Топ
Запленет хероин вреден 200.000 евра – приведено едно лице
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, синоќа на ул. Босна и Херцеговина во Скопје го приведоа А.О. (37) од Гостивар.
Кај него се пронајдени околу пет килограми хероин во вредност од околу 200.000 евра, кои ги носел во ранец. При преглед на ранецот пронајден е хероинот, кој бил спакуван во девет пакувања.
Пронајденото е одземено, А.О. е лишен од слобода и во текот на денот до надлежното ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по член 215.
Министерството за внатрешни работи продолжува со континуираната борба против недозволената трговија со дрога, за што сведочат и постојаните заплени на дрога и приведување на лицата што ги вршат овие кривични дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево
Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини го стабилизираме и најголем дел се со галерии, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска од Охрид.
Тој истакна дека овие зафати за прв пат се прават во Македонија и ретко каде во регионот има такви инженерски потфати.
„Таму отидовме со решение, кое по мене требало да се направи уште кога почнал да се работи овој проект, за жал проекти немаше, геолошки истражувања немаше. Сега се направија проекти за 16 свлечишта, од кои што 14 ги стабилизираме, најголем дел се со галерии, едната е веќе готова кај селото Извор, втората почнува да се работи, очекувам до пролет три да се целосно завршени. Најголемиот проблем е кај селото Ботун, цела планина буквално се спушта таму. Таму ќе одиме со стабилизација во земја, 14-21метар ќе се спуштаме во земја, чисто за споредба тоа се згради од 4 до 5 спрата. Станува збор за техники кои што се модерни и најнови во инженерскиот систем, ветивме дека ќе го завршиме автопатот и ќе го завршиме, без разлика што се’ треба да се направи“, рече Николоски.
На новинарско прашање, дали во рокот ќе заврши изградбата на автопатот, вицепремиерот Николоски истакна дека динамиката на работите е одлична и дека очекувањата се автопатот да биде пуштен во рамките на договорениот рок.
Македонија
Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се врши тестирање, калибрација и верификација на поставените камери за сообраќаен надзор.
Тестирањата ќе се реализираат секој ден во периодот од 08:00 до 20:00 часот.
За време на спроведувањето на овие активности, возилата на локациите каде што се врши тестирањето нема да бидат пропуштани додека трае постапката.
Во првата недела од предвидениот период, активностите ќе се спроведуваат исклучиво на локациите со поставени камери на подрачјето на град Скопје.
„Ги повикуваме граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат привремените ограничувања, како и да покажат разбирање, трпение и соработка со цел непречено и безбедно реализирање на планираните активности“, велат од МВР.
Свет
(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија
Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува да го проверува подрачјето каде што се случила железничката несреќа во Адамуз, користејќи ги сите расположиви ресурси, вклучително и хеликоптери.
Погледнете го видеото објавено од службите за итни случаи кое покажува како изгледа моментално местото на железничката несреќа во Адамуз.
Во возот имало 294 лица, вели компанијата што го поседува возот што прв излета од шините.
Поради сериозната несреќа, премиерот на Шпанија, Педро Санчез, ја откажа посетата на Светскиот економски форум, кој се одржува во Давос, Швајцарија, од 19 до 23 јануари.
Санчез ги откажа сите планирани обврски за добивање информации од прва рака за ситуацијата по излетувањето на два брзи воза што се случи вчера.

