Црна хроника
Казни за 159 возачи во Скопје, 54 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.3.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 159 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 11 мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 12 мерки за користење мобилен телефон, 54 за непрописно паркирање…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден малолетник во Сарај, откако моторно возило удрило во него

Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Кондово, општина Сарај, патничко моторно возило „опел зафира“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ф.(52) од с.Радуша, општина Сарај, удрило во малолетник од с.Кондово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Црна хроника
„Фиат“ удри пешак во Струга, лицето се здобило со тешки телесни повреди

Синоќа околу 16.30 часот во ОВР Струга било пријавено дека на улица „Владо Малески“, патничко моторно возило „фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Р.В.(21) од с.Велешта, струшко, удрило во Љ.Н.(72) од Прилеп.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирана во Општа болница Струга.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Скопјанец фатен како превезува мигранти – не застанал на полициски знак и удрил во друго возило

Приведен 26-годишен скопјанец, кој е фатен како превезува мигранти од Сирија и Авганистан.
Според информациите од МВР, И. Б. бил фатен на автопат А1 во правец Смоквица – Демир Капија, при што во патничко моторно возило „фолксваген голф“, со велешки регистарски ознаки, превезувал шест лица – мигранти од Сирија и Авганистан.
И. Б. при обид да биде сопрен од полициски службеници не застанал и на местото наречено Црвени Брегови со возилото удрил во патничко моторно возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. К. од Гостивар.
Известен е јавен обвинител. И. Б. е задржан во Полициската станица Неготино и по насока на јавен обвинител, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 418-б, ст. 2 од Кривичниот законик.