Контакт

Топ

Камион излетал од патот во близина на ГП Блаце, возачот починал од срцев удар

Објавено пред

Товарно возило со косовски регистарски ознаки вчеравечер излетало од патот во близина на Граничниот премин Блаце соопштија од МВР. Возачот на возилото, кој бил пренесен во болница поради укажување лекарска помош, починал од срцев удар.

Според полицијата, настанот се случил вчера, 3.8.2021, во 21 часот, кога на магистралниот пат Граничен премин Блаце  – Скопје, Н. Б. (55) од Приштина, управувајќи товарно возило „ман“ со полуприколка, со косовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.

Н. Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември” за укажување лекарска помош, но починал од срцев удар.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Жител на Сарај уапсен поради кражба на графички картички и струја за „копање“ на биткоини

Објавено пред

Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А.

Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени „битмејн“ и графички картички, кои потекнуваат од кривично дело тешка кражба извршена на 14 март годинава на улицата „Петар Драганов“, а биле користени за копање биткоини.

При претесот, исто така, било утврдено дека 39-годишникот врши и кражба на електрична енергија.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави за тешка кражба и кражба на електрична енергија.

Прикажи повеќе...

Свет

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Објавено пред

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили, меѓу кои седум деца, бил трагична грешка.

„Не е веројатно дека возилото и оние кои загинаа, на некој начин биле поврзани со џихадистичката група Исламска држава – Корасан (ИСК) или дека тие претставувале директна закана за американските сили“, изјави Кенет Мекензи, началник на американските сили во Авганистан, пред нивното конечно повлекување.

„Нашата истрага заклучи дека нападот бил трагична грешка“, додаде тој, истакнувајќи дека ја презема целата одговорност.

„Изразувам мое најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на убиените“, продолжи началникот.

Тој потсети дека нападот со дрон на 29 август во Кабул имал за цел да спречи непосредна закана од ИДК, неколку дена по атентатот на таа група во кој беа убиени 13 американски војници во близина на аеродромот во Кабул.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Објавено пред

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на премиерот Зоран Заев со генералната директорка за Западен Балкан во Службата за надворешна политика на ЕУ, Ангелина Ајкхорст.

Како што информираше премиерот Заев вечерва на својот фесјбук-профил, на работна средба присуствувале и заменикот на Ајкхорст, Марко Маковец,и шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја, Дејвид Гир.

„Со заменик-претседателот во Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, потенциравме дека ќе биде клучно Самитот на ЕУ со Западниот Балкан да даде јасна порака за европската иднина на регионот, но уште поважно, ЕУ да ја имплементира одлуката од март 2020 со што Северна Македонија ќе ги започне пристапните преговори. Со соседна Бугарија и понатаму ќе продолжиме да бараме европско решение што ќе овозможи двојна победа“, вели Заев во објавата.

Воедно, тој посочи дека соговорниците уште еднаш ја изразиле поддршката на Брисел верификувана и од одлуката на Европскиот совет дека Северна Македонија и ЕУ треба да ја одржат првата меѓувладина конференција од тој процес.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Жител на Сарај уапсен поради кражба на графички картички и струја за „копање“ на биткоини

Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А. Како...

Свет3 часа

Американската војска призна: Во нашиот напад со дрон во Кабул загинаа 10 цивили

Американската војска во петокот потврди дека нејзиниот последен напад во Кабул кон крајот на август, во кој загинаа десет цивили,...

Македонија15 часа

Заев: Со Бугарија ќе бараме европско решение за двојна победа

Актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и состојбите во регионот беа главна тема на средбата на...

Македонија18 часа

29 починати и 561 нов случај на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.384 тестирања, а регистрирани се 561 нов случај на...

Македонија20 часа

Почина двегодишно дете со Ковид-19 кое имало претходни здравствени проблеми

Од Министерството за здравство информираат дека во денешната статистика за Ковид-19 на Институтот за јавно здравје ќе биде заведено и...

Македонија21 час

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози

Од следниот месец сертификатот за вакцинација ќе важи само со две дози, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тоа значи...

Македонија23 часа

„Избери живот, гласај зелено!“ – ДУИ го откри слоганот за локалните избори

„Избери живот, гласај зелено!“ е слоганот со кој Демократската унија за интеграција ќе настапи на претстојните локални избори, кои ќе...

Македонија24 часа

Русковска барала вештачење на телефонот со кој бил фотографиран Рашковски

Шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, стапила во контакт со сопственикот на порталот каде што беше...

Македонија1 ден

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред два дена ја добило документацијата за модуларната болница во Тетово...

Македонија1 ден

Маричиќ: Власта не се меша во истрагата за пожарот во Тетово

Власта воопшто не се меша во истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово. Да сакаше да се меша, немаше...

Македонија1 ден

(Видео) Мисајловски: Одбивањето оставки од Владата за трагичниот случај во Тетово значи дека немаат морал

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на денешната прес-конференција во врска со трагедијата во Тетово и прашањето за оставки во Владата...

Македонија1 ден

Бугарија ѝ донира на Македонија 50.000 вакцини од „Фајзер“

Синоќа, во 21 часот пристигнаа вкупно 51.480 „Фајзер-Бионтек“ вакцини како донација од Бугарија. „Вчера, Северна Македонија доби донација од повеќе...

Регион1 ден

Словенија воведе задолжителна вакцинација за вработените во јавната администрација

Сите вработени во јавната администрација во Словенија, кои не прележале коронавирус и кои не се вакцинирани, задолжително ќе мора да...

Свет1 ден

И Холандија воведе сертификат за вакцинација за влез во ресторани, кафулиња, музеи…

Во Холандија од 25 септември за влез во кафулињата, рестораните, музеите, театрите и на културни настани ќе биде потребен сертификат...

Македонија2 дена

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија2 дена

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет2 дена

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија2 дена

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет2 дена

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија2 дена

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Досие