Црна хроника
Камион удри двајца малолетници во Скопје

Две малолетни лица се тешко повредени кога во нив вчера удрил камион на ул. Индира Ганди во Скопје.
Во незгодата едниот малолетник се здобил со тешки телесни повреди, а другиот со телесни повреди, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Илегално влегол во земјата и дал лажен исказ: пронајден француски државјанин, кој во Франција бил пријавен за исчезнат

Полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица заедно со припадниците на ФРОНТЕКС го пронајдоа С. И. (21) од Франција, кој во својата земја бил пријавен за исчезнат.
Тој бил затекнат при илегален влез на територија на Република Северна Македонија и дал лажен исказ за личните податоци.
Но, по дополнителни проверки во соработка со Секторот за меѓународна полициска соработка, на 27.9.2023 е добиена потврда од француските власти дека станува збор за С. И., француски државјанин, кој во својата земја се води како исчезнат од 11.3.2023.
Во согласност со законските регулативи лицето ќе биде предадено на семејството.
Црна хроника
Приведен шверцер на мигранти од Струга, пронајдени 33 лица

Денеска, во 11.30 часот, полициски службеници од РЦ за ГР „Југ“ – ПС за ГП и ГН Богородица, во близина на бензинска пумпа на автопатот А1 кај Гевгелија, го лишија од слобода И. М. (41) од Струга, кој со товарно возило „фиат дукато“, со охридски регистерски таблички, превезувал 33 мигранти.
Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Мигранти се тепале во кругот на тетовскиот Универзитет: еден завршил во болница, а тројца се приведени

Приведени тројца мигранти поради меѓусебна тепачка во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.
Според информациите, денеска, околу 11 часот, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле М. Ф. (23) и А. Ш. (19) од Таџикистан и И. Т. (20) од Пакистан, кои претходно биле пријавени дека околу 10 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, меѓусебно физички се пресметувале.
Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х. Т. (21) од Пакистан, кој добил повреди и набргу бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот по што против инволвираните, кои, според првични информации, се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци.