Црна хроника
Кривична пријава за полициски командир во Виница
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против полицискиот службеник М. А., командир на Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај Виница при ОВР Виница, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето по член 353, став 1 од Кривичниот законик.
Пријавениот, на 31.8.2022, во својство на службено лице, ги пречекорил границите на своите овластувања и не дозволил да биде изготвен прекршочен платен налог на возач на автобус на правно лице од Кочани за сторен сообраќаен прекршок по член 42, став 1 и 3 од Законот за возилата, констатиран во станица за технички преглед, а во износ од 400 евра во денарска противвредност, со кој износ, бидејќи не е наплатен, го оштетил буџетот на РСМ. Пријавениот дополнително не дозволил да се преземат мерки за сторениот сообраќаен прекршок против одговорното лице во правното лице.
Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против М. А. ќе биде поведен предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, како и негово отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото
Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје
Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Пациент во Тетово нападнал лекар и полицаец во болница
Полицијата од Тетово вчера попладне го приведе М.М. (28) од селото Челопек, по пријава дека во Клиничката болница во Тетово агресивно се однесувал кон медицинскиот персонал и физички го нападнал Л.А. (31) од село Желино, лекар кој се обидувал да му укаже лекарска помош.
Според МВР, по пристигнувањето на полицијата, осомничениот продолжил со агресивното однесување и нападнал и еден од полициските службеници.
М.М. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

