Црна хроника
Кривична пријава против тетовец поради сторено кривично дело убиство во обид

Наворешната канцеларија за криминалистички работи во Гостивар поднесе кривична пријава против 33-годишниот С.Б. од село Горно Седларце, Тетовско поради основи на сомнение за сторено кривично дело убиство во обид.
Како што се наведува во соопштението на МВР, во август годинава околу 10.40 часот во Гостивар, во село Долна Бањица, пред домот на 54-годишниот А.У., зетот за ќерка му, С.Б. од село Горно Седларце, Тетовско, со пиштол пукал кон А.У. повредувајќи го во пределот на стомакот по што А.У. со возило на итната медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Човечки труп извлечен од Вардар во Долно Лисиче

Вчера во полицијата било пријавено дека по течението на реката Вардар во Долно Лисиче, пловел човечки труп, кој малку подоцна бил извлечен од водата од страна на противпожарната единица Скопје.
Од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, соопшти МВР.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и известен е Јавен обвинител по чија наредба телото е предадено за обдукција.
Црна хроника
Скопјанка натепана од поранешниот партнер среде бел ден во парк

40-годишна скопјанка пријавила дека вчера околу 14.00 часот во парк на подрачјето на Центар, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен вонбрачен партнер В.М..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Грк почина во казино во Гевгелија

Синоќа во полицијата е пријавено дека во казино од хотел на подрачјето на Гевгелија, Г.З.(67) од Грција се струполил на подот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, соопшти МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.