медиуми.

Автобускиот, подземниот, фериботскиот и меѓуградскиот сообраќај ќе бидат стопирани, а аеродромот и железничката станица затворени за сите патници утре, 23 јануари, со почеток во 10 часот по локално време.

Властите побараа од граѓаните да не го напуштат градот без итна потреба, пренесува „Ројтерс“.

Бројот на жртви на новиот корона вирус во Кина се зголеми на 17, додека бројот на пациенти се искачи на 540 лица, соопштија денеска официјалните лица.

Вирусот се шири од Вухан во други кинески градови, како Пекинг, Шангај, Макаи и Хонг Конг, а случаи со заболени се потврдени и во САД, Тајван, Јужна Кореја и Јапонија.

Прикажи повеќе...

Македонија

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Објавено пред

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како што беше посочено, е поради утврдени нерегуларности од страна на надлежните институции во работата на сегашниот концесионер.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска во Охрид изјави дека по низата реакции од медиумите, граѓаните и рибарите, МЗШВ во декември минатата година, веднаш побарала од Државниот инспекторат за земјоделство и од Агенцијата за храна и ветеринарство да направат вонредни инспекциски контроли. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, посочи дека веднаш се постапило и спровеле сите контролите на терен, со цел да се утврди дали концесионерот го почитува Договорот за концесија.

Димковски потенцираше дека во записникот од ДИЗ е констатирано дека Концесионерот не вршел навремена и целосна физичка заштита на рибите од риболовното подрачје Охридско еЕзеро, што е спротивно на Договорот за концесија.

„Во записникот се констатирани нерегуларности и во делот на пријавувањето на вработените и постапките за вработувања, коишто концесионерот ги спроведувал спротивно на Законот за рибарство и аквакултура. Концесионерот не водел точна, навремена и целосна евиденција на уловената риба согласно законските одредби, што исто така е спротивно на Договорот за концесија. Нашите политики и мерки се насочени кон заштита на езерата и рибниот фонд, нема да дозволиме некој да го злоупотребува ова наше природно богатство. Институциите ќе продолжат да работат во интерес на граѓаните, согласно законите“, изјави министерот Димковски.

Откако ќе заврши постапката за раскинување на концесијата, МЗШВ ќе објави нов јавен повик за доделување на концесија за Охридското Езеро.

Притоа министерот Димковски потсети дека во декември минатата година исто така до МЗШВ е стигнат допис и од Министерството за внатрешни работи – Регионален центар за гранични работи „Запад-Охрид“. Во него се посочува дека постои отсуство на преземени активности од страна на концесионерот на Охридското Езеро „Летница-Белвица“, во делот на контролите за откривање и спречување на криминал. И за овој записник согласно надлежностите, МЗШВ веднаш ги извести Државниот инспекторат за земјоделство, Пазарниот и Трудовиот инспекторат, како и Агенцијата за храна и ветеринарство, за да се извршат вонредни инспекциски контроли на терен.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Изгласан Законот за младински додаток: Младите до 23 години ќе добиваат по 3.000 денари за работа во производство

Вечерва во Собранието пратениците го изгласаа Законот за младински додаток по скратена постапка. Овој закон предвидува на младите до 23...

Свет3 часа

Кинескиот град Вухан во изолација поради корона вирусот, сите транспортни мрежи ќе бидат затворени

Сите кинески сообраќајни и транспортни мрежи ќе бидат затворени во кинескиот град Вухан, во кој се забележани првите случаи на...

Македонија7 часа

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија7 часа

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Македонија7 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја тужи Царовска за в.д. директорите во центрите за социјална работа

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе биде поведена постапка за злоупотреба на службена дожност против ексминистерката Мила Царовска поради тоа што,...

Топ7 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија8 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија9 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија10 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија10 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија10 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет10 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет11 час

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет11 час

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион11 час

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Свет12 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет14 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет15 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија15 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура1 ден

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Досие