Топ
Жител на Шипковица го предизвикал пожарот, запалил отпад до шумата

Полицијата вчера затекнала жител на Шипковица како запалил отпад во дворот на угостителски објект во близина на шумата. Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
„ На 10.08.2021 во врска со пожарот кај влезот во тетовското село Шипковица, пријавен во 19.40 часот во Полициското одделение Попова Шапка, полициски службеници го затекнале Н.Б.(58) од Шипковица, кој во дворот на угостителски објект кој граничи со шумата, запалил смет и други отпадни работи“ сооопшти МВР.
Во кооординација со Јавен обвинител со него е извршен службен разговор, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Стојанов ја врати објавата со која нуди 200 евра за името на македонскиот полицаец, обвинител испитува дали ќе одговара кривично

Објавата преку која основачот на бугарската фондација „Македнија“, Виктор Стојанов, нуди 200 евра во замена за идентитетот на полицаецот од граничниот премин „Деве Баир“ повторно вратена на „Фејсбук“. „Макфакс“ контактираше со фондацијата од каде не одговараат зошто на претседателот Стојанов му е потребено името и презимето на полицаецот, а се фалат дека објавата си стои.
„Проверете го ФБ профилот на Виктор Стојанов. Објавата стои“, велат од бугарската фондација.
Објавата на Стојанов допре и до македонските институции. Министерството за внатрешни работи испратило известување до скопското Обвинителство за потегот на фондацискиот претседател.
„Со проверка на наводите и дополнителни консултации ќе биде одлучено дали во конкретниот настан има елементи за кривична одговорност согласно македонското законодавство“, велат од Обвинителството за „Макфакс“.
Во медиумите и на социјалните мрежи, објавата на Стојанов беше протолкувана како закана за полицаецот. Имаше низа реакции во кои се бараше одговорност за барањето од Стојанов. Од бугарска страна, тој доби поддршка под објавата.
Стојанов и е познат на македонската јавноста откако не му беше дозволено во Македонија да внесе т.н. „бугарски книги“. Потоа, фондацијата со која раководи објави понуда со која дава по 30 евра на децата од Македонија за да учат бугарски јазик.
Македонија
Таравари за „Макфакс“: Има реални шанси денес или утре да се заврши договорот за влез на Алијансата во Владата

Привршуваат преговорите за распределбата на ресорите помеѓу Владата и Алијансата за Албанците. Ова за „Макфакс“ го потврдува партискиот претседател Арбен Таравари. По дефинирањето на програмските определби, се привршува и со другите отворени прашања.
„Сè уште нема дефинитивна одлука. Има реални шанси денес или утре да се заврши“, вели Таравари за „Макфакс“.
Засега, иако неофицијално, извесно е кои две министерства ќе им припаднат на кадри од Алијансата за Албанците. Тоа се Министерството за здравство, со кое моментно раководи Алтернативата, и Министерството за правда, со кое моментно раководи кадар на СДСМ.
Извесно е дека Таравари и неговата партија ќе добијат и директорски места во повеќе институции.
Маја Терзиова
Македонија
За набавка на „трикафта“ за осум пациенти, Собранието треба да смени три закони

Министерот за здравство, Беким Сали, ќе иницира измени на три закони за да се овозможи набавка на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза преку директни преговори со фабриката производител. Иако се стремеле да го набават лекот за вкупно 30 пациенти, во првата набавка извесно е дека ќе се обезбеди терапија, само за осуммина, чија состојба е критична, за другите е само стремеж.
„Давањето законска можност за директно преговарање со фабриката може да ни овозможи пониска цена за терапијата поради барањето условите за преговарање да не бидат јавни затоа што фабриките имаат регионални политики и даваат посебни понуди за одредени држави. Знаејќи ги условите кај нас, тие сигурно би дале за нас пониска цена. Во контакт сме со фабриката и се подготвуваат законските измени, кои ќе ни овозможат директно да преговараме. Законот за лековите, Законот за јавните набавки и Законот за здравственото осигурување се законите што треба да ни го овозможат тоа“, рече министерот Сали.
Средства за терапијата за првите осуммина пациенти ќе обезбеди Фондот за здравствено осигурување, а набавката на лекот би одела преку Клиниката за педијатрија. Во тимот за преговори министерот Сали најави дека ќе биде и член на Асоцијацијата за цистична фиброза, кој ќе може да известува за разните фази од набавката.
Министерот Сали денес уште еднаш објасни дека набавката на лекот „трикафта“ не е планирана во буџетот за годинава. Тој се надева дека в година Министерството и Фондот за здравство ќе бидат подобро спремни за набавка на лекот за другите пациенти.
Во саботата пациентите со цистична фиброза преку протест пред Владата им кажаа на институциите дека лекот треба да се набави за сите и оти немаат време за долги процедури за набавка.