Топ
Загина вработен во резерватот „Јасен“

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи во резрватот „Јасен“ загина еден човек, вработен во јавното претпријатие.
Спроед првичните информации, несреќата се случила кога на службеното комбе, во кое се превезувале петмина вработени, му откажале сопирачките и се превртело.
Притоа, еден од патниците починал, возачот е потешко повреден, додека останатите патници се здобиле со полесни повреди.
По извршениот увид, дежурниот јавен обвинител нареди обдукција на телото на починатиот работник, како и вештачење на возилото во кое се превезувале работниците. Меѓудругото, ќе се проверува и сервисната историја и претходното одржување на возилото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Заев и Ципрас: Договорот им го посветуваме на младите генерации и нивната иднина

Премиерот Зоран Заев заедно со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас, денеска зедоа учество на панелот „Разговор со добитниците на наградата ‘Евалд Фон Клајст’“, признание кое годинава им е доделено на нив двајцата, поради како што беше посочено, особен придонес за мирот и безбедноста во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса.
На панелот за наградата која ја доделува Минхенската конференција за безбедност во одделни дискусии настапија Заев и Ципрас.
Заев го потсети форумот во Минхен дека тој и Ципрас покажале дека со кршење на стереотипите во политиката се активирала енергија која помогнала да се креираат нови правила на однесување за решавање на отворените, сложени, прашања, истовремено со создавање пријателство.
„Им го посветуваме Договорот на младите генерации за нивната иднина, вредеше“, рече премиерот на Република Северна Македонија и додаде дека Договорот од Преспа е достоинствено и прифатливо решение за двете страни.
Заев, информираше дека низ целиот процес доминирала добра и силна политичка волја да се најде решение, без да се затвора процесот во рамки или да се оградува со црвени линии, и токму таа посветеност, според него, помогнала да се препознае дека компромисот е вештина која овозможува, дека секој нов чекор е чекор повеќе до решение и дека невозможното сепак може да биде возможно.
Грчкиот премиер во дебатата нагласи дека историјата не ја пишуваат тие кои шират страв, туку тие кои се охрабруваат и создаваат решенија за генерациите што доаѓаат и дека тој и, како што кажа, неговиот пријател Заев ја избрале вистинската страна на историјата.
Свечениот дел од врачувањето на наградата на конференцијата „Евалд Фон Клајст“ на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас ќе се одржи вечерва на церемонија чиј домаќин е премиерот на Федералната држава Баварија, Флориан Херман.
Македонија
Силјановска е претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија многу ми даде, сега е ред јас да вратам

Гордана Силјановска и официјално е избрана за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ од страна на делегатите на партијата на денешната конвенција во Струга.
Со 408 од 519 гласа, Силјановска доби огромна поддршка како претендент за претседател и победата во гласањето со кое се одлучуваше меѓу деветмина кандидати ја однесе уште во првиот круг.
„Чест ми е што дојде време жена да биде кандидат за претседател бидејќи Македонија е во женски род, исто како и Европа. Во оваа прилика сакам да упатам порака дека ЕУ сега треба да ни подаде рака на нас бидејќи како таква ЕУ е недосвирена симфонија и не може без Балканот. А таму и на Македонија и е местото“, порача Силјановска која ја совладаа емоциите.
„Владата треба да има тим. Не ми се допаѓа оваа синтагма ‘Едно општество за сите’, проблематична e, ние имаме две општества, две влади, тоа не може така да функционира. Ќе го споменам и Уставниот суд кој не се одважи да донесе мрека за укинување на еден закон. За ова што го говорев велат дека сум била во групата на средни националисти, но ќе ви откријам нешто – не сум националист. Родена сум во турска куќа, а мојот брат има побратимство со албанско семејство, па можам ли да бидам националист“, порача таа додека во салата се слушаше гласно скандирање „ВМРО-ДПМНЕ“.
Силјановска го цитираше Кенди, кој како што кажа, рекол дека многу добил од САД, а таа рече дека од Македонија како родна земја добила многу и сега е нејзин ред да врати.
За Претседател на Република Македонија ќе се гласа на 21 април, а вториот круг ќе биде на 5 мај.
Регион
Тензични протести во Тирана: Приврзаниците на опозицијата се судрија со полицијата

Повеќе од илјада приврзаници на опозицијата се судрија денеска со полицијата на антивладините протести во Тирана, барајќи оставка на премиерот Еди Рама и вонредни избори.
Демонстрантите во еден момент се пробиле низ полицискиот кордон и се обиделе да упаднат во канцеларијата на премиерот. Во таа прилика, со метални шипки ги скршиле вратите на владината зграда и фрлале молотови коктели. Демонстрантите уништиле две големи уметнички инсталации пред зградата, но не успеале да влезат внатре, објави агенцијата АП.
Група демонстранти протестирала и против намерата на владата да изгради обиколница околу Тирана, а меѓу нив биле и станари чии куќи треба да се урнат поради овој инфраструктурен проект.
Полицијата фрлила солзавец за да ги потисне демонстрантите, а според Министерството за здравство, 15 лица се повредени, меѓу кои и седуммина полицајци.
Албанскиот претседател, Илир Мета, ги повика демонстрантите на воздржаност, а европските официјални претставници повикаа да се смират тензиите.
- Истражувања3 месеци
(ВИДЕОИСТРАЖУВАЊЕ) Како Груевски го купуваше имотот на ВМРО-ДПМНЕ
- Истражувања2 месеци
Во дворот на МЗТ ќе се гради фабрика за преработка на медицински отпад, паника кај околните фирми
- Проверка со факти3 месеци
Заев прифаќа амнестија за 27 април, а тврдеше дека нема да има
- Истражувања1 месец
(ВИДЕО) Градоначалничката на Арачиново со службени пари купувала суџук, мирисливи свеќи, пилешки гради и дрвени лажици
- Истражувања2 месеци
Фондот за иновации прво одобрил грант од 200 илјади евра на сопругот, па ја вработил сопругата
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Шекеринска: Нема да се пазариме со амнестија
- Проверка со факти2 месеци
(Видео) Макрадули: Популизмот не помага при решавање со загадувањето
- Македонија1 недела
Скандалозна распределба на пари во култура – има за тетовски, нема за скопски џез-фестивал