Топ
Кривична против раководителката во Центарот за вработување, од службена картичка потрошила над 10.000 евра

Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал (ОСОСК) до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против Слободанка Алексовска, која како поранешен раководител во Центарот за вработување при Агенцијата за вработување од службената картичка за сопствени потреби потрошила 10.325 евра. Таа се товари за злоупотреба на службената положба и овластувањето.
„Пријавената го сторила кривичното дело во својство на службено лице од позиција на раководител, при што во периодот од 1.1.2014 до 30.4.2017 злоупотребила и ненаменски искористила парични средства од благајната на Центарот за вработување при АВРМ, кои биле одобрени за службени потреби и репрезентација на Центарот, а таа со намера за себе да прибави корист, злоупотребувајќи ја својата службена положба и пречекорувајќи ги границите на службените овластувања, вршела набавки на стоки и услуги за свои лични потреби, а не за потребите на службата“, се наведува во соопштението.
Алексовска му нанела штета на буџетот во вкупен износ од 635.065 денари (10.325 евра).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Георгиев си го штити претседателското столче, критики прима само за судиите кои застаруваат предмети

За новиот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев непријатни се укажувањата од страна на холандскиот амбасадор, кој го нарече советот нелигитмно тело. Георгиев вели дека советот работи според законот и уверува дека со ништо не е прекршен. Тој ги повика надлежните инстиуции доколку имаат сомнежи за нивната работа веднаш да ги истражат.
„Ќе потенцирам дека во целата оваа состојба работиме според закон, ве уверувам дека нема прекршување на законот, нека надлежните инстиуции ако имаат сомнеж, спомнуваа во јавноста некакви коруптивни елементи ве молам за тоа има надлежни инстуции нека испитуваат“ вели Георгиев.
Тој се согласува дека во нивната работа има и бројни забелшеки, особено немањето на разрешница за голем број од предмиетите на поранешното СЈО.
„Ги повикувам судовите и судиите, апсолутно мора да посветат внимание особено на тие сензитивни предмети, да имаат конечна завршница. Ствараме недоверба кај граѓаните, каде што некои предмети застаруваат тоа е реален проблем и тука се согласувам и со амбасадорот и тука мора да се понесе одговрност, а ние како судски совет ако мораме да ги следиме тоа ни е надлежност да ги следиме“ нагласи Георгиев.
Тој додаде дека досега немал средба со холандскиот амбасадор но дека ќе иницира во најскоро време, за да разговараат за замрзнувањето на холандскиот проект и продолжување на соработката. Не се согласува со изјавите на амбасадорот дека претседателот на Судски совет е избран на колегиум и смета дека и разрешувањето на неговата претходничка Весна Дамева и неговото назначување за претседател на Советот биле спроведени законски.
Холандија стави во мирување проект поврзан со Судскиот совет, а амбасадорот во земјава Дирк Јан Коп упати остри критики покрај за судството и за борбата против корупцијата.
Македонија
Намалена затворската казна на Марјан од „Доказ М”, за делот за уцените ќе се постапува одново

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство ја одби како неоснована, а жалбите на обвинетиот М. С. делумно ги уважи. Обвинетиот М. С. го осуди на единствена казна затвор во траење од (2) две години и (6) шест месеци и на глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност – 308.450,00 денари.
На обвинетиот М. С. од С. му се изрекува и забрана за вршење професија, дејност или должност поврзани со кривичните дела, односно забрана да врши регистрација на домени и да се јави како регистратор или сопственик на портал за време од (6) шест години и престанок на регистрацијата на сите регистрирани домени во кои обвинетиот се јавува како сопственик на портал.
Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје во делот за кривичното дело уцена е укината и предметот во тој дел е вратен на првостепениот суд на повторно судење од причина што првостепениот суд не ги утврдил со сигурност решителните факти кои се од влијание за правилна примена на материјалното право по однос на елементот од битието на кривичното дело уцена.
Македонија
Ќе одговара ли и битолчанец за претепувањето на Пендиков, новопечениот Бугарин му открил детали на обвинителот

Новопечениот Бугарин Христијан Пендиков само што дошол во Охрид отишол во Обвинителството за да направи препознавање на второто лице, кое наводно го натепало поради етнички причини. Тој пред обвинителот објаснувал какви повреди добил, по кои делови од телото го удирале, како и кои биле последиците од постапувањето на вториот осомничен.
Станува збор за засебна постапка, која се води против битолчанец на возраст од 23 години.
Од Обвинителството за „Макфакс“ велат дека и во овој случај Пендиков има својство на оштетен. Повеќе детали не се споделуваат, а приказната што Пендиков ја раскажа во Обвинителството утре ќе треба да ја соопшти и пред судија.
Според првичните информации, битолчанецот се сомничи дека сторил кривично дело тешка телесна повреда, а за него се бараше да се определи мерка за обезбедување присутност. Доколку исказот на Пендиков содејствува со доказите што се обезбедени од Обвинителството, меѓу кои и снимката од тепањето, тогаш младиот осомничен битолчанец ќе седне на обвинителна клупа.