Црна хроника
Грци тешко повредени откако со возило излетале од скопската обиколница

Вчера во 6:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Северна обиколница на град Скопје, кај надвозник за с. Смилковци, патничко возило „нисан кашкаи“ со грчка национална ознака, управувано од И.Н.(64) од Република Грција, изгубило контрола и излетало од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот И.Н. и сопатничката М.К.(64) од Република Грција, на кои им била укажаната лекарска помош во Градската општа болница „8 Септември“.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Загина градежен работник од Скопје

Вчера на место викано „Рашанец“ на регионалниот пат Охрид – Ресен, каде што извршувал градежни работи, бил пронајден починат А.И.(47) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.
Известен бил Јавен обвинител и трудова инспекција, а увид извршила увидна екипа од СВР Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Топ
Дете од Прилеп загина при пад од дрво

Малолетно момче од селото Црнилиште, Прилепско загина вчера по пад од дрво.
Момчето од здобиените повреди починало на лице место.
Според информациите од МВР, при несреќата уште едно лице се здобило со повреди.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај малолетникот, а полицијата извршила увид.
Црна хроника
Млад охриѓанец со оружје и’ се заканувал на поранешната девојка

Дваесет и тригодишен охриѓанец со огнено оружје и’ се заканувал на својата поранешна девојка.
Од полицијата информираа дека момчето е приведено.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.