Црна хроника
Лишени од слобода две лица, уценувале скопјанец со видеа со експлицитна содржина
Денеска полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје во координација со ОЈО Скопје ги лишија од слобода Т.С.(18) и С.С.(46) од Скопје (син и татко) поради основано сомнение за сторено кривично дело „уцена“.
На 20.05.2023 Т.С. побарал од 21-годишен скопјанец пари заканувајќи се дека доколку не му даде пари, ќе објави видеа од 21-годишниот скопјанец со експлицитна содржина. Оштетениот на 23.05. му дал пари на Т.С., но тој потоа продолжил со јавувања и барал уште пари, по што оштетениот го пријавил случајот во СВР Скопје.
Откако на оштетениот му се дадени претходно крим технички обработени пари, тој се договорил со Т.С. парите да му ги предаде пред трговски центар на бул. „К.Ј. Питу“. Т.С. дошол заедно со својот татко С.С. и откако ги земале парите, веднаш се лишени од слобода од полициски службеници од ЕНК при СВР Скопје и во службен разговор го признале кривичното дело. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.

