Топ
Исчезнатиот Атанасовски пронајден мртов
Денеска околу 13 часот е пронајдено безживотно машко тело во Нерези, на патот кон вила „Веранда“, потврдуваат од МВР. Неофицијално, телото било во бездна, а на патот било оставено возило марка „поло“. Според неофицијални информации, станува збор за 35-годишниот Горан Атанасовски, кој вчера беше пријавен за исчезнат од страна на неговото семејство.
Последните информации на семејството биле дека тој бил виден кај трговскиот центар „Беверли“, од каде заминал со сиво металик „фолксваген поло“ со регистарски таблички СК-3104-АО. Тој бил облечен во кошула и панталони, а семејството бараше помош преку споделување фотографија на социјалните мрежи.
Безживотното тело е предадено на Судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Предадени трите девојки што ги држеше Хамас во заложништво, фотографирани се во автомобил
Израел потврди дека ги презел трите девојки кои Хамас ги држеше во заложништво и веќе се на пат кон дома.
Црвениот крст кој првично ги презеде од Хамас соопшти дека се во добра состојба, изјави израелски претставник за Си-Ен-Ен.
„Состојбата на трите заложнички е добра по првичниот лекарски преглед“, се вели.
Хамас на првиот ден од примирјето ги ослободи Дорон Штајнбрехер, Емили Дамари и Роми Гонен кои беа грабнати на 7 октомври во 2023 година.
Hamas has just handed over the Three Hostages to the Red Cross. pic.twitter.com/4IyAtdrH0T
— OSINTdefender (@sentdefender) January 19, 2025
Hamas Security Forces are continuing to struggle, as they attempt to move the Crowd away from the Path of the Red Cross Convoy, now containing the Three Hostages. pic.twitter.com/HuEQags2Xo
— OSINTdefender (@sentdefender) January 19, 2025
Дорон Штајнбрехер (31), ветеринарна сестра, била во нејзиниот стан во Кибуц кога нападнал Хамас. Во 10:30 на 7 октомври, таа им испратила порака на пријателите: „Тие се тука, ме фатија“.
Емили Дамари (28), која има двојно британско-израелско државјанство, беше земена како заложник од Кибуц. Зборувајќи на комеморацијата во Лондон на 6 октомври 2024 година, нејзината мајка Менди рече дека заложниците ослободени минатиот ноември и кажале дека имале контакт со Емили за време на нејзиното заробеништво.
Роми Гонен (24) била фатен додека се обидувала да побегне од фестивалот Супернова. Нејзината мајка, Мерав Лешем Гонен, се обрати пред Советот за човекови права на ОН во јуни, апелирајќи за меѓународна помош за ослободување на заложниците.
Нивните семејства во исчекување го следат нивното враќање дома.
The mothers of Doron, Romi, and Emily watching their daughters return to Israel: pic.twitter.com/n9jQsNDWGd
— Israel War Room (@IsraelWarRoom) January 19, 2025
(Обновено)
Македонија
Се запали бутик во зграда во Карпош, огнот се прошири кон уште еден стан и два автомобили
Пожар избувна доцн синоќа во бутик во Карпош, на улицата Разловечко востание.
Бутикот кој е во сопственост на И.М.(54) од Скопје бил лоциран на приземјето од станбена зграда. Повредени лица нема.
Од пожарот била зафатена фасада од зградата, делумно зафатен стан кој се наоѓал над бутикот, клима уред и дел од прозори на уште еден стан.
Исто така, изгореле две патнички возила кои биле паркирани во непосредна близина.
Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Македонија
Пари, дрога и оружје се одземени во акцијата во која беше уапсен Штекли, се бара притвор за 10 лица
Пари, дрога, возила, мобилни телефони и оружје биле одземени во полициската акција за сузбивањето на криминалната крупа во која уапсен беше Раде Трајковски, познат како Штекли.
Според информациите од полицијата, групата броела 14 членови, а била составена од лица од Скопје. Криминалната група подолг период вршела кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога.
„Основаните сомневања се дека организаторот на криминалната група преку нејзините припадници вршел дистрибуција и улична продажба на наркотична дрога директно до корисниците“, велат од МВР.
Извршени биле претреси на 21 локација во Скопје и Гевгелија, а на одземените предмети ќе им биде извршено форензичко вештачење.
Од Обвинителството информираа дека под истрага се сите 14 членови на групата, а приведени се 10 лица за кои се бара притвор.
„Ценејќи ги околностите, поврзаноста на осомничените, како и кривичните дела што им се ставаат на товар, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје достави Предлог за определување на мерка притвор за 10 лица, еден од осомничените е веќе во притвор, а останатите тројца не се достапни на органите на прогонот“, велат од Обвинителството.
Со оглед на тоа дека активностите во врска со оваа акција сѐ уште траат, јавноста навремено ќе биде информирана во текот на наредните денови.