Црна хроника
Доктори и вработени во прилепската болница се тепале за стрес-тест апарат

Доктор во Прилеп пријавил дека бил нападнат од вработени во ЈЗУ Општа болница Прилеп.
Г.Ј. (48) од Прилеп, пријавил дека на 02.06.2022 околу 11.30 часот во амбулантата за спортска медицина лоцирана во Центарот за јавно здравје Прилеп, пријавителот – доктор бил физички нападнат од страна на В. Д. и И.С., вработени во ЈЗУ Општа болница Прилеп.
На 03.06.2022 во ОВР Прилеп, К.С(47), директор во ЈЗУ Општа болница Прилеп пријавила дека на 02.06.2022 околу 11.00ч. додека пријавителката била во Одделот за спортска медицина, заедно со комисијата на Болницата, со цел физичко дислоцирање на Стрес-тест апарат, истата била физички нападната од докторот Г.Ј. бидејќи се противел на интерната одлука за дислокација на апаратот и ги спречувал службените лица во вршење службено дејствија.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот и по целосно документирање, ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Загина 24-годишен градежник од Кичево

Ј. Е. (24) од кичевското село Зајас, при изведување градежни работи со градежна машина во двор, сопственост на Н. Г. (69) од селото Србица, паднал и добил тешки телесни повреди по што починал во болницата во Тетово.
Увид бил извршен и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот му било дадено на семејството, соопшти МВР.
Црна хроника
Бик го усмртил својот сопственик на сточниот пазар во Гостивар

Жител на селото Врбен во општина Маврово Ростуше починал од повреди што му ги нанел бик при истовар од камион на сточниот пазар во Гостивар.
Според СВР Тетово, денеска во 9 часот во СВР Тетово е пријавено дека на добиточниот пазар во Гостивар, при истоварање од камион, бик го удрил неговиот 82-годишен сопственик Љ.С. од гостиварското село Врбен.
Пензионерот се обидел да го наведе животното да се симне од приколката на камионот, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската општа болница „Ферид Мурад”, каде веднаш бил пренесен за укажување лекарска помош, но тој им подлегнал на повредите.
Црна хроника
Прегазил пешак и побегнал, полицијата го пронашла

На 7.7.2022 околу 00:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на сервисната улица која ги поврзува ул. Јордан Мијалков и ул. Македонија, патничко моторно возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(20) од Скопје, удрило во пешакот С.Б.(31) од Скопје.
По несреќата, Н.М. го напуштил местото, но набргу потоа бил пронајден и приведен.
По несреќата, С.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.