Црна хроника
Затвореник организирал внесување на дрога
Затореник во КПУ Штип со друго лице договорил набавка на марихуана и таблетки „бупренорфин“ и организирал внесување на пакет наманет за друго лице.
Тоа се случило на 09.06.2020 година, додека пријавениот бил на издржување казна затвор во Казнено-поправната установа Штип. При преглед на пакетот дрогата и таблетите биле пронајдени и одземени.
СВР Штип поднесе кривична пријавa против С.С.(35) од Куманово, поради „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
17-годишник пукал од неговото кон друго возило
Малолетник од Скопско пукал од неговото кон друго возило.
Имено утрово во 01.00 часот во СВР Скопје, Н.С.(18) од с.Арнакија, скопско, пријавил дека на 23.05.2024 околу 23.30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во близина на с.Чајлане, 17-годишник од с. Бојане, скопско, кој бил со патничко возило „фоклсваген пасат“, а со кого претходно имале расправија, пукал кон Н.С. и неговото возило „сеат леон“.
Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Полицаец бил нападнат од осуденик во затворот Идризово
Осуденик нападнал полицаец во затворот Идризово, соопшти полицијата.
Синоќа во 22.16 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20.30 часот во амбулантското одделение во Казнено поправната установа Затвор-Идризово Скопје, полициски службеник додека извршувал службени дејствија бил физички нападнат од З.П., осуденик во установата.
МВР информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Се судрија товарни возила во Битола: тешко повреден сопатник
Во СВР Битола, вчера во 13.15 часот било пријавено дека на крстосницата од бул.„1-ви Мај“ и ул.„Широк сокак“, кај Саат кула во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(45) од с.Долно Оризари, битолско и товарно возило „ивеко“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(50) од с.Лопатица, битолско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатник од возилото „ивеко“ А.М.(48) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.